Melanija RR -> RE: Житарици (3.3.2014 15:57:48)
|
Бидејќи во последните неколку години се повеќе се појавуваат деца кои имаат целијакија, при воведувањето на жита во исхраната на детето, често се поставува прашањето кога и кое жито да се одбере. Новите испитувања дадоа насоки: првиот избор да биде резервран за житата кои не ја содржат белковината глутен, а најчести се ориз, пченка и просо. Со цел да се спречи можноста од појава на целијакија, претходните испитувања промовираа што подоцнежно воведување на продукти кои содржат глутен, првенствено пченични снегулки, пченичен гриз, овесни и снегулки од 'рж и јачмен. Меѓутоа, според најновите студии и метаанализи, се смета дека за тоа нема потреба. Изво:Нестле=bebe.arteri ================================== Постојат неколку видови на просо, но генерално тоа има кружна форма и компактно зрно, најчесто со жолта боја. Со оглед на тоа дека расте во поладна клима, според макробиотичката филозофија претставува топла храна за телото, па најдобро е да се јаде во доцните летни месеци и во текот на есента. Освен што нема глутен, просото е и алкална (базна) житарица поради што организмот може лесно да ја свари, а според некои научници, просото е и антиканцерогено бидејќи алкалната храна не предизвикува киселост во организмот, што е средина во која се развиваат клетките на карциномите. Се јаде без лушпата, бидејќи таа тешко се вари. Просото е богато со магнезиум и железо, претставува одличен извор на протеини (во 100 г просо има 10 г протеини), содржи калциум, фосфор, цинк, никел, витамин Е и витамини од групата Б. Извор:Migusto ====================== Многу се изненадив кога го прочитав ова за просотот.Искуства ?[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|