elenak -> RE: Мени во детските градинки (25.9.2014 13:30:20)
|
Кај нас нигде нема истакнато мени, секој ден треба да прашуваме што имале а доручек,за ручек а и не ми е згодно секој ден исто да прашувам, па некогаш знам некогаш и не знам што јадела, само дали јадела или не. Од она што досега го имам слушнато главно е леб и зденка,леб и еурокрем за појадок, еднаш-два пати некој намаз од маргарин со урда. За ручек имаат грав,леќа,растурена сарма,ризи-бизи, варен ориз или макарони со пилешко (како манџа), вчера имале боранија, денес супа па шпагети.[sm=zmeden.gif] Воглавно добро е, нема некоја екстра нездрава храна, сабајле имале чај или млеко кој што сака, потоа им даваат сок (тертапак) а ужинка најверојатно има само една и Ј не ја јаде, зошто некогаш наоѓам во ранчето некое колаче, обланда или валкано во шеќер во прав,јаболко. Нема тортици,смоки такви работи, добор е засега задоволна сум.
|
|
|
|