|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
3.12.2009 14:55:37   
mami
ние си останавме на 17-18 степени за спиење. Лука е во вреќичка и со кебенце кое редовно успева да го шутне на дно од креветчето. 

(Одговор на членот HristinAntonio)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
3.12.2009 15:29:37   
Весна
Од она што можев да го сумирам од интеренет страниците, се препорачува собата во која спие бебето да биде минимум 16, максимум 20 степени, а идеална е 18 степени.
Е тука има уште еден важен фактор кој се однесува особено за зимно време, тогаш кога дополнително ја загрваме просторијата пришто доаѓа до сушење на воздухот. Најпријатна релативна влажност на воздухот е поставена под 30% (не дека нешто ми значи user posted image ). Но, за регулирање на влажноста постојат оние озонери или како и да се викаат. Ние купивме еден таков од Дормео, само се става дестилирана вода во него и се вклучува во струја. Тоа всушност е и ламба, така пригушена светлина дава, таман онаква каква што сакав за Јана.
Вие имате некое такво чудо?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
3.12.2009 18:42:27   
mis.
Весна за прочистувач на воздух тука имаме пишувано.
Јас мислам дека за новороденчиња е потребно потопла просторија за спиење меѓутоа кога ќе потпорасне и 18 е сепак висока температура бидејќи таа температура е нормална за соба кај што се престојува а не кај што се спие.Мислам дека за спиење препорачливо е некој степен пониска температура.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
12.1.2010 18:50:31   
mother 29
nie ete cela zima ,ako ova e zima hahah spieme bez greenje.mislam dodeka ne se oladat radijatorite,posle na uklucuvam konventor.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
24.1.2010 2:00:40   
S*B*
пошто сме многу мали уште спиеме во топло ама здравје од понатаму ќе го учиме во ладно за спиење и јас и мајкаму сме спиеле во ладно отсекогаш

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
24.1.2010 14:20:26   
mis.
Ние спиеме на ладно и да чукнам од дрво ни да кивнат ни да се искашлат.До лани зимата греевме каде што спијат и постојано беа олнио мислам мартин постојано имаше мака со носето а сега да чукнам од дрво.....добри се

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 15:47:23   
Adrijana
Denje ni e 22 stepeni, a noke okolu 20.

_____________________________



(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 15:54:41   
BILJANA_G
Preku den temperaturata vo nasiot dom ja odrzavam do 28 stepeni,e navecer malku ja namaluvam klimata do 25,so toa sto koga ke postigne se isklucuva i posle pak se aktivira.A vo sobata sto spie e okolu 23 stepeni i bas ni e prijatno na site.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 15:57:40   
Палешка РР
Леле, тоа многу е жешко Билјана. Ние сме денски на 20-22, а навечер до 18 степени и покријана е со едно ќебенце плус.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 16:03:39   
BILJANA_G
Toplo ama jas ne ja tutam epten malku ja oblecuvam a jas non stop na kratki.Toa vikam koga bese poladnicko,sega veke ne e taa temperatura otkoga se zatopli.Sega klimata e na 22 stepeni so toa sto kaj nas sekogas se site tri sobi otvoreni i temp.e Ok. 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 16:07:26   
BILJANA_G
A i moram taka oti ne saka vo vrekicka da spie a mnogu se otkriva treba cela vecer da dezuram da ja pokrivam.A mnogu se poti bez razlika na temperaturata takvo e deteto sto ke bide ako temperaturata e mnogu niska,a taa ispotena i se otkrie.A jas moze vo toj moment ne sum ja setila,togas ke zamrzne.Zatoa vaka i taka sme site nauceni ic ne ni preci.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 17:49:29   
Snowhite RR
А која е идеална температура за спиенње ноќе за бебе од 1 месец?

Ние преку ден одржуваме 21 степен, за капење 25-26, а за навечер пак гледам да биде 21 минимум 20, а ако падне под 20 (цела ноќ сум со термометарот во рака и проверувам), веднаш го разбудувам  мм да го пали огнот или да го вклучи панелот. Ми е страв и не знам дали е во ред ако температурата навечер е 19 степени пример.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 18:48:52   
mami
Ние се грееме на мермерен панел и термостатот е наместен на 18, и цело време е таа темп- за во спална зборам, само кога беше епптен ладно го попуштивме до 20 степени и тоа беше се...Лука спие во вреќичка, боди по кратки и пижамки..А да дежурам до термометарот во рака цела ноќ немам намера...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
27.2.2010 19:11:39   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

А која е идеална температура за спиенње ноќе за бебе од 1 месец?



