|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Свински грип
12.12.2009 11:04:20   
Bogdancanka
Дневно мени од д-р Љубомир Пфаф

Појадок - Најдобро е да се јаде 100 до 150 грама црн леб, млеко, јогурт или кисело млеко, но не обрано, бидејќи тоа не ги содржи А, Д, Е и К витамините, кои исклучиво се растворливи во животинските масти. Значи треба да се консумира млеко и јогурт од 2,8 до 3,6 проценти масленост и тоа околу 200 грама. Исто така добро е да се земе 100 до 150 грама младо сирење до 10 отсто масти и 50 до 100 грама шунка (може две белки, за тие кои имаат зголемен холестерол). Потоа задолжително да се консумира 200 грама овошје.

Ужина 1 - Околу 11 часот да се земе 250 до 300 грама овошје

Ручек - Не мора супа или чорба, но задолжително е да се јаде околу 200 до 250 грама месо. Без оглед што времето е студено, месото никако не треба да биде масно, а дозволени се сите видови, дури и свинско. За ручек треба да се јаде зелен зеленчук во вид на салата.

Ужина 2 - Околу 17 часот треба да се земе од 200 до 300 грама овошје - може круши, јаболка и банани, иако најдобро е да се земат портокали и мандарини.

Вечера - Зависно од тоа колку сме се истрошиле, се препорачува млечна вечера со парче леб, месо и зеленчук.

- Киселата зелка е најдобра бидејќи содржи витамин Ц, па за ручек или вечера треба да се направи салата од 100 до 150 грама кисела зелка и на тој начин целосно ќе ги задоволите потребите на дневна доза со Ц витамин.

- Од течности треба да се пијат овошни сокови, негазирани, без додаток на конзерванси и шеќер.

- Заблуда е дека треба да се пие варена ракија и вино. Вирусите не умираат во алкохол, туку само бактериите и тоа во одреден процент на алкохол кој се употребува во здравствените институции, а кој е невозможно да се внесе во човечкиот организам бидејќи директно ќе предизвика пореметувања.

- Задолжително, најмалку 30 до 40 минути се препорачува прошетка во природа, а ако се наоѓате во затворена просторија, често да се проветрува.



еве некои препораки какво да биде нашето дневно мени во борба против снинскоит грип


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот nadalina)
Непосредна врска до пораките: 251
   RE: Свински грип
12.12.2009 11:24:49   
oli_naum
Bas mi e milo Nadalina sto se pominalo vo red!user posted image Znaci najbitno e navremeno da se odi na doktor ako se osetat nekoi simptomi.

(Одговор на членот nadalina)
Непосредна врска до пораките: 252
   RE: Свински грип
13.12.2009 20:04:41   
April
ДО КАДЕ ЌЕ ОДИ СВЕТОТ???

По свинскиот стигнува и козјиот грип, шест починати
Необичното брзо ширење на козјиот грип меѓу луѓето во Холандија, ги вознемири тамошните здравствени власти, пренесоа светските агенцииХоландската влaда издала соопштение во кое соопштува дека ќе бидат вакцинирани сите кози и овци во државата против козјиот грип, заради заболувањето од него од чии последици веќе починале шест лица, пренесе Associated Press.
Козјиот грип е ретка болест која може да се пренесува од човек на човек и најчесто предизвикува симптоми исти како и грипот.
Се проценува дека во Холандија веќе околу 2.300 лица се заразени со овој козји грип оваа година. Минатита година нивната бројка била илјада, а во 2007 г. имало само 168 зразени лица.
Холандскиот министер за земјоделие потврдил дека со вирусот се заразени од 55 до 385 фарми и тоа најмногу околу градовите Ајндховен и Тилбург. Според Dutch News, се претпоставува дека станува збор за 15 до 20 илјади животни, претежно кози, кои најверојатно ќе бидат убиени.
Портпаролката на холандската организација за заштита на здравјето, Роел Коутино, изајвил дека епидемијата на козјиот грип е последица од брзото и нагло ширење на козјите фарми.
„Во Холандија во 1995 г. имаше вкупно 7.600 кози, а сега ги има повеќе од 350 илјади. За жал, бројката многу ќе ја намали епидемијата на козјиот грип“, изјавил Коутино.
Козјиот грип или грипот Q ги напаѓа овците и козите, а може да мине од животно на човек. Ја предизвикува бактеријата coxelia burneti која се појавува кога ќе дојде до спонтан абортус кај животните.
Симптомите на козјиот грип се тешки главоболки, потење, треска, болки во мускулите, забавен пулс и изнемоштеност. Акутната болест трае до 14 денови, а кај заболените од хроничниот козји грип глзвниот симптом е заморот. Болеста може да предизвика и проблеми на дишните органи и на срцето.

