RE: Свински грип (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


mis. -> RE: Свински грип (9.2.2010 16:09:11)

само што слушнав на вести дека последните 3 дена 2 жени починале од свински грип а нов бран се очекува во март[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Свински грип (9.2.2010 16:10:23)

09.02.2010 14:40


Две жени, едната на четириесетгодишна, другата на дваесет и деветгодишна возраст починаа од новиот вирус А(Х1Н1) во последните три дена. И двете жените немале хронични заболувања.Надлежните препорачуваат, граѓаните да се вакцинираат и да ги следат мерките на претпазливост.„Едногласен е ставот дека и покрај тоа што бројот на новозаболени е драстично намален, сепак останува опасноста од последиците што може да ги предизвика овој вирус“, изјави министерот за здравство Бујар Османи по редовната средба на Комисијата за пандемски грип. Надлежните очекуваат втор бран на грипот во март, а може и да продолжи и во летниот период. Се очекува СЗО наредната година да препорача друга трикомпонентна вакцина.„Една компонентна за новиот грип, една за сезонски и една од Б групата, така што вакцината ќе штити од сите три типа на вирус“, рече претседателката на комисијата за пандемски грип Јованка Костовска.Извор,А1




Палешка РР -> RE: Свински грип (9.2.2010 16:22:07)

Па нормално, нова кампања, да си ги продадат вакцините. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
Жалам за жените кои го загубиле животот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




arh_diz -> RE: Свински грип (9.2.2010 16:22:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Па нормално, нова кампања, да си ги продадат вакцините. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
Жалам за жените кои го загубиле животот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]

Potpis




mother 29 -> RE: Свински грип (9.2.2010 21:44:23)

29 год. жена е од Кочани..навистина починала од тешка форма на бронхопнеумонија,била недела дена со температура,и крајно кога ја пратиле ск. ја ставиле на апарати ама[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] жално ,навистина...денес ми кажаа која е,здрава ,права жена леле
R.I.P. Даре[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




caci20 -> RE: Свински грип (9.2.2010 21:51:49)

А во весник читам вакцините ќе гу чувале за следната сезона




caci20 -> RE: Свински грип (9.2.2010 21:52:56)

Вак ци на против пандемски грип од вирусот А(Х1Н1) досега примиле 17.000 лу ѓе, а земјава во резерва има над 75.000 вакцини кои, како што велат од Ми нис терс тво то за здравство,ќе се чуваат за следната сезона. Меѓу вак ци ни ра ни те, 8.000 луѓе имале претходни хронични заболувања, 5.597 лица би ле здрави, а 23 биле бремени жени. Вакцина против пандемски грип при ми ле 2.523 здравствени работници и над 1.000 луѓе вработени во ин сти ту ции каде што биле повеќе изложени на заразата.
"Вак ци ни те кои не се потрошени, бидејќи тие имаат подолг период на тра е ње, односно рокот им е до 2011 година, ќе се чуваат за следната сезона. Спо ред препораките од Светската здравствена организација, пандемскиот грип станува сезонски, и следната сезона овие вакцини ќе можат да се упот ре бат за заштита од сезонски грип", велат од Министерството за здрав­ство.




ripce -> RE: Свински грип (22.2.2010 7:41:35)

СЗО ќе прогласи крај на пандемијата

Каде исчезна грипот АН1Н1. Во време кога бројот на заболени од вирусот се намалува, а растат резервите на неупотребени вакцини светот го покрена прашањето дали пандемијата беше оправдана.


Деновиве светски епидемиолози на британската телевизија ББС го поставуваа прашањето дали беше потребна паника од неколку илјади заразени во Мексико, град со 20 милиони жители. Тие тврдат дека благодарејќи на стравот од грипот АХ1Н1 фармацевтската индустрија остварила огромни профити. Само компанијата „Новартис" во 2009 заработила една милијарда долари повеќе во однос на истиот период претходната година. Со 80 илјади вакцини кои најверојатно ќе завршат на буниште, големи количини од лекот тамифлу потрошени пари и Македонија е жртва на светската пандемија. Инфектологот Марковски за А1 вели дека со ова на светската здравствена организација и се заканува опасност да го изгуби својот кредибилитет.„Од оваа пандемија СЗО ќе ја изгуби довербата, последиците ќе бидат огромни кон човештвото, не поради бројот на жртвите, затоа што жртвите се помалку од сезонскиот грип, туку поради загубата на довербата кон СЗО и огромните потрошени економски средства кои ќе ги симнат на колена здравствените системи во земјите", рече проф. д-р Вело Марковски.Професорот Марковски кој уште на почетокот тврдеше дека вирусот А1Н1 не е опасен како што се прикажува, вели дека земјава можеше да ги избегне трошоците бидејќи грипот кај нас дојде доцна.Одговорност треба да се бара и во комисијата за пандемски грип која предвидуваше дека пикот од епидемијата ќе биде во јануари, кога бројот на заболени драстично опадна.„Не се сеќавам дека некоја држава толку касно почна да вакцинира како ние. Значи веќе беше јасно дека нема ништо од пандемијата и прекинаа. Да речеме кога една Германија имаше проблем како да ги уништи 55 милиони дози на вакцини кои им останаа, затоа што населението почна да ги одбива вакцините, ние трчавме, правевме тендери и трчавме од кај да купиме вакцини", додаде Марковски.Истрага поведе и советот на европа која ќе треба да покаже дали СЗО била под влијание на фармацевската индустрија. Идната недела се очекува состанок на светската здравствена организација на која ќе се решава дали да се прогласи крај на пандемијата.

извор А1




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 12 [13]