Свински грип (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Еца -> Свински грип (29.4.2009 18:29:59)

Владите во светот брзаат во преземањето мерки да спречат пандемија на свински грип, но и глобална хистерија, во време кога случаи на оваа болест се појавуваат од Нов Зеланд до Европа.

Засега нема глобална пандемија, оценуваат експертите.

Не е јасно колку луѓе имаат мутиран вид на вирусот свински грип и зошто во сите земји, освен Мексико, има полесни случаи на заболени.

Исто така не е јасно дали новиот вирус е високо заразен.

Експертите, сепак, предупредуваат дека ќе биде предоцна ако во преземањето чекори за заштита се чека да биде прогласена пандемија.

Луге,дали оваа ситуација ве заплашува помалку? Искрено мене да!




fibimk -> RE: Свински грип (8.5.2009 22:09:18)

Mislam deka e vestacki napraven virusot...kako sto navedoa kombinacija od svinski,pticji i covecki.Pusten e od nekoja labaratorija za da se dobie antivirus.......sve e ova igra za da moze nekoja farmacevtska kompanija da specali miljardi dolari za lekot.....Mislam deka ja imaat kontrolata vrz nego vo pogled na sirenjeto.....ama ako im mutira e toa ne znam..Gospod na pomos da ni e togas!
Jas ne se plasam iskreno......




Јасминка -> RE: Свински грип (5.11.2009 22:26:32)

Еве што добив денеска на e-mail, мислам дека е корисно (го пренесувам во оригинал):

"
Сопрете го свинскиот грип- ослични совети.
Dr. Vinay Goyal,светски авторитет на подрачјето во нуклеарната медицина со повеќе од 20 годишно искуствоподели неколку ефикасни упатства за кои недоволно се зборува.
Советите на dr. Vinaya особено се корисни поради глобалната епидемија која едноставно не може да се спречи и да се избегне контакт со вирусот H1N1. Без разлика на мерките кои ќе се превземат голема е веројатноста дека ќе дојдете во контакт со вирусот. Самиот контакт не е проблем, туку проблем е да се спречи да оживее во телото и да не направи болни.
Вратата преку која вирусот влегува во нашето тело се носот и устата. Додека сеуште сте здрави и немате никакви симптоми на инфекција од H1N1 вирусот, можете да превземете некои едноставни чекори за кои недоволно се зборува во службените упатства. Ефектот од превентивата за жал се нагласува многу помалку од "ефектот" на лекувањето со Тамифлу.

Затоа:
1. Често мијте ги рацете (за ова доволно се зборува, но не е лошо да се повотори).
2. Hands-free пристап. Воздржете се да чепкате по било кој дел од вашето лице. Потрудете што помалку рацете да ги доближувате до лицето(секако освен кога јадете, се миете, бањате).
3. Два пати дневно направете гаргара во устата со топла вода во која сте ставиле сол. Вирусот на H1N1 му треба два до три дена од првичната инфекција на грлото и носот да заживее во телото и да почнат карактеристичните симптоми. Обиучната гаргара навистина може да го спречи развојот на болеста. Оваа постапка со солената вода го има истиот ефект на здравиот поединец, како што Тамифлу го има врз заболениот. Немојте да го потценувате овој едноставен, ефтин и моќен начин на превенција од болести.
4. Слично како што ја чистите устата, тоа треба да го правите и со носот барем еднаш дневно со топла солена вода. На едноставне начин силно издувајте го носот и избришете ги двете носници со памукче кое сте го натопиле во топла солена вода.. Лесно се прави, а многу е значајно.
5. Поттикнете го имунитетот со храна богата со витамин Ц, Тоа се однесува на цитрусното овошје. Ако земате Ц витамин во таблети, земајте и цинк, за да да се подобри апсорбцијата.
6. Пијте што поголема количина на топли напитоци (чаеви, кафе, какао). Пиењето на топли напитоци има скоро исто дејство како и гаргарата само во спротивна  насока. Тоа ги ги испира живите вируси од грлото во желудникот каде не можат да преживеат и не можат да не разболат.





delfinka -> RE: Свински грип (5.11.2009 22:31:50)

moze sum nedovolno informirana no me interesira dali vo mk ima svinski grip
utre vnuceto moe ke gi nosat na sistematski pregled a edna prijatelka sto ima isto detence vo istoto skolo razbrala pa deka ke gi nosat navakciniranje protiv grip
moite domasno ne se informirano za toa pa moze e nedorazbiranje i ve molam pisete dali imate cueno deka gi vakiniraat decata vo skolite ili stanuva zbor za rutinski pregled
nemozam da docekam do utre