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 253
   RE: Свински грип
14.12.2009 11:55:49   
profesorica
што е оваа работа??? до вчера никој не беше за вакцинирање.денес сите колегии и комшии тука на работа викаат ќе се вакцинирале???????

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 254
   RE: Свински грип
14.12.2009 11:57:01   
Bogdancanka
а ти Професорица?Ќе се вакцинираш?

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 255
   RE: Свински грип
14.12.2009 12:29:43   
oli_naum
I jas mislam deka sega masovno lugevo ke pocnat da se vakciniraat . im pomina ona deka vakcinte ne se dobri. to e. tuku mene pak me interesira dali ima nekoja trudnica koja e vakcinirana da gi podeli iskustvata so nas. dokolku ima neka napise nesto!poz

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 256
   RE: Свински грип
14.12.2009 13:28:27   
zami
Problemot ne e vo samite vakcini, tuku vo nas odnosno koj e toj sto moze da garantira deka ne e vo period na inkubacija, odnosno deka ne e nositel na virusot.
Ako primite vakcina a veke ste nostel na gripot, e togas moze da nastanat problemite.
Ova vazi za sekoja vakcina.
Ta neli pred da gi vakcinitraat decata so onie redovni vakcini prvo gi pregleduvaat dali se zdravi, i duri i nose da im tece ne im davaat vakcina iako taaa e redovna i se prima na odreden vremenski period.
Na zapad pred da se dade vakcina na dete zadol`itelno se proveruva bris, a vo odredeni slucaevi i krna slika, pa tek togas se dava vakcina.
istoto treba da vazi i za vozrasni.


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 257
   RE: Свински грип
14.12.2009 13:41:39   
Еца
Јас лично нема да го променам мојот став околу вакцинирањето, нема да се вакцинирам. Маж ми нешто спомна демек, а да се вакцинираме? Јас му реков твој живот, твоја одлука, јас не се мешам. Јас можам да одлучувам за себе, а ти за тебе. Така да не сум го прашала што решилuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 258
   RE: Свински грип
14.12.2009 13:44:09   
mami
Ние сеуште стоиме исто на тој став- Вакцинирање- не благодарам..

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 259
   RE: Свински грип
14.12.2009 14:14:12   
big_mama817
татко ми и брат ми се вакцинираа и супер поминаа

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 260
   RE: Свински грип
14.12.2009 14:44:22   
mis.
Имам тетка која живее во Германија и вчера ми јави дека се вакцинирала од свински грип и тоа кај нив било задолжително кај постарите лица.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 261
   RE: Свински грип
14.12.2009 14:47:03   
profesorica
и јас сум против. тука колегава се мисли ама јас го убедувам да НЕ!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 262
   RE: Свински грип
14.12.2009 14:51:28   
nadica
за нас возрасните како така ама што правиме со децата слушнав дека до 36 месеци вакцинацијата ќе била задолжителна user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 263
   RE: Свински грип
14.12.2009 14:52:49   
profesorica
па за него уште повеќе се плашам да го вакцинирам.не сум за вакцинирање...

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 264
   RE: Свински грип
14.12.2009 15:04:06   
Еца
задолжителна? Кој ќе ме натера со сила да ги вакцинирам моите деца? Мои деца, моја одговорност. Кога ќе има документ со кој некој се обврзува дека ќе одговара ако не дај боѕе настанат компликации од вакцинирањето, е тогаш може да ми каже задолжителна, вака, нема шанси. А и тогаш нема да ги вакцинирам, ке потпишам дека сум одбила при здрав разум и тоа е тоа.

До 36 месеци се децата во ризична група па затоа тие имаат предност.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 265
   RE: Свински грип
14.12.2009 20:27:44   
alex_mo
   Да и јас слушнав дека луѓево почнале масовно да се вакцинираат,а од тоа што го даваат на ТВ,само постари лица гледам........а и слушнавте ли дека до сега само 4 трудници се вакцинирале..

