RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (18.7.2016 11:39:41)

Се слагам со lolla RR. Првите оброци се само навикнување на храната како таква, на навиката за јадење и внесување други текстури освен млекото, а за хранливоста може да се разговара подоцна, скоро до година главен извор на хранливи материи е млекото. Дури и кога бебе доаѓа на три оброци, јаде во толку мали количини што не е тоа доволно за покривање на потребите. Затоа секако се дава млеко. После година е веќе друг муабет.

Квиско, просото е класичнаитарка, а киноата е псевдожитарка, да, но и двете се сметаат за многу корисна и хранлива за бебиња, посебно во периодот до внесување глутен, кој е барем 8+. Накај 8 месеци може да се дава и спелт, кој има помала количина глутен од овес, рж, јачмен и пченица. Во тој прв период, поентата е да се внесуваат зрна и семиња, не мора буквално житарки, кои ќе го разбудат непцето на бебето, ќе го научат на нови вкусови и структури, а хранливоста ја обезбедува млекото. За путер мислам дека е прерано, евентуално кокосов може.

Milicka30, млеко им давам во зависност од ноќта - пијат по 100мл пред заспивање, и ако се разбудат и пијат околу 2-3, тогаш може и сабајле, ако се кенкави, но ако се разбудиле за млеко накај 4-5, тогаш не им давам на будење и си чекаат доручек, кој ни е фиксен во 8.30-9.00. Сега дека е топло, ги фаќа жед почесто ноќе и им нудам на секое будење, пијат по околу 120-130мл, инаку пијат помалку.

Гина, давам кравјо сирење на Суташ, сум дала и козјо дека се над година, а еднаш дури и мешано. Секако, давам многу ретко, заради солта, и балансирам со тоа што сол нив им давам мноогу ретко, еднаш неделно.

Нова мама, рано е за месо. Има некои тенденции во светов прва храна да биде месото, но повеќето педијари се противат на тоа и го оставаат за 8+, сепак прва храна е овошје, зеленчук и житарки. За втор оброк ви е рано, како што кажа и lolla RR.





gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.7.2016 10:44:43)

nie sme sega godinka dali im davate pokrupno da gjvakat ili uste pasirate

me interesira a med dali davatew i kakov i za magjun




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.7.2016 22:21:16)

гина, за блендирана храна читни во темата ТУКА, а за маџун слободно може да даваш, тој се дава пред годинка, а за медот некои велат после година, некои по 2 години, па како ќе си одлучиш ти. Впрочем имаме и за медот тема, еве читни си КЛИК. Ние имаме домашен органски мед, и планирам некаде од есен/зимо да почнам да му давам на К, ќе има година и некој месец.




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.7.2016 22:23:52)

Заборавив да прашам - семињата (ленено, сончоглед, тиква) од кога се даваат? Се мислам некако дека од 10 месеци може, или грешка сум?




Kvisko -> RE: Прва нова храна на бебето II (22.9.2016 15:07:29)

Женски дајте предлози за ужинка за 8 и пол месечно бебе.
Пред десетина дена воведовме трет оброк ама сега ќе мора да воведеме и една мала ужинка зашто јас се враќам на работа од Понеделник. Сега за сега имаме оброк па цицање (млеко) и така у круг. Проблемот е сабајле некако ќе му остане саат време празно па мора со нешто да се пополни. Сега за сега распоредот би бил цицање и мама оди на работа па доручек со баба па некоја ужинка мала и Аптамил па спиење.
Се мислам што да му дадат за учинка дали нешто малку овошје или што друго?




redflower -> RE: Прва нова храна на бебето II (30.1.2017 15:32:16)

Zdravo mamicki ...Moeto bebe e 5 I pol meseci . Pocnavme so voveduvanje na ovosni kasicki od 4 meseci. Sega pocnuvame so zelencukovi pa me intetesira sto moze da davam osven morkov koj bas I ne go sakase I dali mora cisto da I davam na primer samo spanak samo morkov, samo kompir ili moze da se mesa primer morkov so kompir bidejki mislam I kompir nema da saka zatoa sto potesko go prifaka zelencukot. I uste drugo me interesira od koja vozrast moze da se vovedat barem dve kasicki na den ...nie seuste jademe samo eden vid na den. Pozz




Kvisko -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.1.2017 13:01:54)

Redflower сега за сега се уште сте на пробување вкусови. Ние почнавме некаде накај 5 месеци и нешто да пробуваме вкусови а со полни 6 го формиравме првиот оброк. Тогаш имавме три дена овошје со житарки, па три дена зеленчук.Дури со 7 и нешто почнаме со втор оброк.
Сега за сега не форсирај нешто премногу. Нека пробува и нека отркива што сака што не сака бебуш. Нема се одма да прифати за нешто ќе треба и време. Инаку можеш да мешаш нешто што веќе сте пробале со нов вкус. Пример можеш да измешаш јаболко и морков (така полесно ќе го прифати морковот). Па после можеш морков и компир па компир и тиквица итн итн. Исто трик за полесно прифаќање на почеток е додавање на малку млекце во храната (мајчино или адаптирано никако обично).




redflower -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.1.2017 15:45:15)

Blagodaram kvisko na sovetite :)




Страница: <<   < Претходна страница  41 42 43 44 [45]