Bethany -> RE: Житарици (2.8.2013 14:46:40)
|
Значи овие користиме редовно, некогаш и неколку дена по ред за појадокот му правам од овие: [img]http://www.apicentar.com/images/proizvodi/ovesni_snegulki.jpg[/img] Пробав и тие на Виталиа, за деца над 1. годинка, со вкус на ванила и чоколадо, всушност како каша се, само еднаш направив и на син ми се згадија. А и знам зошто, кога пробав и мене ми се сврте свеста. Толку се благи, како само шеќер да ставија во нив. Па што толку ги засладија, не ми е јасно. И веќе никогаш не ги направив. Инаку, овесот содржи влакна кои поспешуваат варењето на храната, а и добар е против опстипацијата. Овесот е изворот на јаглени хидрати, а поред тоа има малку калории. Богат е со антиоксиданти, содржи цинк, селен, магнезиум, железото и витамин Е. Содржи и протеините. Исто нешто битно е дека овесот не содржи глутен. Нутриционисти предлагаат овесни снегулки како идеален појадок, и за мали и за големи, бидејќи обезбедува доволно енергија за добар почеток на денот. (Додатна информација: добар е против холестеролот, го чисти организмот, полезен против киселина во желудникот и намалува крвниот притисок [sm=smiley1.gif]) Пред некој ден прочитав дека овесните снегулки ја поттикнуваат интелигенцијата кај децата. Му прочитав и на мм, и сега кога онака механички прашувам: што да му дадам за доручекот, мм секогаш одговара: овесни [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|