BEBICA -> RE: Свински грип (5.11.2009 22:37:29)

Samo za informacija ova ne e srpski jazik tuku hrvatski.A jas utre ke postavam post za svinskiot grip koj vo Srbija e veke prosiren na 260 osobi tri veke se pocinati a vo poslednite 7 denabrojot seima zgolemeno na 50 zarazeni.
Ucilistata se zatvoreni ne se znae do koga.




mami -> RE: Свински грип (5.11.2009 22:38:55)

па не сум искрено упатено во тоа што се случува во земјава по тој повод, но, мислам дека ако ги носат на вакцинирање против било што, а особено грипов тогаш прво би им кажале на родителите




Mila na mama -> RE: Свински грип (5.11.2009 22:52:53)

Делфинка, во РМ сеуште не е започнато вакцинирањето против свински грип. Одат на редовен систематски најверојатно.




BEBICA -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:00:20)

Dosega se zabelezhani samo 13 sluchai na zaboleni lugje vo svetot koi bile otporni na glavniot antivirusen lek
Prviot sluchaj na svinski grip kojshto e otporen na lekot "Tamiflu" e zabelezhan vo Pert. Zaboleniot, 38-godishen mazh od Pert, so oslaben imunoloshki sistem, razvil otpornost sprema virus na lekot otkako na pochetokot odgovaral pozitivno na terapijata so "Tamiflu".

Od Ministerstvoto za zdravstvo velat deka nemaat dokazi za toa dali virusot se proshiril i na drugi lugje i dali rizikot nema da se prenese na poshirokata javnost. Dosega vo svetot se zabelezhani samo 13 sluchai na zaboleni koi bile otporni na glavniot antivirusen lek "Tamiflu".
Na pacientot vo Pert mu bile dadeni i drugi antivirusni lekarstva i toj povekje ne e inficiran, no seushte se naogja vo kritichna sostojba na intenzivna nega.
Shto se odnesuva do prvata vakcina protiv svinski grip koja naskoro treba da zapochne da se proizveduva vo Avstralija, proizvoditelotCSL veli deka edna doza kje bide dovolna za zashtita od virusot. Kompanijata gi objavi prvichnite rezultatiti od testiranjeto na 240 vozrasni dobrovolci na vozrast od 18 do 64 godini.
Pretstavnikot na CSL, D-r Dejvid, istaknuva deka edna doza po chovek bila dovolna zashtita za 97 otsto od vozrasnata populacija. Spored planot za otpochnuvanje so vakcinacijata protiv svinskiot grip, prvo kje se podlozhat na preventivna zashtita hronichnite bolni, bremenite zheni, zdravstvenite rabotnici i domorodnoto naselenie.




Еца -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:06:34)

Не мислев ништо лошо кога кажав дека постовите во иднина треба да бидат на македонски јазик, и бебице воопшто не е битно дали е на српски, хрватски или бугарски, мојот мајчин е македонски и не мислам сега да расправам околу тоа на кој јазик било напишано. Јас го преведов постот, но убаво ве замолувам постовите во иднина да бидат на македонски јазик. Уште еднаш ќе кажам дека секоја информација е многу важна, секој ваш пост исто така, но молам за разбирање и за правилата кои и нам некој ни ги наметнува. Уште еднаш јавно се извинувам доколку навредив некој, јас само го исполнувам она што мене ми е наредено. Благодарам за разбирањето.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




nadica -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:12:44)

mnogu sum neinformirana pa ve molam da mi objasni nekoj ako znae

дали има во мк доволен број на вакцини?
кој се ќе биде вакциниран?
колку чини една вакцина?
како ќе се спроведува вакцинирањето?

има уште нешто но за сега толку поз и благодарам на тој што ќе ми одговори




nadica -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:15:33)

дали и мали деца се вакцинираат?
која е возрасната граница?...




Еца -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:25:37)

Најнова информација, извор "Нова Макеоднија"

Вакцинацијата против новиот грип А/Х1Н1 ќе почне во втората половина на месецов, а вакцини први ќе добијат бремените жени и хронично болните     
Дотогаш, здравствените власти апелираат граѓаните да внимаваат на хигиената, да киваат и кашлаат во шамиче и веднаш да се јават на лекар доколку добијат симптоми на грип.

- Додека стасаат ветените 100.000 дози вакцини треба да се продолжи со превентивните мерки што ги наложи Светската здравствена организација за да се спречи голема епидемија - рече д-р Јованка Костовска, претседателка на Комисијата за пандемски грип.

Вакцини ќе се даваат во заводите за здравствена заштита, каде што ќе бидат повикани и хронично болните деца.

