Luci -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (6.1.2012 8:20:46)
|
Јас вчера купив Ацидосалус од зегин, 885 денари. Е сега, имам прашање до тие кои веќе го даваат на своите деца, Марио има 11 месеци и 1 недела, месец и пол седеше дома не одеше во градинка зашто закачи стрептокока пнеумониа во носето и таа резултираше со бронхопнеумонија која ја излечивме ама стрептококава многу тешко. Вчера бевме на брисеви во Пролече и во Адриа лаб па резултатите ќе бидат во понеделник и се надевам дека конечно ќе биде исчистена после сите 7 инекции нелорен, сирупи панцеф, амоксиклав, цефалексин, сумамед што ги испи, капки оперил и цефалексин во носе....Муабетот ми е дали го ставате ацидосалусот секојдневно како превентива, или па ставате само доколку има затнато или растечено носе, и по колку пати шприцате? Јас вчера го купив и го ставив одма во фрижидер, нити упатството го прочитав нити ништо, немав време. Ако се брисевите во понеделник во ред тогаш од вторник ќе го носам во градинка
|
|
|
|