RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


blue_blue -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (9.1.2012 13:38:33)

Ај јас пак пошто не добив одговор. Зошто не треба Киндеримун и слични препрати да се даваат непрекинато, него треба да се даваат 1 месец, па пауза од 1 месец?




liberta -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (9.1.2012 14:00:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ај јас пак пошто не добив одговор. Зошто не треба Киндеримун и слични препрати да се даваат непрекинато, него треба да се даваат 1 месец, па пауза од 1 месец?


киндеримунот мислам дека неважи тоа, јас во зима го давам непрекинато неколку месеци




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (10.1.2012 13:41:07)

Јас денес зедов маџун и ќе почнам да и давам и од него по една лажичка дневно. Како е најубаво да се дава, после јадење/пред јадење?




Тања РР -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (10.1.2012 14:20:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ај јас пак пошто не добив одговор. Зошто не треба Киндеримун и слични препрати да се даваат непрекинато, него треба да се даваат 1 месец, па пауза од 1 месец?


Не мора баш пауза после секој месец давање но пожелно е по 2-3 дози да се направи пауза затоа што киндеримун за разлика од мултивитаминските препарати го стимулира не само пасивниот туку и активниот имунитет односно стимулира создавање на некои бели крвни клети кои учествуваат во одбранбениот систем на организмот. Истото важи и за препаратите кои содржат ехинацеа.




kikicka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (10.1.2012 15:27:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ај јас пак пошто не добив одговор. Зошто не треба Киндеримун и слични препрати да се даваат непрекинато, него треба да се даваат 1 месец, па пауза од 1 месец?


При секое конзумирање на витамински сируп е потребно пауза минимум 3 месеци а за време на таа пауза можете да давате омега ако сакате ако не немора. Ние престанавме со Омегата ,со витаминскиот сирупнаправивме пауза од 4месеци скоро и сега планирам да земам на витабиотик имунокисд мислам дека беше ,јас пиев мултивитамини од таа фирма англиска е јаима во Зегин и супер сум задовлона,би требало и сирупот да е добар.




Тања РР -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (18.1.2012 23:15:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka


ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ај јас пак пошто не добив одговор. Зошто не треба Киндеримун и слични препрати да се даваат непрекинато, него треба да се даваат 1 месец, па пауза од 1 месец?


При секое конзумирање на витамински сируп е потребно пауза минимум 3 месеци а за време на таа пауза можете да давате омега ако сакате ако не немора. Ние престанавме со Омегата ,со витаминскиот сирупнаправивме пауза од 4месеци скоро и сега планирам да земам на витабиотик имунокисд мислам дека беше ,јас пиев мултивитамини од таа фирма англиска е јаима во Зегин и супер сум задовлона,би требало и сирупот да е добар.


Болдираното е апсолутна грешка. Витаминските сирупи не се лекови туку се додатоци во исхраната, пауза од витамински сируп е исто како да правиш пауза од јадење портокали.




kikicka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (19.1.2012 11:42:34)

може не викам не али ова го кажувам бидејќи така ни кажа докторот во хр не дека си измислувам јас,како и да е јас така направив. [sm=smiley1.gif] Јас сега земав имуно кидс на витабиотик 700 и нешто денари е од зегин и сега за сеа тераме па ке видеме.




Natuska85 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (28.1.2012 16:55:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

може не викам не али ова го кажувам бидејќи така ни кажа докторот во хр не дека си измислувам јас,како и да е јас така направив. [sm=smiley1.gif] Јас сега земав имуно кидс на витабиотик 700 и нешто денари е од зегин и сега за сеа тераме па ке видеме.


Кикичка можеш да видиш за од која возраст е овој сируп?За над годинка или може и под годинка?Тнкс




kikicka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (28.1.2012 17:25:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

може не викам не али ова го кажувам бидејќи така ни кажа докторот во хр не дека си измислувам јас,како и да е јас така направив. [sm=smiley1.gif] Јас сега земав имуно кидс на витабиотик 700 и нешто денари е од зегин и сега за сеа тераме па ке видеме.


