meU87 -> RE: Кога да се пробушат ушињата за обетки? (8.4.2013 12:57:24)
|
Мене кога ми ставале обетки немало пиштол , туку со игла, па така едната ме е погоре едната подоле(за нијанса), да не зборам колку крв течело(мајка ми ми кажуваше). И што треба сега да ја утепам мајка ми , или да ја осудувам цел живот дека ми ставила обетки??? Па јас не се ни сеќавам на тоа. А како можело да помине, дали можело да се искомплицира и сл, не би навлегувала во тоа, зошто фала му на Бога добро е се. Сега веќе имам 5дупчиња, имав голем мерак , па самоиницијативно ем во несвест паѓав, ем трпев и одев да ми прават дупчиња. На ќерка ми нема да и ставам обетки се додека сама не изрази желба, пред се поради тоа што јас се плашам, а она ниту ќе памти ниту ќе се сеќава, но мене ми е страв од игли и се тоа.... Имам пример во фамилијата(братучедка ми), обетки стави на свои 8-9год дека ги гледаше другите девојчиња, па сама си побара и немаше никаков проблем околу тоа, а и некој спреј има за да биде безболно, така да одлично помина. Реално болката која е јака е моментална, потоа 2-3мин малку пецка и тоа е се. Нема потреба од толку филозофии, и убедувања дали да се стават или не обетки, Боже мој, па сите имаме. Исто само да се изјаснам многу сум против ставање обетки на ептен мали бебенца. Мојата има 6м па сметам дека е сеуште мала.
|
|
|
|