RE: Житарици (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Felly RR -> RE: Житарици (27.6.2014 17:19:54)

Меланија, јас најчесто овесните снегулки и ги правев со јогурт (и сега и се едно од омилените јадења) и ги оставав да постојат 10-тина минути. Некогаш и со овошје ги спремав, но така не ги јадеше толку многу, и бидејќи беа потврди, некогаш ги блендирав. А за со јабоков оцет, да бидам искрена, не сум слушнала до сега.




Ilina87 -> RE: Житарици (27.6.2014 17:30:34)

Фала ви женски. Ќе разгледам и од други производители, имав дома од дивела, но читам дека содржи глутен [sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Житарици (28.6.2014 10:51:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Да Ве прашам за палентата, сакам да пробаме овие дена. Дали содржи глутен? Читам на кутијата дека се прави од пченкарно брашно, тоа значи не содржи глутен? И од кој производител купувате?

Мене лично најубава ми е палентата на Жито Лукс. Некако најситна е и највкусна. Комбинирај со кисело млеко, сиренце, зденка... Зависи колкави сте.
Еве по интернет прочепкав и палентата не содржи глутен, безбедна е значи :)



ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Веќе втор пат палента со кисело млеко несака [sm=zmeden.gif] ова е прво нешто што одбива ќе касне неколку лажички и после вика ,се мршти, се тресе како кисело.Веројатно киселото млеко му дава киселост и несака.ставив и путер и пак ништо.Да пробам трет пат само палента или некоја идеја со што друго да му ја направам,јогурт или нешто друго?


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

И на ќерка ми и на сим ни омилено јадење им е. Јас ја варам со млеко а после тоа ставаме сиренце. Ќерка ми повеќе ја сака варена со вода па после си става јогурт и сирење.



Меланија, пробај свари ја со млеко, како што пишала принцеса. И јас така ја правев. Така помазна текстура добива. Не знам која палента ја имаш, ама земи од Жито Лукс најфина е, не е груткеста. Баш како каша излегува.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

AnnaMolly RR фала ќе пробам и така [sm=smiley1.gif] инаку пишав на предходната страна со АБЦ намаз сега јаде и тоа веќе 4 пати [sm=jezicek.gif] и да на Житолукс ја земам стварно е глатка но јас ја разредувам малку да дојде по кашесто и за час се прави[sm=smiley1.gif] тоа е најважно


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

AnnaMolly, и јас мислам дека не би требало палентата да содржи глутен, но на пакување од дивела пиши дека содржи глутен, а е направена од пченкарно брашно [sm=zmeden.gif].





jasmina81 -> RE: Житарици (3.8.2014 13:56:38)

vaka sinko ima 6 meseci i pol
od 5 meseci pocnavme so proba na vkusovi i do sega si jade se bez problem na sabajle ovosje na rucek zelencuk i navecer mlecna kasa od hip [sm=bravo.gif]
e sega sakam na sabajle so ovosjeto da mu davam ovesni snegulki samo neznam dali smeam uste sega i neznam kako da mu gi prigotvuvam kasickite obicno mu gi prigotvuvam doma retko kupecka e sega kako da mu gi davam dali tie treba da pokisnat i potoa zaedno da gi pasiram so ovosjeto
ve molam nekoj da mi dade sovet kako da mu gi pravam i dali smejam uste sega




sandriana RR -> RE: Житарици (4.8.2014 10:35:42)

јасмина81, во принцип глутен се воведува со навршени 6 месеци, така да не е проблем да се обидеш да му ги вклучиш житарките во исхраната, освен ако немате историја со алергии на глутен во семејството.
А за подготовка, еве, прочитај низ темава, имаат споделено мајките искуства, ТУКА




Melanija RR -> RE: Житарици (4.8.2014 22:46:32)

jasmina81 и јас прашував за подготовка на овесни снегулки а Felly RR ми одговори
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Меланија, јас најчесто овесните снегулки и ги правев со јогурт (и сега и се едно од омилените јадења) и ги оставав да постојат 10-тина минути. Некогаш и со овошје ги спремав, но така не ги јадеше толку многу, и бидејќи беа потврди, некогаш ги блендирав. А за со јабоков оцет, да бидам искрена, не сум слушнала до сега.

Можеш и варен ориз или гриз да блендираш со овошје.Јас не пробав со овесните ,кога ќе пробам ќе пишам но така мислам од вечер да ги оставам да откиснат во вода.




Melanija RR -> RE: Житарици (22.8.2014 15:32:36)

Ги купив овесните но сега ги има во Тинекс ама да потпрашам овес баш нема пробано (освен во тие на Нестле 8 жита),има врска да бројам како нешто ново и слободно да му ги дадам?




Melanija RR -> RE: Житарици (18.9.2014 0:59:41)

Ммм ставам во таџир 5 лажици овесни ги полевам со врела вода,чекам да омекнат 5-10мин ,ставам во блендер и некое овошје и имаме брз и здрав оброк.[sm=zz_mstickle.gif]




gvenda -> RE: Житарици (5.11.2014 19:11:30)

majki najdovte li zitarki od Millupa i ako da kade ?
sin mi ima 7 meseci vreme e da proba zitarki a se sekavam od kerata deka i bea super no gi nema dali ima nekoja info ili voopsto da ne se trudam da baram
pozdrav i sekoe dobro




Melanija RR -> RE: Житарици (5.11.2014 20:50:17)

Јас не најдов, но од житарки ислуство имам со тие на Нестле или од Хумана има избор.Може и од продавница за здрава храна да си одбереш и да ти сомелат




gvenda -> RE: Житарици (6.11.2014 11:58:01)

fala Melanija
ama tie od humana ne se cisti so nesto se ili so jabolko ili krusa ne mi se dopagaat nekako i so mleko se bar ja tie so gi vidov t.e probavme ke melam izgleda od prodavnica za zdrava hrana
ili sama ke si blendam
pzd daj nekoja ideja nemam vreme da citam po stranive inace imamwe tocno 7 meseci




Felly RR -> RE: Житарици (6.11.2014 12:17:18)

Гвенда, може да пробате ориз, овес - не мора ни да го мелеш, кога ќе го потопиш со нешто само остави го подолго време и ќе омекне/ќе се распрачи. Од другиве експандирани што се има различни видови исто.




