RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Hunny -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 13:35:24)

Мила ние уште сме само на цицање, ама мислам дека павлака е рано да му дадеш, барем јас така мислам.




mila28 -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 13:44:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Мила ние уште сме само на цицање, ама мислам дека павлака е рано да му дадеш, барем јас така мислам.

ti blagodaram Hunny, sin mi seuste si cica, vsusnost i podoite mu se glavna hrana,bidejki kako sto pisav kasi jade samo po 2-3 lazicki, moram da go naucam bidejki za 2 meseci pocnuvam so rabota a i on ima polni 6 meseci i edna nedela, neka pise nekoj koga se pocnuva so jogurt, pavlaka i kiselo mleko




Calypso -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 13:53:22)

Јогурт и кисело млеко можеш со 6 полни месеци да дадеш, а за павлака почекај. Јас лично дадов после година.




Beatris -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 13:57:42)

Јас дадов павлака во исто време со киселото млеко и јогуртот, некаде околу 7 месеци




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:06:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Јас дадов павлака во исто време со киселото млеко и јогуртот, некаде околу 7 месеци


Исто и јас.




mila28 -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:25:08)

Vi blagodaram na site za odgovorot..jas ke probam denovive ke mu dadam malku, ke pocnam so jogurt bio balans.




*Elena* -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:26:18)

Nie sme 7 meseci bez edna nedela, sin mi se davi vo jogurt i ovosen jogurt, se sto ne mu se dopagja, izmesano so jogurt si go jade. Pocnav i pavlaka da mu davam, ovosnite jogurti i doma mu gi pravam, so jogurt ili pavlaka zavisi od ovosjeto, pavlakata e pogusta i povkusna. Inaku na majcino mleko e uste, ima 4-5 obroka majcino mleko dnevno...pozz




Andriance -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:39:38)

Кој ќе ми каже како на бебе да му спремам леќа??? [sm=smiley9.gif]




Beatris -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:43:59)

Свари си ја нормално, како грашак на пр. Јас користам црвена леќа, била побогата со железо, така разбрав, и ја варам со телешко месо, ставам морков, пашкенат, патлиџан, кромид и магдонос и излегува ептен вкусно. Само А кога јадеше на почеток знаеше да и биде тешко на мешето, така да не му бутај многу, пак леќата е потешка, а може да му се бендиса па да не знае за доста [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




vanessa30 -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:47:36)

Adrijance jas mu ja pravam kako za nas da se jade samo mu ja pasiram niz cedilka poradi luspite mi rekoa deka moze da mu zaletne od niv.
Inaku ja spremam isto kako gravot.

Ianku mojot[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] ne e merak mnogu na jogurot bidejki izgleda mu doaga dosta pokiselo, ali zatoa pavlaka si jadime.




Beatris -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:50:11)

Ете заборавив, и јас ја пасирам низ цедалка заради лушпите, не дека ќе залетнат туку потешко се варат. А останатиот зеленчук го пасирам




mila28 -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 14:58:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena*

Nie sme 7 meseci bez edna nedela, sin mi se davi vo jogurt i ovosen jogurt, se sto ne mu se dopagja, izmesano so jogurt si go jade. Pocnav i pavlaka da mu davam, ovosnite jogurti i doma mu gi pravam, so jogurt ili pavlaka zavisi od ovosjeto, pavlakata e pogusta i povkusna. Inaku na majcino mleko e uste, ima 4-5 obroka majcino mleko dnevno...pozz

Elena a od koj jogurt mu davas? i pocna prvo so jogurt ili so pavlaka? Nie sme polni 6 meseci i edna nedela.




*Elena* -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 15:06:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mila28


ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena*

Nie sme 7 meseci bez edna nedela, sin mi se davi vo jogurt i ovosen jogurt, se sto ne mu se dopagja, izmesano so jogurt si go jade. Pocnav i pavlaka da mu davam, ovosnite jogurti i doma mu gi pravam, so jogurt ili pavlaka zavisi od ovosjeto, pavlakata e pogusta i povkusna. Inaku na majcino mleko e uste, ima 4-5 obroka majcino mleko dnevno...pozz

Elena a od koj jogurt mu davas? i pocna prvo so jogurt ili so pavlaka? Nie sme polni 6 meseci i edna nedela.


So jogurt pocnav, mu imam dadeno od bitolskiot(rozeviot) so 2,8 % maslenost i na zbregov isto so 2,8% maslenost...pavlaka isto od bitolskata so 12% maslenost.




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 15:20:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Ете заборавив, и јас ја пасирам низ цедалка заради лушпите, не дека ќе залетнат туку потешко се варат. А останатиот зеленчук го пасирам


Јас не ги пасирам леќата и грашокот и гравот, така цели си ги јаде многу одамна веќе. Не сум знаела дека прави проблеми со стомакот?! Мене ми викаа да пасирам низ цедалка за да не му залетне, ама не знаев за ова со стомакот. А баш претходниот викенд кај моите изел две чинии леќа и после бил нервозен и ждригал [sm=smiley36.gif] Ама не сме имале нешто посебни проблеми со тегоби.




kikicka -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 15:23:26)

Исто и јас не ја цедев леќата,директ со лебче и к.млекце ја јадеше,проблем немаше се со сласт си ја јадеше.
Низ цедалка ја процедував пченката.




