|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Свински грип
6.11.2009 12:59:03   
BEBICA
E mamicki moi jas do vcera bev ZA da ja vakciniram Monika so ovaa vakcina protiv svinskiot grip, no otkako denes go dobiv ovoj tekst kosata mi se digna, prebledev.
Sto e najtragicno pri primanje na ovaa vakcina koja ke bide obavezna ke se potpisuva deka ti se slozuvas za nea i deka ako ima nus pojavi nesakano dejstvo farmacevskata kompanija ne ja prevzema odgovornosta, tuku odgovornosta paga na onoj sto ja prima.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:02:58   
mother 29
Јас знам дека сме тука ,ама да не се факаме за влакно ,ви се молам,кога има друго поважно,
ете на пр. дали да ги вакцинираме децата или не ?
има многу факти ...за и против?

фала

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 13:03:16 >

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:06:42   
srekna mama
катастрофа,човек да незнае што да прави...меч со две острици-дали да се прими вакцина или не....user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:11:08   
mother 29
јас бев категорично против,мегутоа педијаторот на Марко ми сугерираше да се вакцинираме?!user posted image и сега не знам што да правам!?user posted image

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:13:50   
profesorica
mother29 а како ви рече педијатарот-бевте на преглед и чисто онака ви предложи или? 

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:17:10   
mami
Sto e najtragicno pri primanje na ovaa vakcina koja ke bide obavezna ke se potpisuva deka ti se slozuvas za nea i deka ako ima nus pojavi nesakano dejstvo farmacevskata kompanija ne ja prevzema odgovornosta, tuku odgovornosta paga na onoj sto ja prima.


според некоја логика, ако е задолжителна значи тие ја превземаат одговорноста, неможе да биде задолжителна и плус да потпишам дека на моја одговорност ја прима..мене тоа не ми оди баш..како и да е, нема да го вакцинирам Лука, премногу нејаснотии има околу грипот и вакцините и се, ке ризикувам вака

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:17:16   
mother 29
си бев јас лично кај нејзе на разговор!да видам што ке ме советува!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:20:17   
profesorica
и јас не сум за да ја прими Дамјан вакцината ама што повеќе читам за грипот се плашам а од друга страна лоши работи кажуваат и за самата вакцина.незнам што ќе се прави.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:21:10   
srekna mama
и јас сум лекар и разговарав со колешки-педијатри и неможе никој да ти каже со сигурност што е подобро.Ќе се распрашам во завод за здравствена заштита кога ќе стигнат вацните,па ќе видиме што ќе кажат лекарите од таму...

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:39:04   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

сабајле во кола слушав, кога одев на работа,22 месечно бебе умрело во турција ,а еве и кај нас во ск на инфективна ,два нови случаи со симптоми на свински грип.вчера го слушав Бујар и каЖува дека се безбедни дури и за трудници деца под 10 год.ке примиле една доза.
Марко ете го шмрка века недела дена,башка сите во групата во градинка се болни!?се двоумам а?!овие нашиве едно кажуваат(а ете и педијаторот)а на интернет друго!?кој ли е за верување?
ајде кажете нешто што мислите?


