|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Свински грип
18.11.2009 11:27:29   
nadica
така е мамички само храбро нема нешто што ќе не победи со позитивна енергија и добра превентива со лесно ќе поминиме user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Свински грип
18.11.2009 11:27:42   
Еца
Анушке потврдено преку крв, брисеви...? И дали му дадоа тамифлу или некшто друго, дај напиши ни повеќе те молам (ако дозволи госпоѓица Миличкаuser posted image )

user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Свински грип
18.11.2009 12:18:58   
Anushka
Елена, фла ти на убавата честитка. Вака стојат работите:
почна со болки по телотот, па во средина на меше... Со оглед на тоа дека кај него во клас-ЈБТИТО, веќе има едно болно дете, веднаш се слушнав со нашиот доктор. Ми рече да не паничам и да следам ситуација. Потоа ќивна неколку пати, почна грло да го боли. Па глава. Па почна да кашла. Се` беше во ред додека одненадеж не доби висока температура. Докторот сугерираше ако не се симне преку ноќ, веднаш н лекар. Меѓутоа, со Фервекс и со масажи, морска сол во вода, температурата се симна и не се качи (сега за сега). Сепак, примерок од крв беше пратен на Инфективна. Додека чекавме резултати, почна и носот да му тече.... Деновите си минуваа, а кога стигна незултатот дека е позитивен, веќе беше касно за Тамифлу.
Сега, само кашла и му тече нос. Се лечиме со традиционална медицина, и помага!
Инаку, со години наназад, секој ден на децата им цедам за доручек портокали, пијат и Ц1000, и таблети матичен млеч...
Незнам дали тоа помогнало да не биде појака инфекцијата...!?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Свински грип
18.11.2009 12:29:14   
big_mama817
анушке се надевам дека ќе поминете со грипот најдобро што може ви посакувам побрзо оздравување поз user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Свински грип
18.11.2009 12:32:49   
BEBICA
Anuske i jas vi posakuvam pobrzo da ozdravete.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Свински грип
18.11.2009 18:04:18   
Julie1
Слушнавте сигурно дека има веќе починат од Свински грип и кај нас... Навистина ме фаќа страв!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Свински грип
18.11.2009 18:29:13   
ananikol
Anuske,na tvoeto since mu posakuvam poskoro ozdravuvanje

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Свински грип
18.11.2009 23:37:53   
daniel
samo bez panika

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Свински грип
19.11.2009 12:17:57   
profesorica
Прв смртен случај од грипот А (Х1Н1) во Македонија

user posted image Скопје, 18 ноември (МИА) - Триесет и две годишниот маж кој завчера беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со висока температура и отежнато дишење, е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија, потврди вечерва министерот за здравство Бујар Османи.

- Доцна поладнево почина првиот пациент инфициран од новиот вирус А (Х1Н1) кој беше примен на Клиниката со тешка кличинка слика. Тој беше веднаш подоложен на соодветна терапија, вклучен на респиратор, но, за жал, сите обиди да му се помогне завршиле без успех и за помалку од 48 часа починал, рече Османи.

Тој информира дека утре ќе бидат соопштени детали за случајот по состанокот на Комисијата за пандемски грип.

- И пред појавата на овој случај и сега системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од оваа неизбежна пандемија, напомена Османи.

Според директорот на инфективната клиника Звонко Миленковиќ, пациентот починал за 46 часа откако бил хоспитализиран. Тој манифестирал брз, тежок, прогресивен развој на инфекција на долните дишни патишта која го зафатила срцевиот мускул и други органи.

- Од моментот на хоспитализацијата до фаталниот исход за 46 часа и покрај примената на сите расположливи средства и се она што сметаме дека се користи во такви ситуации, за жал, исходот заврши на овој начин, рече Миленковиќ.

На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост.

Во изминатото деноноќие се хоспитализирани девет лица со симптоми на грипот А (Х1Н1). Најголем дел од нив се во стабилна општа состојба и се третираат со вообичаената терапија.

Според Министерството за здравство, четворица од постојните пациенти се отпуштени од болница, при што е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот грип.

Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Сите добиваат соодветна терапија.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Свински грип
19.11.2009 12:18:54   
mother 29
ауууууууууууу,грипот почна и по градинките!user posted image  

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Свински грип
19.11.2009 12:46:14   
profesorica
Додека не стигне вакцината, добар е и лукот

Од секогаш, лукот бил лек за се. Има широка примена во народната медицина, а во последно време и во фармаколошката индустрија.

Латинското име Allium sativum, го добил по својата најзначајна состојка – алицинот, која делува антибактериски.

Меѓутоа, дали лукот може да се консумира во неограничени количини?

Според експертите, треба да се внимава доколку со него се зема витаминот Е, препарати од гинко билбоа, лековите трентал, аспирин, фарин и хепарин бидејќи можат да предизвикаат крварење.

Во актуелната приказна за новиот грип, заштитните маски, вакцините и миењето раце, сетете се и на лукот. Нема да ви штети.