Melanija RR -> RE: Житарици (6.11.2014 12:41:03)

На нестле има 7 жита без ништо, а да другите се со овошје , некои се првата и со вода.Но штом си за чисти тогаш купечки житарки.Овесните се супер но најчесто ги даваат од 8 месеци




vezilka RR -> RE: Житарици (6.11.2014 12:55:14)

Жени, освен просо, киноа, амарант и ориз,има уште некоја безглутенска житарка? И овие може и пред 7 месеци, така? Јас за почеток купив просо оти ми рекоа дека било полесно сварливо. Во колкав сооднос со вода го варите, и колку време?




Melanija RR -> RE: Житарици (6.11.2014 13:02:27)

И хељда, а просото е 1:3 се згуснува па зависи како го планираш.Ја просото го варам погусто за кога бледнам да не биде водесто.Има на Хумана хељда со круша/јаболко с еправи со вода и многуу е добро




vezilka RR -> RE: Житарици (6.11.2014 13:11:35)

Ааа, да и хељда. Знаев дека таа во продавницата ми кажа уште нешто ама не ми текнуваше што: Јас поише претпочитам да ги земам од продавница житаркиве и да си ги блендам со свежо овошје. Хихи, јас со моите правила за внес на свежо овоштие со кои уште го давам и Никола а и сите дома. [sm=smiley36.gif]
Во принцип изгледа сите одат 1:3 сооднос со вода. И така, дваесетина минути се варат, нели?




Melanija RR -> RE: Житарици (6.11.2014 21:54:23)

Одприлика да, ова за просото [sm=smiley1.gif] читам и со овошје го даваат јас само како ручек




vezilka RR -> RE: Житарици (12.2.2015 14:55:01)

Хељдата ни е хит, просото го нејќе. Вчера прв пат воведовме пченичен гриз. Сите житарки му ги мешам соовошје. Не ми текнало со зеленчук да помешам. Ај сега ќе пробам просото со зеленчук, може така ќе го сака.




MaryJane -> RE: Житарици (21.2.2015 16:59:07)

Zdravo mamicki. Nova sum na forumov i ova e prvata tema sto resiv da ja iskomentiram, odnosno da prasam. Imam since 8,5 meseci i jade zitarici od kako pocnav so dohrana, znaci od negovi4 meseci. Eden obrok vo denot mimum mu e zitarici bilo da se so voda ili so mleko Obicno mu gi davam onie na nestel 8 cereals ili hipp nokni kasicki. prasanjeto mi e dali mu davam mnogu? Kolku e najpravilno da jade kolicinski ?? Da napomenam deka mu davam i palenta no poretko. Fala vi odnapred [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Житарици (21.2.2015 22:16:06)

MaryJane се надевам почесто ќе те читаме [sm=smiley1.gif]

Житарки никогаш доста[sm=smiley1.gif] секојдневно.Од 9 месеци до сега 18м давам секакви, и тоа дома приготвени само на почеток купував 8 жита на Нестле и на Хумана. И тие се супер нема збор но и поскапи.

Можеш да даваш и овесни, гриз, јачменови,пченкарни,ржани, јас купувам 4 жита на Биокосмо само топла вода или млеко во блендер и супер се. Непишано според мене правило е секое утро жито со овошје или гриз со овошје, а навечер палента,гриз или 4 жита.Давам и просо со овошје.

Се надевам ти помогнав што ќе помислиш слободно прашај[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Житарици (23.2.2015 22:18:20)

МериЏејн, добредојде на форумот. Се надевам ќе те читаме и на другите теми, што се однесува до житариците, и јас сметам не е многу, а доколку те интересира за количината која ја јаде [sm=duda.gif] во еден оброк, тогаш ѕирни ја темата Колку е доволно - КЛИК ТУКА.




sandriana RR -> RE: Житарици (21.3.2015 22:32:33)

Житарки почнав на бебево да му давам од 6 месеци. Почнав со безглутенски - овес, па после дадов гриз, а сега и беби бисквити со 5 цералии. Кашичките ги правам со овошје и водата во која се варело овошјето, или превриена вода.
Следно ми е да дадам пченица, па палента.




Ilina87 -> RE: Житарици (21.3.2015 23:15:09)

Sandriana јас колку што знам овесот содржи глутен. Доколку немало реакција слободно продолжи со глутенски производи.




sandriana RR -> RE: Житарици (23.3.2015 8:34:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Sandriana јас колку што знам овесот содржи глутен. Доколку немало реакција слободно продолжи со глутенски производи.

Во право си - моја грешка, сакав да кажам ориз, па да набројам овес и гриз [sm=smiley36.gif].
Денес ќе се обидам малку палента да дадам.
Инаку, за безглутенски жита имам пост и во темата за Целијакија-ТУКА, може некому да користи.




Melanija RR -> RE: Житарици (23.3.2015 22:46:36)

Препорака од мене е просото, на Биокосмо. МНогу убаво се вари некои 20мин, со зеленчук блендирано се добива пире.Исто и со овошје и кремасто.Ех да почнев порано а не на 12м [sm=smiley36.gif] затоа сакам да споделам дека е безглутенско и вкусно и во супи и чорби




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>