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Европа под закана на новиот грип
Се остваруваат предвидувањата на Светската здравствена организација за пандемија на свинскиот грип. Во Европа расте бројот на заболени, Украина ја зафати пандемија, а имуни не беа ниту нашите соседи на Балканот.
Во Турција ноќта починаа двајца заболени од свински грип, со што бројот на смртни случаи порасна на шестмина. Последните две жртви се 22-месечно бебе и 14-годишно момче, а уште деветмина болни се во тешка состојба.
Во Турција денеска ќе почне вакцинацијата на персоналот во здравствените установи, по што ќе следуваат и ризичните групи.
Два смртни случаи во изминатите неколку денови пријави и Грција. Од новиот вирус починале 16-годишна девојка и 42-годишен маж.
Властите уверуваат дека нема опасност од проширување на епидемијата, но во голем број училишта е прогласен одмор поради грипот.
Во Романија под карантин е ставен хотел, откако кај 40 студенти кои присуствувале на меѓународна конференција се регистрирани симптоми на новиот грип од средна до тешка форма.
Вирусот се проширил од португалска студентка која одбила да биде хоспитализирана два дена откако и било потврдено дека е инфицирана.
Во хотелот престојувале 260 студенти од 31 европска држава. Романските власти се обидуваат да ги идентификуваат луѓето кои имале контакт со заразените.
Во Србија, 50-годишен маж од Чачак заразен со новиот грип е хоспитализиран и е во тешка состојба, на апарати за дишење.
Во Украина, по итниот апел за помош на претседателот Виктор Јушченко до САД, Европа, НАТО и соседните земји, веќе пристигнаа 300 илјади дози тамифлу кои ќе им помогнат на Украинците во борбата против епидемијата.
Премиерот Јулија Тимошенко, пак, го ограничи движењето и го забрани собирањето поголеми групи граѓани.
Поради грипот и проблеми со дишењето во Украина само изминатата недела починаа 60 луѓе.
И во Македонија се преземаат засилени мерки за да се спречи проширување на епидемијата - училиштата од денеска ќе бидат под контрола на санитарни инспектори кои ќе проверуваат дали се почитуваат мерките за заштита.
Земјава има нарачано 800 илјади вакцини против вирусот кои треба да пристигнат месецов, по што веднаш би почнало вакцинирањето.
Се уште не е познато дали грипот е потврден кај двајцата хоспитализирани со симптоми на Клиниката за инфективни болести.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Грчеви поради вакцина против грип
Дваесет и петгодишната американка Десире Џенингс од Вирџинија не може мирно да стои ниту да седи поради грчеви на мускулите што ги добива секогаш кога се обидува да направи некое движење.
Девојката која била професионална навивачка до неодамна била потполно здрава, а проблемите се појавиле откако ја примила вакцината против грипо.
Ова целосно ми го уништи животот. Единствено што сега можам да правам е да трчам-рекла Десире.
Збунувачки е што кога се обидува да оди или да трча внатре во куќата сите симпотми се губат.
Докторите потврдиле дека станува збор за многу ретко невролошко пореметување. Единственото решение што тие и го препорачале е ботоксот , кој повремено ги замрзнува мускулите.
Шансите за вакво нарушување како резултат на вакцината се една во милион но сепак постојат, кажале докторите но сепак ги охрабриле пациентите да не се откажуваат од вакцината.


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

леле а нели и за србија викаат имало многу случаи.....леле искрено незнам што да се прави!!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

е ајде сега одлучете?!



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:41:42   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

САД ја одобри новата вакцина за А Х1Н1
Американското министерство за здравство ја одобри новата вакцина за свински грип, долгоочекуван чекор со оглед на тоа дека владата во САД сака да почне со вакцинацијата наредниот месец.
Министерот за здравство Кејтлин Себелиус соопшти дека ограничени количества од лекот ќе почне да се издаваат на почетокот на октомври, една недела порано од очекуваното.
До 15-ти октомври треба да бидат испорачани околу 45 милиони дози, а дополнително лекот ќе се произведува секоја недела.
Први ќе го добијат ризичните групи - бремените жени, младите од 6 месеци до 24 години и постарите со хронични медицински состојби.
Вакцината е еднакво безбедна како и онаа за стандардниот грип.

Германците се противат на вакцината против А Х1Н1

Претседателот на германското друштво за општа и семејна медицина Михаел Коен на лекарите им препорача да не ја даваат вакцината против новиот вирус на грипот А Х1Н1, особено не на бремените и децата, бидејќи ризикот од нив е поголем од користа, пренесува денеска германскиот печат.

