Ikana -> RE: Опрема за новороденче (25.1.2013 8:20:25)
|
Здраво девојче, честитки за бременоста, со лесно и еве вака јас отприлика ќе ти кажам што ми требаше мене за бебето: 1. Боди на кратки ракави (летни) - што повеќе ќе купиш, толку помалку ќе переш, јас би рекла околу 10 парчиња. (Број 56 по наше или 1 број поголем од ова) 2. Боди на долги ракави (да се најдат) - околу 3 или 5 парчиња 3. Тетра пелени (јас купив 10 парчиња, но не за повој туку за покривање, како подлога во количка итн...но можеш да земеш околу 3 парчиња) 4. Капчиња ние не користевме, иако М е зимско бебе, само за надвор едно дебело. 5. Ракавички за рачињата памучни, за да не се гребе бебето, 3 парчиња. 6. Чорапчиња - 5 парчиња 7. Некое фустанче, или шорц и маичка за шетање, можеш и летни шпилхозни, тенки и памучни. 8. Ножички за сечење нокти 9. Топломер 10. Пумпица за нос чистење 11. Пелени за еднократна употреба 12. Јекодерм и павловичева 13. Бебешки шампон 14. Влажни марамици и памукчиња на парче 15. Цуцли лажалки (ако користиш) и шишиња за млеко (НУК ти се најдобри, големина на цуцла 1, со отвор М) 16. Бањарка бебешка 17. Бебешка постелнина - земи си 2 18. Подлога за душек, онаква пластифицирана, да не пропушта, ја ставаш под постелнината 19. Некое тенко памучно ќебенце, земи си 2, не смееш да го претоплиш бебето 20. Креветче 21. Количка и транспортер 22. Можеш и релаксатор ако сакаш да земеш 23. Пумпица за молзење 25. Ние имавме стерилизатор за шишиња, но можеш и да ги вариш во тенџере 26. Четка за чистење на шишиња 27. Крема за брадавици, да не ти се прават рагади 28. АД млеко, ако не доиш, Аптамил е најдобро според мене, број 1 29. Играчка за над креветчето, или некоја друга играчка, ако ти е мерак, ама до 2 месеца нема да ги разбира бебето. Ако ми текне уште нешто ќе ти напишам. ИЗВОРНА ПОРАКА: *devojce* Zdravo mamicki.Jas sum 14ta nedela i slucajno kliknav na forumov mislam deka mi e seuste rano za kupuvanje.Megutoa sve sto procitav od spisocite bese za zimski bebinja.Moevo zdravje boze treba da se rodi vo Juli.Ima li nekoja majka na letno bebe da mi kaze sto sve mi e potrebno za detevo :)
|
|
|
|