mother 29 -> RE: Модни трендови за есен/зима (31.10.2009 13:25:35)
|
Во тренд се неправилни фризури [image]http://www.bluezone.com.mk/informacii/1/27-10-09frizuri1.jpg[/image] Природниот изглед на косата е превило број еден кога се во прашање фризурите за оваа сезона. Долгокосите тоа ќе го постигнат со природен пад на косата разделена на средина, а оние кои скаат кратка коса можат необично да се потшишаат. Бојата на косата мора да биде колку што може поприродна. Долга коса Ако имате долга коса, оваа сезона се препорачува да ја носите пуштена во слободен пад. Од боите се препорачуваат природните тонови, од златна до црна. Темнокафеавата нијанса е повторно „ин", но ако сакате да бидете повпечатливи одберете ја црвената боја. Што се однесува до формата се препорачува рамна коса, но може да биде и степенасто шишана. Шишките можете да ги заборавите сезонава, посебно кога станува збор за долга коса. Значи, без разлика на тоа дали имате права, благо прекршена или кадрва коса, оваа сезона дозволете и природен изглед со патец на средината. Заборавете на тешките гелови и препарати за обликување и дозволете и на Вашата коса да се лелеави! [image]http://www.bluezone.com.mk/informacii/1/27-10-09frizuri2.jpg[/image] Кратка коса Фризурите кои оваа година ги прославија Katie Holmes, Victoria Beckham, Kelly Osbourne, Rihanna, Michelle Obama и Halle Berry, и понатаму се „ин". Кај кратката коса не важи правилото без шишки, па можете да си дозволите прекривање на челото. Најпопуларни сезонава се оние фризури во кои шишките паѓаат дијагонално од едната на другата страна, а остатокот од косата не е строго обликуван. Сезонава апсолутен хит се неправилните фризури, кои нудат безброј можности. [image]http://www.bluezone.com.mk/informacii/1/27-10-09frizuri3.jpg[/image] Собрана коса Трендовите кои сезонава ги промовираат врвните стилисти наложуваат посета на салон доколку сакате собрана коса. Имено собраната коса сезонава е малку крута и строго дефинирана. Ако сакате трнеди фризура подигнете ја косата од челото кон темето, па потоа спојте ја во најнеобични облици. Сезонава исто така во тренд остануваат и плетенките, уредни и стегнати, но и пунџите украсени со најразлични додатоци за коса. [image]http://www.bluezone.com.mk/informacii/1/27-10-09frizuri4.jpg[/image]
|
|
|
|