blond -> RE: Помош после породувањето (11.12.2011 0:47:26)
|
Оф. Кога ќе ми текне на овој период (после породување) се ежам [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]. Бев правена царски. На третиот ден ме пуштија дома. Јас едвај стоев, едвај се движев сама, а пак како со дете во рацете [sm=zmeden.gif] ми плус прворотка ?[sm=zmeden.gif] Многу очекував да имам помош од свекрва ми бидејќи сме во една куќа. Но се излажав, гадно се заебав што го очекував ова од неа. Јас уште кога си дојдов дома првиот ден, сама го гледав [sm=duda.gif]. Само јас си знам како ми беше. Едвај станував од креветот, одев подгрбавена бидејќи многу ме болеше раната. И пиштев на мајка ми на телефон и жената зеде боледување од работа и дојде да ми помогне една недела, повеќе не можеше (бидејќи живееме во различни градови). Ми помогна од осмиот до петнаесетиот ден по пораѓајот. Е потоа маките станаа поголеми, [sm=duda.gif] стана полошо т.е почнаа да го фаќаат грчеви, додека му го ујдисавме лекот пројде доста време, деноноќно ми беше во раце. Среќа помош имав од золва ми и од нејзината ќерка иако е млада, сепак супер се снајде со бебето.Доаѓаше золва ми колку што може, преку еден ден, а понекогаш и неколку дена последователно доаѓаше, а ќерка и секој ден по 1-2 часа најмалку седеше и ме дружеше. Јас сама си го бањав [sm=duda.gif] после една недела од породувањето. Мм знаеше понекогаш да го успие за јас да земам сила и да дремнам малку. Единствена работа што свекрва ми ја правеше беше ручекот. Ама секако и претходно таа си готвеше (нели снаата не знае да готви добро, па ете она готвеше за сите). И кога мм ќе си дојдеше од работа, наместо да јадев јас со него, јас тогаш го чував [sm=duda.gif] , свекрва ми си тераше нејзината работа по дома, па потоа мм ќе го чува [sm=duda.gif] за да јадам јас. Успевав да испеглам и исперам кога золва ми доаѓаше. Плус е тоа што на почетокот перев на рака (нели маубети од сите, не се перело во перална бла бла бла, требало се на рака-ова совет од свекрвата будала јас што ја послушав[sm=hudicek1.gif]). Леле, многу имам да пишувам за ова "помош" и помош после породувањето. Се ќе простам, се ќе заборавам. Само нема да и заборавам што кога мене ми беше најтешко, она не доаѓаше две минутки да ме виде дали сум жива, дали е добар малиот. Се качуваше само кога мм беше дома (да се покаже дека е грижлива баба ) или кога плачеше навечер и само зборуваше: "Зошто плаче, зошто плаче?" Па не знае да збори и да каже зошто плаче, нели? Ох кога ќе се сетам какви потешкотии имав, ми се плаче [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif] [sm=smiley19.gif] На човек му треба помош кога му е тешко, кога е во мака,неволја, а не кога се подмачкано. Ама има Господ. На золва ми да и ги позлати рацете и доброто срце што го има... Исто и на внука ми. Мајка ми секако да не ја заборавам што еве ден денес речиси секој викенд доаѓа на ден-два на гости. А тие што ме гледаа само од страна како се мачам... нека ги стигне соодветната "награда" [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|