И кога беше Миа еден месец, а и сега на два, го местиме термостатот на 18 степени, ев. 19, ако е поладно и сам се вклучува.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
28.2.2010 11:39:44   
Snowhite RR
Фала ти за одоговорот, јас мислев дека е ладно 19 степени за бебе.

Што се однесува до облекувањето, бебето треба да носи едно алиште повеќе од мајката, а да се покрива исто колку неа

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
28.2.2010 12:21:02   
biljana16
I moeto dete e isto taka 1 mesec i mojata pedijaterka mi rece deka najdobra temperatura za navecer  e od 18-20 a dodeka preku den 21-22 stepeni.


(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
30.11.2010 12:42:42   
mila mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: darfil

Често се прашувам која температура е идеална за моето бебе,зошто мене секогаш ми е ладно ,а на мм жешко.Колку степени би требало да е преку ден,а колку за ноќ.А дали термометарот покажува точно??


За спиење мислам дека најдобра е околу 17-19, затоа што искуството кажува дека на поладно подобро се спие и не се поти бебето.
А онака за играње откриени, преку ден, јас не би загревала повеќе од 20-22.
Инаку кај мене беше нормалнно до 20. Никогаш повеќе.
И кај нас е обратно, јас сум климактерична мене секогаш ми е жешко, па јас ја контролирав температурата а маж ми викаше дека е смрзнат и дека ќе ги заковал прозоритеuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

За спиење мислам дека најдобра е околу 17-19, затоа што искуството кажува дека на поладно подобро се спие и не се поти бебето.
А онака за играње откриени, преку ден, јас не би загревала повеќе од 20-22.
Инаку кај мене беше нормалнно до 20. Никогаш повеќе.
И кај нас е обратно, јас сум климактерична мене секогаш ми е жешко, па јас ја контролирав температурата а маж ми викаше дека е смрзнат и дека ќе ги заковал прозорите



ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Za bebe da ne e poveke od 22 stepeni, a za spienje moze i pomalku okolu 19 20, da e normalno obleceno i pokrieno so lesno kebence. Neli naucno e dokazano deka prekumerna toplina predizvikuva nenadejna smrt kaj novorodencinjata.


ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Za bebe da ne e poveke od 22 stepeni, a za spienje moze i pomalku okolu 19 20, da e normalno obleceno i pokrieno so lesno kebence. Neli naucno e dokazano deka prekumerna toplina predizvikuva nenadejna smrt kaj novorodencinjata.


Се сложувам некаде до 25 степени е иделана температура...ама иди излези на крај со маж ми



ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

Роден е во февруари и од првиот ден се прилагодивме на 18степени и јас сум склетчика и синми исто,а и машките не трпат толку топло,а за бањање 22степени нормално облечени покриени со плишано кебе


ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

И кај нас е обратно, јас сум климактерична мене секогаш ми е жешко, па јас ја контролирав температурата а маж ми викаше дека е смрзнат и дека ќе ги заковал прозоритеuser posted image



исто и кај нас



ИЗВОРНА ПОРАКА: darfil

Се сложувам со вашите мислења,само што имам 2 термометри и разликата помеѓу нив е 2-3 степени ,па си наоѓам некоја средина.За преку ден го покривам со ќебенце или плишана пелена,а за навечер го ставам во плишана вреќа за спиење и го покривам со истото од преку ден.



ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

okolu 20 c preku den.koga se spie doaga do ladenje na teloto + prostorot ,pogotovo ako e malo ke se otskrie = bez kebence? znaci navecer poveke od preku den.barem kaj mene taka pravev


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Кај нас дома е многу топло и додека Нина беше бебнце ја облекував само по боди и блузичка и доле пантолончиња и додека таа спиеше во креветче во соба обавезно остварав прозор во дневна за да не се поти. Кај нас е повеќе од 25 степени и морав да разладувам. Навечер ја проветрував собата пред да ја легнам за да спие во поладно. Ја покривав само со тенко кебенце.
22 степени е идеална топлина за едно бебе, според мене. За навечер може и поладно, но да е поубаво покриено, посебно ноџињата.
КАј моите во куќата е поладно од кај нас и мислам дека нина најубаво спие таму - дури по 3 саати, додека дома само 1 саат и се буди цела препотена.