Во текстот „Бунт против вакцината" неделникот „Шпигл", пред почетокот на масовната вакцинација, истакнува дека лекарите и фармаколозите предупредуваат на ризичните дополнителни супстанции што таа ги содржи.
Критичарите стравуваат дека фармацевтската индустрија намерно спроведува огромен фармаколошки експеримент, го пренесува „Дојче веле" пишувањето на „Шпигл".
Сојузната влада, министерствата и службениците од повисок ранг ќе добијат вакцини што се разликуваат од онаа што е нарачана за обичните граѓани во Германија. Нивната вакцина подобро се поднесува, нема несакани спорадични дејства бидејќи нема бустери (супстанци кои го засилуваат дејството на вакцината), а нема ниту конзерванси.
Весникот „Велт" коментира дека ова сигурно не е охрабрувачка вест за граѓанството, кое и онака не е сигурно дали да се вакцинира или не. Тоа е опасен сигнал што открива дека во земјата постојат две класи. Тоа не потсетува на Орвеловата „Животинска фарма", место каде сите се еднакви, само некои малку повеќе.
Страшното е тоа што се нарачани 200.000 вакцини за избраните највисоките службеници во земјата. На тој начин граѓаните нема да поверуваат, иако на тоа постојано ги уверуваат, дека вакцината против таканаречениот свински грип која треба да ја примат не е опасна.
Сега пораката е јасна - оваа вакцина воопшто не е така сигурна и поради тоа луѓето важни за земјата ќе добијат друга, подобра вакцина.
„За разлика од „Бакстер" вакцината која ќе ја добијат оние што се одговорни за редот и мирот во земјата, масовно ќе се вакцинира со производот на фирмата „ГлаксоСмитКлајн" која има засилувачи", пренесува „Франфуртер рундшау".
Интересно е дека и вработените во „Пол Ерлих институтот", кој ја одобри масовната употреба на вакцината, се наоѓаат на списокот на оние што ќе добијат поинаква, подобра вакцина.

извор а1


е ајде кој е помаметен!?лелел мамички кажувајте?


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

леле се наежив и сега???? ситуацијава со свинскиот грип станува алармантна?јас незнам што да мислам, не сакам да го вакцинирам детето ама кога ќе слушнам вака???


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

и јас сум против ,амА ете вчера др. на Марко,ми рече да се вакцинираме и сега што да правам?!
јас бев цврсто убедена,ама сега кога ми кажа др.  почнав да му ја мислам ЗБУНКА И ЦЕЛА ВО ПРАШАЛНИЦИ????????


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

еве ја изјавата на министерот за здравство


Најновите препораки од СЗО, односно од нивниот стратешки комитет коишто вчера беа доставени, е дека вакцинирањето ќе биде еднодозно за сите над 10 години, додека за тие под 10 години засега ќе се почне со една доза, меѓутоа нема критични докази дека е доволна една доза, така што ќе чекаме уште неколку дена", рече Бујар Османи, министер за здравство.
„Вакцината е безбедна за бремените жени, и покрај шпекулациите по медиумите дека можеби е небезбедна. Денеска е јасно потврдено од СЗО дека нема контраиндикација за бремени жени", додаде Османи.





_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:45:53   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а за деца до 10 години како??колку дози????од кај да знам дека тоа што рекле е точно и дека безбедно  вакцинирање против свински грип



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapsarovb
  1. Како може фармацевтската компанија што ја прави вакцината да има патент за истата во 2005, кога грипот се појави во 2008!? И има за сите видови hXnX вакцини, WTF!?
  2. Каде се свињите што ја прошириле болеста низ Мексико!? - Ги нема...
  3. Цело време викаат дека има болни од свински грип, се шири во незнам какви размери, а веднаш другиот или третиот ден има информации дека не се знае од што се болни и најверојатно од обичен сезонски грип...
  4. Ако еден умрел во една држава за 1 ден од свински грип (и да е од тоа), колку умираат од пушење!?
  5. Свинскиот грип имал скоро исти симптоми како и обичниот сезонски грип (од СЗО), тогаш мислите дека во нашата држава или во некоја друга се прави некаква разлика!? (или дај пиши го свински).
  6. Светската Здраствена Огранизација препорачува да се вакцинираме од свинскиот грип, но не е задолжително.
Без сопствено истражување и потврда, немојте  да превземете некакви чекори за кои што може да зажалите подоцна. Размислете луѓе сериозно и добронамерно ви препорачувам...



ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

уште од самиопт почеток кога се појави грипот ми изгледаше на опасна измишљотина која некоја фармацевтска куќа си ја користи за свои потреби и за сметка на многу животи низ целиот свет, и затоа велам- Не, нема да го вакцинирам, зошто никој не ми гарантира дека после таа инекција детето ке ми остане нормално или дека таа вакцина ке го заштити од грипот...


