ripce -> RE: Помош после породувањето (3.2.2010 19:09:28)
|
На новите мајки им е потребна помош За многумина светот комплетно се менува тогаш кога бебето ќе се роди. Но, мајката се наоѓа во најлошата кондиција во нејзиниот живот. Емоционално се е слично. Но телото на мајката се сеќава на непријатноста во доцната фаза од бременоста што предизвикала лишување од добар сон дури и пред породувањето воопшто да почне. Бремената жена можеби и немала доволно сон во последниот месец и повеќе пред породувањето. За жената што се породува со само 3 часа константна болка и напрегање, се смета дури и дека имала чудесно кратко породување. Осумнаесет до 20 часа и не е невообичаено траење на едно породување, а се случува и подолго од 24 часа. Не треба да се изуми дека сето тоа и се случува на жена што претходно имала проблеми со сонот. Во многу семејства од нашата средина жената се уште се смета задолжена за готвењето, па ако таа поради бременоста мора да мирува и не може да готви, веројатно е дека и исхраната и била несоодветна. Митовите за мајчинството придонесуваат општеството да очекува од жената да стартува со таква кондиција и да издржи напор во текот на следите месеци. Дури и кога сопругот е подготвен да помогне, потребата за доење на бебето постојано го нарушува сонот на мајката. Модерното општество очекува од жената да продолжи со радост и елан, наместо да биде исцрпена и дури имплицира дека таа е губитник ако побара помош. Тоа е нерационално, но и сурово. Како што секој родител знае, првиот пат кога бебето ќе спие цела ноќ тоа е навистина посебен настан и олеснување. Спиењето цела ноќ се уште може да биде реткост што се случува одвреме-навреме. Од друга страна, човековото тело бара целосно надоместување за секој еден час спиење што бил изгубен. Плашењето од овој енормен дефицит на сон може да трае со месеци. Решение на проблемот постои. Бебето бара константно внимание. Но, неразумно е да се очекува мајката да одговори на сите негови барања. На мајката и е потребен сон, одмор и обнова на силата. Затоа се јавува како неопходност потребата од помош од роднините и пријателите. Тоа е токму она што одамна го знаеле и применувале нашите предци. Потребите на мајката, како и на новороденчето, се медицински докажани. Сепак, понекогаш како да се превидени од општеството. Ова посебно се однесува на самохраните мајки, кои ја немаат помошта од сопругот, а честопати ниту од неговото семејство. Понекогаш тие се отфрлени дури и од сопственото семејство. Но дури и во семејства во кои бебето има два родитела, понекогаш се губи од вид потребата од помош. Таткото, воден од потребата да биде "снабдувач", оди на работа, се труди да заработи што повеќе, работи прекувремено. Мајката, која често е сама со бебето, почнува да манифестира знаци на стрес. Во оваа ситуација околината често настапува со мислата: "Што се случува? Па таа треба да чувствува радост и исполнетост". Така мајката сега чувствува вина, а не само изнемоштеност. Постои уште еден проблем. Се уште нема доволно сознанија за влијанието на бременоста и породувањето врз жената. Големите хормонални промени што се случуваат во овој период кај некои жени имаат само благ ефект, а кај други дури би рекле и опустошувачки ефект. Зошто постои таква разлика во реагирањето - не е познато. Но сигурно е дека не се работи за моралниот лик на жената или за нејзината "вредност". Се работи за биолошки факт дека некои жени страдаат повеќе од другите. Должност ни е да го прифатиме тој факт, а не да им судиме на мајките. Ако ја обезбедиме помошта што им е потреба на мајките, тогаш ние им помагаме и на нивните деца.
|
|
|
|