Кикичка можеш да видиш за од која возраст е овој сируп?За над годинка или може и под годинка?Тнкс




Натушка грешка име сум напишала на сирупот сега гледам Well kid & baby на Витабиотик и на него пишува од 3 месеци до 5 години .




lete -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (8.2.2012 17:12:59)

zdr mamicki mojata stotuku napolni 6 meseci i nekolku dena sto mi preporacuvate damu davam odma pocna noseto damu tece vcera imase 38.5 temperatura inace do denes dobra bese nese razboluvase uvek imame zatnato nose koe go resavame so kapki za nos nazogal




teoecar -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (1.3.2012 14:54:01)

До првата навршена година, не дававме никави витамински сирупи на Теодор. Најјакиот мултивитамин е Киндеримуно, го користевме после труење од храна(ни го препорача докторката како најјак), а оваа зима Тео е 2 години, и земаме сируп веке 2 месеци на др.Теис се вика Мултивитанол  и навистина е добар,  Го препорачувам на сите мајки да го давват , сирупот содржи и железо плус во него, вкусен е и јас сум презадоволна како напредува моето дете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image].




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (4.3.2012 12:12:20)

Ние правевме месец пауза од Имунобор, и сега почнав да и давам Киндеримун, ама никако не можам да и фатам некој ред кога да и го давам [sm=zmeden.gif]
Како е најдобро да се дава? Пред јадење/ после јадење, насабајле/навечер???




Snowhite RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (4.3.2012 18:22:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: teoecar

До првата навршена година, не дававме никави витамински сирупи на Теодор. Најјакиот мултивитамин е Киндеримуно, го користевме после труење од храна(ни го препорача докторката како најјак), а оваа зима Тео е 2 години, и земаме сируп веке 2 месеци на др.Теис се вика Мултивитанол  и навистина е добар,  Го препорачувам на сите мајки да го давват , сирупот содржи и железо плус во него, вкусен е и јас сум презадоволна како напредува моето дете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image].


И јас му давав Мултивитанол на Др. Тајс, потоа имунобор, па сега правиме пауза, па се мислев пак да земам од овој Мултивитанол, пошто и ќе почнеме во градинка ќе мора нешто да пие




Џесика -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (6.3.2012 17:34:28)

Ние пошто почнавме пак со градинка, се наоружав по којзнае кој пат. Моментално превентивно му давам Ц витамин трипати дневно, Саностол сируп наутро, Ацидосалус спреј за нос и грло, и турбо ќе почнам со природни сокови. Дали можам друго нешто да додадам или доволно ми е ова? (за маџунот се двоумам и за рибино масло дали да го вметнам)




Maca25 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (6.3.2012 17:52:02)

Абе кога успеваш сево ова да му го дадеш?
Јас од сето ова и дава на Н. Ацидосалус и Саностол. И цедени сокови после градинка.




Natuska85 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.3.2012 10:51:26)

Ова Киндеримуно од која возраст се дава? Читам многу го фалите. Ние еве 3 месеци пиеме Имуно -Б на Ерба Вита и сум задоволна,не се разболевме ниту еднаш [sm=bravo.gif] +витамин Ц секој ден + 1 мала лажичка ленено семе. Од денес ќе правиме пауза 3 недели со сирупот,па се мислам од 1 април што да давам.Ќе тргнеме и во градинка што значи морам нешто.Ако Киндеримуно е од годинка ќе го земам него ако не ќе продолжам со Имуно-Б.Или нешто друго ми препорачувате?




Mihaela 2010 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.3.2012 11:06:00)

Za Kinderimuno pisuva deka se dava od dve godini,no mene pedijatarot mi go preporaca uste koga imavme 18 meseci,pa taka i davav po pola lazicka a ne cela kako sto tamo pisuva.Ispivme pola,pa ne fatija bolestite,lezenje vo kozle pa taka i go prekinav,i ne prodolzivme so pienje,taka da i ne znam kakov efekt bi imalo,i onaka cela zima doma si sedevme.Od maj trgame vo gradinka pa se mislam dali da i go prodolzam so davanje.




