penelopa -> RE: Модни трендови за есен/зима (10.8.2010 10:23:36)
|
Летни трендови кои ќе траат и оваа есен Оние кои ја следат еволуцијата на модната уметност знаат дека секоја сезона некои трендови повторно оживуваат. За сите оние кои ги интересира кои универзални парчиња облека и чевли ќе ја преживеат транзицијата од една во друга сезона, обрнете внимание на следното. Куси панталони Куси панталони на ладно време. Звучи чудно? Не ако ги комбинирате со интересни хеланки, дебели чорапи или хулахопки. Што се однесува до дизајнот, сеедно е дали станува збор за момчешки, женствени, џинс, спортски или свилени панталони- се е во мода. Изгледот надополнете го со тенок кардиган или сако и рамни чизми до глужд. Тантела Лудилото по тантелата продолжува и оваа есен. И овој пат таа ќе се носи подеднакво и на ексклузивните свечени парчиња облека, како и на оние за секојдневно носење. Кожената јакна и чизмите со фустан од тантела даваат доза на рокерски изглед, а чевлите со висока потпетица и топ од тантела се одлични за романтично расположение. [image]http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/CDA55D69E76FD34597B4FF4ABFCD02D7.jpg[/image] Макси фустан Фустаните кои речиси се влечат по подот веќе две лета се неизиоставни парчиња облека. За есенскиот аутфит додадете уште сако или куса јакна, а што се однесува до чевлите, носете што сакате - од балетанки, чевли со потпетица до чизми. Изгледот финиширајте го со голема торбеста чанта. Чевли со отворени прсти Нема потреба на крајот на летото да ги спакувате овие чевли кои ги откриваат убаво налакираните нокти. Тие ќе бидат во мода и оваа есен. Ако се прашувате како ќе се зашитите од ладното време, одговорот е слободно носете ги на хулахопки и дебели чорапи. Слободно може да експериментирате и со боите. Овие чевли се носат со тесни фармерки или куси здолништа. Извор: вечер.мк
|
|
|
|