извор:Impress

< Поракaта ја уредил Еца -- 19.11.2009 16:53:47 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Свински грип
19.11.2009 12:50:18   
Enika
fino za lukot znaeme kolkue  zdrav...ama so mojot nizok pritisok lukov ke me ubie :D..ja pijam mn vitamini posebno c vitamin, pijam aloe gel, beta caroten, majka mi nekoj grozod sok mi donela priroden...da kreneme imunitet :D

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Свински грип
19.11.2009 15:24:22   
Anushka
еве, да ви кажам: мојот син се лекува од грипот. Грип како грип. Ако сте го подготвиле претходно организмот со издржливост, природни витамини и позитивна енегија, ако ги примените сите мерки на превентива (здрава храна, хигиена на највиоко ниво, многу чист воздух, спорт и ведар дух) и ако се однесувате одговорно кн заболниот (упорност, смиреност, квалитетен карантин и многу, многу љубов), грипот е обична Баба Рога!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Свински грип
19.11.2009 15:32:39   
nadica
браво анушке дај боже твоето златце да оздрави што побрзо user posted image user posted image user posted image
а и сите златца кои ќе го добијат вирусот што побзо да оздрават

и надица кашла но др рече само чај и витамини па за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Свински грип
20.11.2009 7:45:50   
profesorica
леле луѓе, вчера дознавме дека од шефот на мм, помалата ќерка која претходно и констатираа бронхопневмонија и неколку дена лежеше во болница вчера и откриле дека има свински грип.леле ќе се задавам, па тој одеше кај ќерка му во болница се гушкале може и се бацувале и потоа доаѓаше на работа и беше во контакт со мм.леле у user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Свински грип
20.11.2009 11:52:56   
zami


Сим­пто­ми на настинка


Температура: ретко се јавува.
Каш­ла­ње: настинката честопати е придружена со остра кашлица со шлајм.
Бол­ка: може да чувствувате блага болка на некои делови од телото.
Зат­нат нос: затнатиот нос е честа појава при настинка и обично поминува за една недела.
Треска: не е вообичаен симптом при настинка.
Умор: уморот е прилично благ при настинка.
Ки­ва­ње: вообичаено се јавува при настинка.
Наг­ли симптоми: симптомите на настинка се јавуваат во текот на неколку де­на.
Гла­во­бол­ка: невообичаена при настинка.
Вос­па­ле­ние на грло: често се јавува при настинка.
Теш­ко­тии при дишењето: благи до умерени при настинка.


Сим­пто­ми на грип Х1Н1

Температура: се јавува кај околу 80 отсто од случаите на грип. Температура од 37,7 Цел­зи­у­со­ви степени и повеќе во текот на 3-4 дена е вообичаена за Х1 Н1 грип.
Каш­ла­ње: кашлицата без шлајм е карактеристична за грипот Х1Н1, а по­не­ко­гаш се јавува и сува кашлица.
Бол­ка: острите болки се честа појава при грип Н1Х1.
Зат­нат нос: затнатиот нос не е вообичаен симптом за грип.
Треска: 60 отсто од луѓето со свински грип имаат треска.
Умор: Се јавува умерен до тежок умор при свински грип.
Ки­ва­ње: не е вообичаено за свински грип.
Наг­ли симптоми: свинскиот грип настапува нагло за 3 до 6 часа. Удира жес­то­ко, при што се јавуваат нагли симптоми, како висока температура и сил­ни болки.
Гла­во­бол­ка: вообичаена кај 80 отсто од заболените од грип.
Вос­па­ле­ние на грло: не е вообичаено за грип.
Теш­ко­тии при дишењето: при свински грип се јавуваат сериозни ­теш­ко­тии со дишењето.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Свински грип
20.11.2009 15:50:12   
Еца
само што кажаа на вести, пристигнале првите вакцини против свински грип.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Свински грип
20.11.2009 15:51:08   
mother 29
фала и многу!user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Свински грип
20.11.2009 16:10:25   
nadica
само што кажаа на вести, пристигнале првите вакцини против свински грип.




user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Свински грип
20.11.2009 16:15:04   
Еца
мене исто ми се фака дали стигнале или не. Останувам на моето, нема да ги вакцинирам децата, ниту пак јас!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Свински грип
20.11.2009 17:47:01   
Весна
Ха! Нека си ги чуваат! Ни на крај памет не ми паѓа да се вакцинирам, ни јас ни моите блиски.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Свински грип
20.11.2009 21:50:28   
karla
Anushke se nadevam deka tvojot sin ke ozdravi sto poskoro. Mnogu se uplasiv koga procitav i ti cestitam na hrabrosta koja ja imas i pozitivnata energija so koja nastapuvas vo lekuvanjeto na tvoeto since. Patem, mislam deka toa sto ne se razvila poseriozna infekcija e definitvno poradi vitaminite i maticnata mlec koja si mu ja davala, a pred se mozam da kazam za maticnata mlec, bidejki lani zimata (dodeka bev bremena) postojano jadev maticna mlec (sekoj den po edno lazice so med) i cela zima nitu nastinka ne me fati a ne pak grip. Pozdrav i zelbi za poskoro oporavuvanje
P.S. Definitivno sum protiv vakcinite

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Свински грип
21.11.2009 10:43:30   
big_mama817
а дали знете дека свинскиот грип исто се појавил во 1919 год. под името Шпанска треска

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Свински грип
21.11.2009 10:45:16   
profesorica
ajdeeeee и како поминало тогаш? мислам имаш некои информации?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Свински грип
21.11.2009 11:03:57   
big_mama817
само знам дека тогаш од неа умреле околу 40 милиони луѓе, а дали постоела вакцина незнам

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?