Што ќе биде ин во 2011-та?
Се прашувате кои се модните трендови за новата 2011-та година? Оваа година дизајнерите понудија едноставни свежи креации, а на модната сцена се враќаат и потпетиците со шпицест врв.
[image]http://images.idividi.com.mk/images/moda_16.jpg[/image]
Милитаристички изглед
Секој модел кој има два реда на копчиња и строга линија на кроење е полн погодок за оваа сезона. Можете да го користите како за дневни така и за вечерни излегувања.
[image]http://images.idividi.com.mk/images/moda_25.jpg[/image]
Плетена облека
Најактуелниот тренд несомнено се креациите кои се плетени. Тука секако спаѓаат џемперите, туниките, шаловите и капите, но и плетените фустани кои доаѓаат во мошне интересни варијации.
[image]http://images.idividi.com.mk/images/moda_35.jpg[/image]
Чипка
Нема ништо посекси од тантела, особено кога е обвиткана по вашите нозе. Токму затоа оваа зима и пролет чипкастите чорапи се особено модерни.
[image]http://images.idividi.com.mk/images/moda73.jpg[/image]
Големи нараквици
Доколку до сега бевте навикнати на големи прстени, сега ќе треба да се навикнете на големи нараквици. Дрвото со интересни мотиви е особен хит за сезоната.