|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:36:36   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: antonie

a relaksatorite odat posebno taka? a sediste za vo kola se pravi i transorter?



Релаксатор:user posted image

Седиште за во кола:   user posted image



< Поракaта ја уредил penelopa -- 13.1.2011 10:39:42 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот antonie)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:39:31   
Maca25
Анжи е позади пазарчето Буњаковец. На почетокот на пазарчето е влезот, каде што се цвеќарите.
Има во Анжи супер ствари. А за бодиња и шпихозни, маички и сл. Џамбо. Сега не знам кај нас колку избор има, ама сепак цените се ок, а и квалитетни се, ниту се истегнало нешто кај нас, да изгубило боја, да се искинале конците, ништо. Јас на Нина се од таму и купував.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:42:10   
Natuska85
Беатрис одма позади пазарчето Буњаковец позади Гирадико некако му доаѓа,ќе видиш лесно се наоѓа и има преубави работи македонско производство а не се високи цените.

Во Џамбо стварно има некои слатки работи ама кинески се.Јас купив нешто од таму од мерак,цените стварно ок се ама маде ин чајна си пишува убавоuser posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:43:56   
Natuska85
Е женски а да ве прашам од болница во што го вадевте user posted image , во транспортер или.....

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:50:20   
Beatris
Јас мислам да купам количка со транспортер и во тоа да се изнесе од болница, такви колички гледам 2 или 3 во едно, евентуално ако има и корпа како 3 дел на количката може и во таа, зависи од цените. Гледав една нова количка на Chicco living не да е добра него јас би се возела во неа user posted image  Ама цената е (полека седнете, за да не паднете во несвес) 39.900 денари (количка, транспортер, корпа и торба) user posted image user posted image user posted image  Е што е многу многу е....

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:57:07   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris

Јас мислам да купам количка со транспортер и во тоа да се изнесе од болница, такви колички гледам 2 или 3 во едно, евентуално ако има и корпа како 3 дел на количката може и во таа, зависи од цените. Гледав една нова количка на Chicco living не да е добра него јас би се возела во неа user posted image  Ама цената е (полека седнете, за да не паднете во несвес) 39.900 денари (количка, транспортер, корпа и торба) user posted image user posted image user posted image  Е што е многу многу е....


Кај нас е задолжително од болница детето да си го земеш во транспортер т.е седиште за во кола.

Да Беатрис Чико се скапи но квалитетни. Ние имаме таква 3 во1 и супер сум задоволна. Во транспортерот не се препорачува детето да седи долго максимум 2 часа, па затоа корпата е мераци- доволно широка и удобна и се дига и спушта за да детето не лежи нон стоп. Ако имаш во план да купуваш баш на Чико јас би ти препорачала да тркнеш до Трст знам една продавница- од таму ние ја земавме количката и се што идеше со неа за половина цена.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:57:49   
mama26
mene mi poklonija kolicka so sedisteto za vo kola zaedno..ama ovaa cena e astronomska user posted image user posted image

i se vadi sedisteto od kolickata i vo toa sediste go staviv bebeto


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 10:59:08   
arh_diz
Beatris neznam kakva e kolickata , no kolickite sto se samo za lezenje ke ti koristi nekade do 6-7 meseci posle ne ke saka da lezi vo nejze , i ke moras da kupuvas nova kolicka a i transporterot verojatno e do taa vozrast. Dobro razgledaj , poveke ke ti treba kolicka vo koja ke moze da lezi i da sedi.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:00:33   
Beatris
Знам дека се квалитетни, затоа и гледав такви ама стварно е многу, има трио колички на Chicco и за 30тина илјади, тоа се постарите модели, ама оваа е стварно ептен убава и елегантна, претпоставувам дека се на друго место поефтини, ама ако одам само за количка сосе патот ќе ми излезе слична математика user posted image  Којзнае.......

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:05:42   
Beatris
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Beatris neznam kakva e kolickata , no kolickite sto se samo za lezenje ke ti koristi nekade do 6-7 meseci posle ne ke saka da lezi vo nejze , i ke moras da kupuvas nova kolicka a i transporterot verojatno e do taa vozrast. Dobro razgledaj , poveke ke ti treba kolicka vo koja ke moze da lezi i da sedi.