- Кога ќе ги добиеме преостанатите количества - 600.000 дози вакцини, во јануари, тогаш ќе може да се вакцинира и по училиштата и организациите - вели д-р Костовска.

Вера Менкова, инспекторка во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели дека продолжува акцијата за контрола на училиштата.

- Генерално, објектите во кои работат детските градинки се во многу добра состојба, значи се почитуваат наредбите на Инспекторатот, обезбедени се течни сапуни, дезинфекциски средства, дури и хартиени ролни за бришење раце - рече Менкова.

Новиот грип, според досегашните сознанија на Светската здравствена организација, најчесто ја напаѓа младата популација за разлика од сезонскиот грип, од кој повеќе заболуваат постари и изнемоштени лица. Во Македонија од сезонскиот грип годишно заболуваат меѓу 10.000 и 20.000 луѓе. Симптомите на сезонскиот и на новиот грип се слични - зголемена температура, болки во мускулите и општа слабост. Поради тоа лекарите препорачуваат сите лица со такви симптоми задолжително да се консултираат со лекар. Во Македонија досега се регистрирани 47 лица заболени од А/Х1Н1.




Mila na mama -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:34:24)

За бремените жени баш и не се препорачува вакцината зашто не се сигурни какви ефекти може да има врз плодот.
Инаку прво ќе ги вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал. Баш ме интересира дали има лекари кои јавно ќе речат дека не сакаат да се вакцинираат.




nadica -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:42:12)

во англија веќе се вакцинирани сите кои работат во болница девер ми е компјутерски инжинер па пред 10ина дена го вакцинираа и против обичен и против свински грип

затоа прашувам бидејќи и свекор ми и свекрва ми се во болница а мм во училиште па се плашам дека дома ќе донесат некоја бактерија

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ?
бидејќи од обичен грип чини 400ден и требаат врски за да ја добиеш? [sm=zmeden.gif]




mother 29 -> RE: Свински грип (6.11.2009 10:37:20)

во мк има моментално 51 заболен од вирусот!првите 100 000 вакцини ке стасат до 20 ноември,вторите 100 000 во декември ,а последните 600 000 во јануари!по се изгледа дека ке бидат бесплатни.предност ке имат малите деца,старите и трудниците..деца под 10 год ке примаат по една доза!се изјавува дека се безбедни и затрудниците [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]ова етоа  јас што знам!?




BEBICA -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:31:18)

Vakcinata protiv svinskiot grip sodrzi 2 mnogu opasni sostojci-ednata od niv se vika thimerosol. Vo negoviot sostav e 50% ziva. Thimerosol se vrzuva za receptorite vo mozokot, i predizvikuva ostetuvanje na mozokot.

Vtorata opasna sostojka se vika skualene.
Skualene go zalaziva vasiot imuno-sistem za da pocne da gi ubiva vasite kelii, i koj sozdava avto-imuni bolesti kako sto se astma, multipla scelerosis,dijabetes i mnogu drugi.

Apropo na ova: Navedenite sostojki se naogaat vo SEKOJA vakcina poradi toa sto tie se konzervans na vakcinata.


Od druga strana:Vakcinata protiv sezonskiot grip vo sebe sodrzi H1N1, a vakcinata protiv svinskiot grip sodrzi AH1N1.
Ova momentalno go doznav i odma da go prevedam.Ova se doverlivi podatoci zatoa ne smeam da go kazam izvorot.





mother 29 -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:44:25)

Тимеросол е живино соединение кое се користи како конзерванс во многу вакцини, како и во вакцината против грип. Тимеросолот во комбинација со ММР вакцината може да биде многу опасен.




Enika -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:48:20)

i kakva e ovaa vakcina so sodrzi opasni materii?????mislam ja rv pat citam za opasnive sostjki na vakcinata protiv svisnkiot grip nikoj ne izlego da kaze neso!!!vie bi ja primile?koj se side effects od nea?




srekna mama -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:49:19)

мислиш МПР




mother 29 -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:49:38)

е мила, па тоа е токму ..вечната дилема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]меч со две острици![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:50:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna mama

мислиш МПР


ММР (против сипаници, заушки и рубеола)





srekna mama -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:52:17)

морбили,паротит и рубеола или на англиски measles, mumps and rubella




mother 29 -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:54:37)

епа тоа mmp(ММП) ne e skratenica od angliski ili?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:55:19)

истото го кажувате и двете МПР е на мк а MMP на латиница.тука сте[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




srekna mama -> RE: Свински грип (6.11.2009 12:57:22)

од англиски е,ама кај нас на македонски е мпр.Се работи за исто,ама нели па говорете македонски(иако тоа е на латински)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>