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

уште од самиопт почеток кога се појави грипот ми изгледаше на опасна измишљотина која некоја фармацевтска куќа си ја користи за свои потреби и за сметка на многу животи низ целиот свет, и затоа велам- Не, нема да го вакцинирам, зошто никој не ми гарантира дека после таа инекција детето ке ми остане нормално или дека таа вакцина ке го заштити од грипот...



Се сложувам со ова и не само што ми изгледа туку верувам дека е така, но невакцинирањето не не заштитува од грипот, ниту од алчноста на  големите фармацевтски куќи. Тие ги држат картите во раце. Ако вирусот е пуштен од лабараторија, за да си ги исполнат своите цели лесно може да го испуштат од контрола и соочени со опасноста од заболување да не натераат да се вакцинираме. Да бидеш паметен, никако неможеш и колку повеќе читаш и се информираш се повеќе збунет излегуваш. И иако сум неверник, ќе се повикам на онаа реченица: „Господ нека ни е на помош" бидејќи веќе никој ништо не ти гарантира.

Овде мене уште никој не ме повикал да ја вакцинирам ќерка ми и веројатно нема да го направиме тоа сеуште, но мм работи на аеродром и доаѓа во контакт со луѓе од целиот свет, дека нема да се зарази од грипов, нема гаранција. Летоска беше хоспитализиран еден кој слета на аеродромот и сите во паника што биле во контакт со него отидоа да примат тамифлу, безбеден или не, со ризици или без, кога си во опасност гледаш да се спасиш.



ИЗВОРНА ПОРАКА: oli_naum

Zdravo na site ova mi e prv pat kade pisuvam vo forumite na ringeraja. Imam 28 godini i sum vo 20 ta nedela. site ovie informacii vo odnos na vakcinite za svinskiot grip me uzasnuvaat. jas  navistina ne znam sto  ke se pravi. Dali trudnicite se bezbedni, dali decata se bezbedni ne znam. Sega za sega ne sum potpolno ubedena deka vakcinite se dobri za da ja primam, a navistina sum zagrizena za sostojbata. Samo da se nadevame deka nema tolku mnogu da se rashiri kaj nas zatoa sto ni vakcina ni lekovi ne ke ne spasat so nasava sostojba vo zdravstvoto. pozdrav do site pa ke kontaktirame.


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: oli_naum
Samo da se nadevame deka nema tolku mnogu da se rashiri kaj nas zatoa sto ni vakcina ni lekovi ne ke ne spasat so nasava sostojba vo zdravstvoto.


потпис!!!



ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ПОСЛЕДНО 51 ЗАПОЛЕНИ ОД ВИРУСОТ.ПОСЛЕДНО СКОПЈАНКА КОЈА НЕМАЛА ДОПИР СО СТРАНСТВО?!


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Добро  луѓе ајде смирете се малку, па и од обичниот грип се умира.Се работи за грип. Нема потреба од паника. Мислам ништо не се постигнува со неа. А колку што слушам нашето здрасрво е подготвено да се справи со овој грип.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Свински грип
6.11.2009 13:56:13   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

i kakva e ovaa vakcina so sodrzi opasni materii?????mislam ja rv pat citam za opasnive sostjki na vakcinata protiv svisnkiot grip nikoj ne izlego da kaze neso!!!vie bi ja primile?koj se side effects od nea?


Ех драга моја Еника секоја вакцина содржи и штетни и опасни состојкиuser posted image тоа е друга тема...она што јас сум сигурна е дцка никој не може да ме натера да ги вакцинирам своите деца и ќе барам да потпишам дека на своја одговорност ОДБИВАМ. Секој со своите размислувања и ставови, но никој мене ништо не ми гарантираuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Свински грип
6.11.2009 14:07:19   
BEBICA
Bravo profesoriceuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image sto site postovi vo vrska so svinskiot grip gi prefrli na edno mesto.
jas naiskreno ne sakav da ve isplasam so mojata informacija za sostavot na vakcinata protiv svinskiot grip.
Od drua stana mami i ostanatite reodvni vakcini gi primaat nasite deca no nikoj ne ti garantira deka ke nema teski posledici, a i od niv ima smrtni slucaevi.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Свински грип
6.11.2009 14:16:53   
mami
Od drua stana mami i ostanatite reodvni vakcini gi primaat nasite deca no nikoj ne ti garantira deka ke nema teski posledici, a i od niv ima smrtni slucaevi.