Beatris -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.7.2012 15:24:04)

Епа ништо страшно де, само потешко се вареле лушпите, е сега дека тргнувајќи и од себе дека гравот и леќата ми прават тешкотии во мешко, затоа и пасирам преку цедалка.




Fiao -> RE: Прва нова храна на бебето II (3.7.2012 14:44:18)

Prasanje broj koj znae koj [sm=smiley36.gif]:
od koga pocnavte so kromid i luk? kromidot pretpostavuvam go varite, a lukot? i, kolku kolicinski luk davate za 6-7 m?




*Elena* -> RE: Прва нова храна на бебето II (3.7.2012 14:55:33)

Jas na 6 ipol meseci, staviv edno rezance kromid, se varese so zelencukot, ama bidejki mnogu jako mi mirisase, pred kraj del go izvadiv, a ostatokot go izblendirav so zelencukot. Luk ne sum dala [sm=jezicek.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (3.7.2012 15:54:53)

Фиао, јас одамна давам кромид и лук, не памтам колку имаше Филип, веројатно околу 6 месеци. Прво му ставав по половина лукче. Сега за едно јадење по едно цело.

Му го варев лукот сосе зеленчукот. Најомилено му е компир, морков, кромид, лук и брокула со сирење. А ако не сте пробале сирење, направи и тиквичка, морков, брокула и лук. Само јас му ставав обавезно вегета, немаше шанси да јаде така бљантаво.
Кај мене важи политиката „ако не ми е вкусно мене, не давам на бебе“.




miana -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 0:40:43)

Мамички дај кажете каков е тој корнфлекс што го давате на бебиња? И Каков овошен јогурт им давате? и патем кажете домати од кога се даваат? Ние имаме 6 ипол месеци и денес јадевме за доручек за прв пат палента,со путер и јогурт ( баланс +) Мислев со палента да почнам покасно но патронажната ми рече слободно да и дава,кога веке месо давам ,зошто да не и дадам нешто како палента..Многу убаво ја прифати бебето и цела си ја изеде. Епа сакам да ја почастам и овошно јогуртче ама незнам какво и каде да купам???? И пилешко месо какво им давате? Купувате батаци или? Каде наогате тазе батачиња?




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 8:32:18)

миана, јас му давав пченкарен корнфлекс, обичен, од тој жолтиот. А овошен јогурт најубаво е дома да си направиш. Во блендер стави јогурт и на пример праски лупени, или кајсии лупени, може и банана, цреши... Јас така му правев кога беше помал. И од сува брусница сум му правела. Само ако ти останат лушпички од црешите или брусницата, помини ги низ цедалка и стави го јогуртот во шише и ете ти најубав домашен јогурт.
Сега Филип е поголем, па му давам и купечки од Дукат овошен јогурт. Можеш и од тој, има еден од грозје, јаболко и растителни влакна. Само пази на шишенцето да не пишува дека има и парчиња овошје. Тие на Дукат во зелено шишенце немаат парчиња овошје.

Пилешко месо јас стек сум му давала. Ќе купев едно парче стек, ама убаво, тазе, ќе го исечкав на едно 6 коцки и индивидуално ги замрзнував. Па така за шест оброци од едно парче месо имав. Нели за мало бебе доволно е по 50 грама месо на еден оброк.





Andriance -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 10:15:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Мамички дај кажете каков е тој корнфлекс што го давате на бебиња? И Каков овошен јогурт им давате? и патем кажете домати од кога се даваат? Ние имаме 6 ипол месеци и денес јадевме за доручек за прв пат палента,со путер и јогурт ( баланс +) Мислев со палента да почнам покасно но патронажната ми рече слободно да и дава,кога веке месо давам ,зошто да не и дадам нешто како палента..Многу убаво ја прифати бебето и цела си ја изеде. Епа сакам да ја почастам и овошно јогуртче ама незнам какво и каде да купам???? И пилешко месо какво им давате? Купувате батаци или? Каде наогате тазе батачиња?


Јас давам од најобичниот корнфлекс на Виталиа..само малку го потопувам во вода ( пошто кравјо сеуште не пиеме)...патлиџанче мислам дека веќе можете. ја пилешко не сум дала...мојот педијатар ми рече ако немам некој домаќо да ми даде, да не давам уште некое време.
и јас овошен јогурт правам дома, благодарени ена РР-јки...цреши-банана и јогуртче...мф мф




*Elena* -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 11:10:58)

Miana, ja ovesni snegulki davam, se potopuvaat vo voda, caj, jogurt, mleko 2 min i se koristat vo sto sakas...pilesko meso samo belo svezo koristam, a ovosen jogurt pravam doma ili ako sum nadvor kupuvam na humana, toj e za bebinja od 6 meseci. Domati ne sme jadele uste...




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 11:14:16)

Јас корнфлексот и овесните снегулки со јогурт директно ги потопувам, не прво во вода, па после во јогурт/млеко. Ги оставам да постојат десетина минути и меки си се.




miana -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.7.2012 12:24:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena*

Miana, ja ovesni snegulki davam, se potopuvaat vo voda, caj, jogurt, mleko 2 min i se koristat vo sto sakas...pilesko meso samo belo svezo koristam, a ovosen jogurt pravam doma ili ako sum nadvor kupuvam na humana, toj e za bebinja od 6 meseci. Domati ne sme jadele uste...

A kade da go najdam toj ovosen jogurt od humana?????
Vi blagodaram na odgovorite???




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>