Инаку на ваква тема веќе имаме раговарано па ве молам разговорите продолжете ги овде http://www.ringeraja.mk/forum/spienje-vo-topla-ili-ladna-soba/m_25979/mpage_2/tm.htm# (ако може некој да го среди мојов линк )


Postovite se prefrleni poradi istata sodrzina vo temite.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
30.11.2010 13:45:16   
AnnaMolly RR
Ние навечер не грееме. Накај 22 ги гасам панелите и до сабајле додека не станеме не се грее. Не сакам да се научи да спие во топло. А убаво го облекувам со боди, хулахопки и пижами и го покривам со ќебе и јорган. Неколку пати сум станала да го пипнам да не му студи, ама топли му се и рачињата и обравчињата. Така да сметам дека му е убаво. И онака кај нас не е многу ладно навечер, поткровјето е доста топло. Сигурно нема под 16 степени.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
30.11.2010 14:38:56   
majka 79
sega bidejki seuste ne e mnogu ladno,navecer ne greeme. kolku ke se stopli do kaj 23h, tolku.
makar sto jas sum ziva smrznata i vo tekot na nokta mi doladuva, a decata se i vo vreki a i pokrieni so kebenca.
ama koga ke stegni studot toplime i vo tekot na nokta, ne da bide zesko , tuku prijatno za spienje.
vo skroz ladno nema sansi , jas prva se bunam.

_____________________________

mudriot covek ne kazuva se sto misli, tuku misli i razmisluva se sto ke kaze.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
10.12.2010 15:37:31   
nasmejse
А дали ставате капче? Деновиве како што заладува се прашувам дали да почнам да и ставам капче. Ќеркичката ми има 45 дена и речиси нема косичка.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
10.12.2010 16:00:39   
baby_bump
Јас пробав со капче ама ќерка ми се нервира и плака од капчето, па не го ставам. Само кога сме излезени надвор и после капење ставам капа, но и тогаш плака.
Инаку на мојата, овие две утра рачињата и се мраз ладни, па ставам ракавички за спиење и од вчера малку потопла ја одржуваме спалната затоа што кај нас многу дува и пошто сме во стан со стара столарија, многу се чувствува ветерот, од секаде фура, од вчера е навистина ладно.
Значи зависи од детето и како ќе ја навикнеш.
Докторката ни кажа дека не треба да се затоплува главата туку да се остави слободно да дише преку глава, зашто ако ја претоплиш се губеле течностите од мозокот кои после било тешко да се надокнадат........ тоа се нејзини зборови и јас уште на почеток не ставав капа, иако сите ме караа, но што да правам кога ја нервира.

(Одговор на членот nasmejse)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
10.12.2010 16:32:46   
Snowhite RR
Mоето е родено во зима и патронажната ми рече подобро да не се навикнува детето со капа и да му ставам само кога ќе го искапам 3-4 саати да носи капче и после можи да му ја извадам и ноќе да не спие со капче


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
10.12.2010 21:52:22   
Pepelaska *
Мојот немирко за капа не сака да чуе!!! Уште во болница главата му беше гола од претањењ ги туркаше пелените. За дома и за спиење не му ставам никогаш.После капење и за надвор обавезно. За надвор мора капа така ми рече мене педијатарот, а и имам читано на многу места, а за дома не мора.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
11.12.2010 0:15:59   
nasmejse
Da, da, za nadvor zadolzitelno stavame. Dilemata mi bese za doma, ama najverojatno ke si ostaneme kako i dosega bez kapce. Fala mnogu user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Спиење во топла или ладна соба?
12.12.2010 14:47:12   
arh_diz
Jas mu stavam kapa samo koga izleguvame nadvor , doma sme bez kapa .

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот nasmejse)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?