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 266
   RE: Свински грип
15.12.2009 14:22:44   
mis.
А овој козји грип што го зборат на телевизија?Слушнал некој за него?user posted image

(Одговор на членот nadalina)
Непосредна врска до пораките: 267
   RE: Свински грип
15.12.2009 14:26:59   
Еца
Да, во Холандија починале веќе 6 лица.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 268
   RE: Свински грип
15.12.2009 14:29:37   
caci20
Covek ne znae sto da misli, ama da se nadevame na najdobro. Kako sto trgnalo so gripovive sto li gi ceka decava. I za toa li ke izmislat vakcina ( za kozjiot) pa zadolzitelno da gi vakcinirame decata?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 269
   RE: Свински грип
15.12.2009 14:33:47   
mother 29
По птичјиот и свинскиот, во Холандија се појавиле и првите знаци од нов грип, козји грип...
Медиумите објавуваат дека 2.300 лица заболеле од тој грип и дека шестмина до сега починале. Козјиот крип или Q грип ги напаѓа овците и козите, а се пренесува од животните и на човекот. Козјиот грип е предизвикан од бактеријата Coxiella burnetii, која се појавува кога има спонтан абортус на кози или овци.

Холандскиот министер за земјоделство потврди дека со вирусот се заразени 55 од 358 фарми и тоа најмногу во градовите Ајндховен и Тилбург. Според Dutch News од министерството е најавено дека заразените овци и кози се убиваат, се работи за 15.000 до 20.000 животни, и тоа повеќето кози.

Симптомите од новиот козји грип се тешки главоболки, потење, чувство на ладно, болка во мускулите, бавен пулс, и малаксаност. Болеста трае 14 дена, а оние на кои ќе ги зафати хроничен грип, можат да бидат заразени и до две години. Кај хроничниот козји грип, главниот симптом е умор.
Болеста исто така може да предизвика проблеми кај респираторните органи и срцето. Сите шест починати имале и други здраствени проблеми. Портпаролот на организацијата за заштита на здравјето Roel Coutinho, рекол дека епидемијата на козји грип е последица на агресивниот и брз раст на козјите фарми.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 270
   RE: Свински грип
15.12.2009 14:48:41   
mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: alex_mo

  Да и јас слушнав дека луѓево почнале масовно да се вакцинираат,а од тоа што го даваат на ТВ,само постари лица гледам........а и слушнавте ли дека до сега само 4 трудници се вакцинирале..


gluposti se ova sto pravat...mnogu go tupat po vestive za svinskiov grip,pa uste  moralno go napravija so vakcinive....mislam zivi gluposti...kako moze nekoj si da me natera da se vakciniram protiv moja volja(ova ocigledno samo vo mk moze da se slucuva ILI MILOM ILI SILOM),kako go pravat ko samo vo mk stigna gripov pa ajde" humanive " ke gi spasuvale lugevo,za stouser posted image da gi opravdaat vakcinive,i na toj sto trebal i na toj sto netrebal samo butaat,stvarno smesni se i banalni,segde vo cel svet se stisa so gripov,samo kaj nas cela god ke go drvat doktorive na nauki....

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 271
   RE: Свински грип
15.12.2009 20:42:54   
April
медиумите се ужас, тотално ни го перат мозокот за свинскиот грип и сл...јас работам во настава и можам да кажам дека изминатите две недели навистина имаше отсутни деца, но и лани и други години овој период отсуствуваат заради мал милион вируси или сезонски грип, еве оваа недела дали има по еден-двајца отсутни...опуштете се и без паника

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 272
   RE: Свински грип
15.12.2009 20:48:00   
ripce
Требало да се вакцинираме против свински грипuser posted image Се појави нов, козји грип и против тој ќе треба да примиме вакцинаuser posted image И против секој нареден што ќе се појавиuser posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 273
   RE: Свински грип
15.12.2009 20:52:54   
mami
Едно прашање- Дали на сите оние на кои им е дадена вакцината, им е претходно земен брис или испитана крвта за да се утврди дека не го носат во моментот во себе вирусот? Зошто колку што знаеме на децата никој не им става вакцина макар и ако им тече нос, а ваму збориме за опасен вирус така?и што ако го имал вирусот, и се случат компликации? КОј е крив?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 274
   RE: Свински грип
15.12.2009 22:49:15   
April

user posted image user posted image
Американските здравствени власти во вторник повлекоа од употреба неколку стотини илјади вакцини против новиот грип А(Х1Н1) кои ги произвела француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Вакцините се повлечени по тестовите, од чии резултати се гледа  дека вакцините не се доволно силни за да ги заштитат луѓето од грипот.
По ваквите резултати Центрите за контрола и превенција повлекле околу 800.000 дози на вакцини. Повлечените дози биле наменети за деца од шест месеци до три години.  Здравствените власти препорачуваат децата од таа возраст да земаат две дози, со пауза од еден месец ..
Тие сеуште немаат податоци за тоа колку деца примиле од овие дози, но сметаат дека децата не треба повторно да се вакцинираат. Делотворното дејство на вакцината се покажало кога била за прв пат откриена, но тестовите покажале дека нејзиното дејство подоцна ослабело.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 275
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?