JovanaJ -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.3.2012 11:15:43)

Jas sum mu davala Kinderimuno ama ne pocuvstvuvav nekakov efekt pseben.
Si se razboluvase kako i koga ne mu davav. E sega sto vika mm moze polesno mu pominualo ama neznam iskreno nemase nekoja pogolema promena. Ili pak jas ocekuvav nesto mnogu od nego, neznam.
Sega mu davam Sanostol, ribino maslo i Madzun pocnav eve skoro dva meseci. E sega dali i kolku bi pomognal vo zajaknuvanje na imunitetot ke vidime [sm=smiley1.gif]. Vitamin C prestanav da mu davam koga e zdrav, maticnata mi rece da ne mu davam koga nema potreba gi optovaruval bubrezite...kolku e tocno neznam [sm=zmeden.gif].
I so ishrana kolku moze ovosje i zelencuk.... iako slabo jade toa.




Maca25 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.3.2012 11:15:51)

Кај Нина немаше баш некаков ефект Киндеримунот! Што знам цело време додека го пиеше беше болна. И сипаници ја фатија и после настинка...




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (16.3.2012 10:28:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Ова Киндеримуно од која возраст се дава? Читам многу го фалите. Ние еве 3 месеци пиеме Имуно -Б на Ерба Вита и сум задоволна,не се разболевме ниту еднаш [sm=bravo.gif] +витамин Ц секој ден + 1 мала лажичка ленено семе. Од денес ќе правиме пауза 3 недели со сирупот,па се мислам од 1 април што да давам.Ќе тргнеме и во градинка што значи морам нешто.Ако Киндеримуно е од годинка ќе го земам него ако не ќе продолжам со Имуно-Б.Или нешто друго ми препорачувате?


Натушке, Киндеримун се дава после две години. Јас пред да наполни две години и давав Имунобор, и искрено многу сум задоволна. Се даваат три месеци, па се прави пауза. После паузата почнав да и давам Киндеримун - ама уште не можам да кажам за резултати. Го сменив, единствено зашто Имунобор, се дава иста доза (една капсула) за деца до 7 години. Не знам, некако ми беше мисла - ако сега има ефект една капсула на две години, дали и на 7 години ќе го има истиот ефект, истата доза. МОже на 7 години нема ни да и давам вакви имуностимуланси, ама ете реков да пробам и со другиов.




Sirena## -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (16.3.2012 16:43:40)

Vcera zedov pikovit,na paketceto pisuva da se dava po 2 lazicki vo denot,odnosno 10 ml,da ne e mnogu.Jas mislev treba po 1 lazicka vo denot [sm=zmeden.gif]




Sirena## -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (17.3.2012 10:17:05)

AJ ke ve molam ako znae nekoj da mi kaze [sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (17.3.2012 10:34:19)

Sirena, обичниот пиковит, се дава по 2 лажички, како што си пишува на упатството. А од тој што е со рибино масло, или со пробиотици (мислам беше другиот) се дава по една лажичка.




Sirena## -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (17.3.2012 10:38:53)

Fala ti mnogu Felly




miana -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (21.5.2012 18:57:32)

Od kinderimunot kerkami nema nikakvi podobruvanja,ama APSOLUTNO nikakvi..ispi dve teglicki i nikako nema podobruvanje..sekoe poaganje vo gradinka,odime po dva dena i sme epten bolni. Inaku procitav nekade na forumov,mislev deka luci imase napisano za masloto od divo origano i9 sakav za toa da ve prasam..Jas go kupiv,malo teglice bese malce skapo okolku 800 i kusur denari .Sakav da ve prasam sto se pravite so asloto..Pisuva deka se stava po edna kapka vo casa sok ,ama toa e prejako i kerkami epten so sila go pie,place i i se povraka od nego...Kako li go davate na vasite decinja ako voopsto nekoj od vas go dava? Dali gi inhalirate so toa ili pak samo go pijat..Ajde se moli luci da odgovori :)




Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>