ама тие вакцини се за нормални така да ги кажам болести- а ова е чиста хемија...и понатаму не коментирам

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Свински грип
6.11.2009 14:21:41   
BEBICA
и понатаму не коментирам


Sigurna si deka nema da komentirasuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Normalni ili ne i od tie bolesti se umira kako i od ovaa samo sto svinskiot grip e mnogu poopasen..



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Свински грип
6.11.2009 14:49:22   
Еца
Еве зошто темите кои се повторуваат се затвораат за да на едно место имаме се, за оваа тема имаме дискутирано на уште едно место затоа постовите ги префрлам тука а таа тема која сумј ја отворила јас ќе ја избришам.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
29.06.2009
По потврдениот случај на свински грип кај 4 годишното момче од Прилеп кое допатувало од Австалија со своите родители, вечерва уште едно 15 годишно момче е на пат кон Скопје со истите симптоми, инаку е на гости во Прилеп, допатувало од Австралија исто така(нема никаква поврзаност со претходниот случај)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Потврдени заболени имаат и соседните земји. Во Србија минатата ноќ се потврдени уште пет нови случаи инфицирани со вирусот на новиот грип, покрај регистрираните пет случаи, во Грција има регистрирано вкупно 73, Бугарија 7, Црна Гора 2, Романија 24 случаи.Во земјава се' уште нема потврден случај на овој грип. Поради сомневање се хоспитализирани десет лица.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Во светот веќе има илјадници заболени од овој вирус, кој само делумно е поврзан со свињите.. и тоа луѓе којшто имале други здравствени проблеми или живееле во услови кадешто соодветна медицинска нега беше невозможна. Од останатите, поголемиот дел се опоравени, значи се пак здрави и никаква штета нема врз нивниот организам.Јас мислам дека новинарите претерано ја креваат тензијата околу оваа работа. Мислам годишно од обичен грип умираат илајдници луѓе.Тоа се најчесто луге кои не се отпорни, стари, луѓе со срцеви и респиратирни заболувања итн.  Па зарем тоа не е смртоносно???



ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Па да ама овој грип им е сега во мода...другото не е интересно секој ден го има, одамна го знаеме, ова ни е ново..мене искрено ме фати мисла еден период да не ми се зарази детето од некаде со тој грип...


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Луѓе и сега што да правам?  Девер ми беа во Грција на одмор со малиот, еве сега се вратиле (порано од планираното) свекрва ми е таму, значи ке се изгушка убаво со нив, и после ке дојде дома. Многу ми е страв да не му пренесат нешто на Лука, се нервирам, па немаат обзир за другите. Му реков на мм дека несакам да ги видам уште една недела, додека помине оној можен период на инкубација, а тој мисли дека се зезам. Досега и не реагирав на ова, ама сега кога потенцијалните носители се толку блиску до мене паника ме фака


ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

najsikreno i mene me faka panika...brat mi ke ide u grcka u sep , mu spomnav za gripot ama mi dade odgovor"abe elena segde ima gripa ako taka gledam ne treba da mrdnam"...epa jas ne bi ama ne e moe dete da kazuvam sto treba...dali nekoj znaemali deca kako go podnesuvaat gripov?...iskreno se plasham


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

lele..da ,strasno bas preska slusav vesti na sitel vo Makedonija do sega registrirani 39 slucai.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

епа страшно бе луѓе, ама што да праам сега, еве ке ми дојде дома кај и да е и што да и кажам- оди си таму да и сдиш цела недела додека не видиме дали се заболени или не?мислам стварно незнам што да правам


ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

без паника, луѓе. и ние бевме во грција, и многу други. човек ако си ја бара бељата ќе си ја најде и во банка, пошта, супермаркет, во скопји или било каде во мк. само позитивно. и онака работава е надувана вон здрав разум. птичји, свињски, или некој иден мајмунски грип се лажги за мали деца на кои некои глобално праљват милијарди профит. зар не гледате дека една иста фирма и прави „тамифлу" и „пронашла" вакцина.


