Џесика -> RE: од која возраст вашите деца јадат сами (28.6.2012 9:54:19)
|
И ете ја мојата нова мака.... вчера кога свекрва ми го земала Борјан од градинка, учителкава и рекла дека сите деца си јадат сами во групата, само Борјан не сакал сам, го оставала, му викала да јаде, не сакал да мрдне мрзата, и она ќе земела и ќе го нахранела... е сега женава искрено настапи и и рекла на свекрва ми дека од среда ќе е на одмор до 15ти Август и проблемот со јадењето сам. Другите немало да му даваат ќе го оставеле гладен, да знаеме дека сам не јаде... нормално е дека треба да јаде сам и дека треба да се научи, се досега прави како што прават другите дечиња, ама да го остават така ни појадувано, ни ручано, не знам.... се мислам што да правам, сестра ми ме советува да им се избацам со кафе на теткиве, стандард [sm=smiley1.gif] учителкава рекла ако има кој да го чува дома да седи дома... е ова последново ме тера да мислам дека они уствари сакаат да им се смалат групите, па кои имаат баби, дедовци да си седат домче... не знам колку е сериозно што го направија трагично... не ми се верува дека до толку ќе го остават гладно па ич да не касне... шо викате? да го повлечам, да ги поткупам или да го оставам па нек се снаоѓа сам во гладта???[sm=smiley13.gif]
|
|
|
|