Beatris -> RE: Кога да се пробушат ушињата за обетки? (16.10.2012 13:55:45)
|
А каде пишува дека не смеам да осудувам??? Ќе осудувам и те како ако сметам дека не треба да носиме (непотребни) одлуки за нашите деца, и да ги изложуваме на болка и ризик од инфекции. Некој напиша погоре, а бидејќи закажував преглед за ќерка ми сега го прашав и нашиот педијатар. Човекот само се насмеа, рече јас на мое дете/внуче не би ставал, кога ќе порасне ок, ама нема потреба. Се појавуваат триста инфекции и чуда, нормално не кај сите, ама дали сте спремни да го сносите ризикот ако нешто такво се случи??? Јас искрено НЕ! И нема да го приморувам моето дете на нешто што не знае што е, и што може да му смета, па и да не добие никаква инфекција, од каде знам дека утре на лулашки нема да го заџапа друго дете за обетката зошто ќе му се види интересна? Значи јас со здрав ум треба свесно да го изложам детето на потенцијален ризик од нешто, епа не фала. А вие како сакате! А мое право е да осудувам ако сметам дека прави нешто што е штетно (по мое мислење). Слободно осудете ме и вие и бидете иронични колку сакате... Јас пак мирно ќе си заспијам вечер!
|
|
|
|