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

abe mislam deka perat pari so prosiruvanjeto i vakciniranjeto ama sepak mi e strav za nadica i sekoj koj ke se zakasla go gledam loso posebno tie koi bile na odmor vo stranstvo




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Свински грип
6.11.2009 19:06:10   
ripce
не е ниту ММР, ниту МПР... туку МРП
М-морбили
Р- рубеола
П-паротит



< Поракaта ја уредил anica -- 6.11.2009 19:08:17 >

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Свински грип
6.11.2009 23:28:05   
delfinka
devojki cuvte sega na vesti kazaa deka vo mk ima nov slucaj na grip
grupa ucenici koi bile na exkurzija se vratile i se somnevaat deka del od niv se zarazeni

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Свински грип
6.11.2009 23:46:27   
Еца
user posted image user posted image кога слушна? user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Свински грип
6.11.2009 23:47:11   
mis.
леле и јас слушнав.user posted image Многу не сум во тек со настаните но оваа почна да ме загрижуваuser posted image Не можеме во карантин да се ставаме па да се заштитиме.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Свински грип
6.11.2009 23:52:18   
Еца
на која тв?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Свински грип
7.11.2009 0:41:17   
Еца
Извор А1 тв.
11 нови случаи заболени од новиот вирус А Х1Н1. Шест од нив се средношколци кои биле на екскурзија во странство. Пет се од угостителското училиште кои што туку се вратиле од екскурзија во Турција, еден ученик се вратил од Будимпешта.

Од четворица ученици сеуште се чекаат резултатите.

Меѓу заболените има и професори и друг персонал. Меѓу заболените, четворица вирусот го добиле овде во земјата. Веќе е евидентно дека вирусот се шири и внатре меѓу граѓаните кои не биле во странство, но поради присуството на вирозите тешко се разликува.


„Имаше поголема група на сомнителни случаи кои во вчерашните часови беа донесени на Инфективната клиника, коишто колективно патувале, тоа се над 30-тина сомнителни коишто се испитуваат и во моментот во тек е испитувањето. Мислам дека околу шест се позитивни во текот на денешниот ден, меѓутоа во тек се испитувањата во Институтот за јавно здравје“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Денеска се состана Комитетот за пандемски грип со кој претседава премиерот Никола Груевски. Констатирале дека системот е подготвен да се справи со пандемијата.

Инфективната клиника е подготвена за да ги прими болните. Ќе се докупуваат респиратори и друга опрема доколку има потреба.

На фармацевтските компании им е наложено да произведуваат повеќе антибиотици, антипиретици, витамини и шприцови. Ќе се активираат стоковите резерви. Од граѓаните бараат да ги почитуваат мерките на хигиена.

„Сите институции коишто имаат одредени надлежности во делот на справување со пандемијата, како што се министерствата, општините, ЗЕЛС, инспекторатите, јавните установи, одредени сегменти во рамки на клиниките како што се дури и руралните амбуланти, матичните лекари, веднаш да ги преземат сите мерки коишто се препорачани од страна на Комисијата за пандемски грип и од страна на Министерството, вклучувајќи ги и обезбедување на материјални и човечки ресурси“, рече Османи.

Иако вирусот најмногу ги погодува тинејџерите, надлежните се уште не планираат да ги затвораат училиштата и градинките.

Вакцината се очекува да стигне кон крајот на месецот. Се уште нема најава дали ќе има дали ќе бидат намалени порачаните количини за Македонија, бидејќи производителот не може да го исполни планот - наместо планираните 2 милијарди вакцини за цел свет, ќе произведе само една милијарда.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Свински грип
7.11.2009 0:48:04   
nadica
немам коментар

незнам што е полошо то што нема вакцини или тоа што грипот се шири многу брзо user posted image user posted image
но сепак ме фаќа паника user posted image сакам да побегнам некаде каде што ќе ја заштитам ќерка ми user posted image user posted image user posted image и да се вратам откога ќе заврши целово фијаско user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 7.11.2009 1:10:41 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Свински грип
7.11.2009 10:07:29   
mother 29
ВО бугарија прогласија епидемија ,од понеделник нема да работат школитеuser posted image аууууууууу сега кога ке надојдат мак.студентиuser posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?