RE: Мени во детските градинки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Gardenia -> RE: Мени во детските градинки (2.7.2015 12:37:43)

Фала ви,горе доле ок е,ама ова лимонот на бебе од 9 месеци некако не ми иде,а и млеко кравјо не планирам до година да и давам,ама ај за еднаш во денот добро,само да не и прави нејзе некој проблем




Melanija RR -> RE: Мени во детските градинки (10.9.2015 13:55:26)

Гардение како е со исхранат,почна ли со градинка?

Завчера бев да ја земам уплатницата и гледам поинакво мени.За деца до 24 м и од 24 м до 6 год ,од старт нелогично.
Намаз од тука,кромид и уште нешто.
Ќе треба да пишам тоа да не му даваат,како и пржено лепче и мед во чајот.Во група со деца од 18м до 2 год и 7 месеци ми нема логика туна и мед




AnnaMolly RR -> RE: Мени во детските градинки (11.9.2015 10:04:50)

Еве ја листата за јаслена група до 2 - 2,5 години во 13 Ноември.

[img]http://www4.slikomat.com/13/0911/5ik-menisl.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/13/0911/v6s-1menis.jpg[/img]




AneLav RR -> RE: Мени во детските градинки (16.9.2015 10:55:09)

Во нашава градинка ми рекоа дека менито го прави медицинска сестра , сеуште не е истакнато и појма немам што им даваат на децава. Рекоа дека оваа недела ќе го истакнат. Не знам дали е исто на ниво на држава.




Felly RR -> RE: Мени во детските градинки (16.9.2015 11:20:29)

Кај нас мислам дека е исто на ниво на општина, но имаме и само 4 градинки. А инаку во другите градови мислам дека секако се разликува. Сепак сите мора да се водат според некои препораки.
Кај нас и има само една ужинка, но како што гледам, во др градинки и млеко/чај се води како ужинка, а кај нас тоа им го даваат заедно со појадокот.




Melanija RR -> RE: Мени во детските градинки (16.9.2015 15:31:18)

Градинките се под општината а менито не е на ниво на РМ.Во Срничка градинките е поинакво.По обемно е , не дека е лошо.Во октомври кога ќе оди М ќе го сликнам.




Gardenia -> RE: Мени во детските градинки (16.9.2015 16:04:03)

Меланија го видов вчера менито,истото е што го постираше ти поназад,инаку уште не сме почнале ,почнуваме утре[sm=zmeden.gif]




Bethany -> RE: Мени во детските градинки (18.9.2015 15:22:21)

Не сум задоволна од менито во градинката во која оди син ми.
Порано беше подобро, сега се едно исто се врти: наутро лепче со крем, или мармелад, или маргарин, или павлака. Некогаш палента.
Со појадокот чај, млеко (кое не добиваа преку лето, демек поради опасност од расипаноста на жешково, или јогурт)
За ручек знам дека секој понеделник е гравче со пудинг, па еден ден имаат ориз, еден ден макарони со нешто, па зелка манџа и компир манџа.
Ова е веќе неколку последни месеци, се надевам дека ќе се поправат малку наскоро, менито им е многу сиромашно [sm=zmeden.gif]




mommy_angels RR -> RE: Мени во детските градинки (19.9.2015 18:44:09)

И кај нас ручекот е баш ист.Понеделник грав или леќа(преку една недела се менува),потоа ориз со мевце,грашок со мевце,зелка манџа и тестенини со сос и ќофте со пире.Обавезно придружувано со сезонска салата(колку и што јадат децата е друга тема).Првата ужинка е или сезонско овошје или сок,доручекот е ок,но втората ужинка е катастрофа(солени стапчиња,переци и сл.)




aloevera -> RE: Мени во детските градинки (4.5.2016 20:06:43)

Дали има некој мени од 11 октомври во јасли што им даваат?




lolla RR -> RE: Мени во детските градинки (13.5.2016 13:30:11)

Пред некој ден имав прилика да видам бебешко мени во градинката позади универзална и морам да кажам дека сум разочарана, останав без зборови. Доручекот е катастрофа мелен ориз со млеко, пудинг со млеко варен морков со риба и лимон [sm=zmeden.gif], сутлијаш, оризови снегулки со млеко ???? епа тоа ли е соодветен доручек за дете до 2 години. Ужинка овочен сок, чај со лимон, или некој ден овошна каша. За ручек ок, само миксот на намирници им е полн погодек за гасови и болки во меше кај деца, пример грав со јогурт, месо со скробови, месо со јогурт. Даваат и пилешко кое сигурно не е домашно. За втората ужинка не коментирам, пиа горе мами енгелс. Коментарот на мајка ми која работи во градинка, беше, за 1500 ден што сакаш [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]





marchi -> RE: Мени во детските градинки (28.8.2016 12:59:49)

bi sakala da prasam dali e dozvoleno vo gradinka deteto da ponecuva so sebe hrana od doma?moeto so vakvo meni povejke gladno ke mi ostane,prebirliv e.




blue_blue -> RE: Мени во детските градинки (28.8.2016 17:05:36)

Во градинка храна од дома не смее да се носи. Замислете што ќе се случи ако сите 20 и кусур деца носат јадење од дома. Кој ќе се грижи истото соодветно да се чува и да внимава кое јадење чиво е. Градинка е колектив, како за сите така и за твоето. Ако е алергично на нешто треба да пријавиш и тоа нема да му го даваат а нема да има ни некоја соодветна замена. Нејќу повеќе да коментирам за храната оти кога ќе ви тргнат децата во градинка ќе сфатите дека таа е најмал прпблем таму. Што и да направите со киноа, амарант, цејлонски цимет, кокосово масло и авокадо нема да ги ранат. Целиот систем е дебело трул и верувајте нема шанса да измените ама баш ништо...едино решение ако толкуве грижи храната ви е да не идат во грдинка. Но, верувајте дека таму храната е најмал проблем...нек ви тргнат во градонка па ќе ме разберете што зборам




elenak -> RE: Мени во детските градинки (31.8.2016 11:00:57)

Сериозно, а што очекувате? Дома ќе си ги храниме како што сакаме, реално не може во градинка да очекуваме дека ќе ги хранат со нешто што бара повеќе време за подготовка. Они гледаат да е брзо и едноставно а некогаш и доста чудно. Како шпагети и супа за ручек, или леќа во комбинација со варено јајце[sm=zmeden.gif] Бидете среќни кога барем имаат овошна ужинка, кај нас нема тоа, т.е се случува еднаш во месец да донесе некое јаболко цело. А од зденка со леб мене ми е смачено веќе, мислам дека најредовни се со тоа за доручек. За кисело млеко и јогурт не сум слушнала дека даваат, палента имале ама не правеле дека децата не јаделе тоа.
Ама ок, ние барем цело време ја зимаме во 12 пред спиење па одма јаде дома кога ќе дојде, таму каснува колку да не и е празно мешето па тераме некако.
Само приметувам огромна разлика,кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно.[sm=smiley36.gif] И добро е!




marchi -> RE: Мени во детските градинки (31.8.2016 11:50:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно.[sm=smiley36.gif] И добро е!

[sm=smiley36.gif] e moeto mandza ne saka da vidi,od godinka ipol navamu ne jade. ocekuvam tamu pokraj decata da "nauci" da jade poraznovidna ishrana.doma prebira.




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]