Знам, гледам такви за користење до 3 години (зависи од детето нели), за овие што зборам имаат корпа за лежење, релаксатор, и нормално основната количка за седење кога ќе биде поголемко на која се монтираат другиве делови. Планирам да купам со сите три дела или евентуално само 2 без корпата, секаде ми кажуваат дека додека е поладничко ќе бидат поефтини а од март негде ќе поскапуваат па не знам што да правам user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:13:26   
penelopa
Да не испадне сега дека јас ги форсирам Чико но кај овие модуларни системи (3 во1) добиваш и торба и превлека за дожд. Сепак ако се купуваш посебно може и поскапо да ти излезе. Имаш доволно време, разгледај прашај наоколу кој како е задоволен па купувај.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:21:29   
Beatris
Ќе видиме здравје, јас треба да се породам во април, ќе биде пролет значи може да се шетаме и цела пролет и лето и есен, не би сакала да се затварам дома па затоа сакам да купам квалитетна количка и мислам да ја искористам максимално, тука и нема некој избор, и тоа што е добро има само по една количка таква во продавнициве, или треба да ја купиш одма или да се надеваш дека нема некој да ја купи пред тебе... 

Инаку еве ја таа што ви кажував КЛИК

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:26:35   
Maca25
Ние имавме количка од mother care и беше со транспортер кој се става врз количката и така се вози бебето во првите месеци. Нина ја собираше во транспортерот до 4 месеци. Количката е со 3 нивоа. Има голема корпа и торба( која не ја користев).
Количката уште ја користиме за преку зимо. Многу е лесна.

Ваква е без транспортер.Транспортерот се монтира за тоа држачот напред и бебето гледа директно во мајкаа. Сега има и понови верзии, кои се и многу поубави.
user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:41:04   
Beatris
Ги гледав и таму, нешто нема баш некој избор сега, околу 30тина илјади се

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 11:50:40   
Martins mom
Што се тие астрономски цени за колички бреuser posted image user posted image user posted image Неам појма што фирма е мојата, ама знам дека маста и ја извадивме и оф не вели. Рачката се мести и назад и напред да си го гледаш user posted image , има 3 положби за местење (легнато, полуседнато и седнато), анатомска подлога имало, се вади целиот материјал од неа и се пери в машина, нема шо нема...а купена е за 6000...и кој знае уште колку време ќе ме служи

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 12:06:25   
mama26
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Што се тие астрономски цени за колички бреuser posted image user posted image user posted image Неам појма што фирма е мојата, ама знам дека маста и ја извадивме и оф не вели. Рачката се мести и назад и напред да си го гледаш user posted image , има 3 положби за местење (легнато, полуседнато и седнато), анатомска подлога имало, се вади целиот материјал од неа и се пери в машина, нема шо нема...а купена е за 6000...и кој знае уште колку време ќе ме служи
POTPIS..


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 12:10:32   
arh_diz
Sllicno na tvojava Maca i na nas ni treba sega , mnogu e vazno da e lesna.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 13:02:14   
Natuska85
500 600 евра за количка ноу вејuser posted image user posted image user posted image .Па не купувам формула за детево бе,ццц

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 14:37:45   
omorfo89
Јас порачав ваква од мегастор и утре треба да ми ја донесат. Количката е лесна и ми се допаѓа што поголеми се тркалата. Инаку е Чиполино Ултра и цената е 9850

user posted image

< Поракaта ја уредил Olivia -- 13.1.2011 18:57:26 >


_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 14:39:30   
Natuska85
Ааа ова што ја имаше ставено на фб.Многу е убава.Принцезата ќе ужива во возењето.А само количката е или има и нешто додаток....И рачка се мести или статична е?пет пати ја уредив поракатаuser posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил Natuska85 -- 13.1.2011 14:41:16 >


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 14:50:55   
omorfo89
Да сигурна сум дека ќе ужива user posted image Еве што има количкава

Количката Ултра 2010 е комбинирана со три положби на грбот и амортизери на тркалата. Содржи големa кошница за багаж и рачка која се врти, Лесно се расклопува и има компактен размер, а во цената вклучува и ранец за мајката, прекривка за нозе и мушама за дожд.
  • Алуминиумска рамка
  • Рачката за придвижување на количката се врти
  • 3 положби на грбот вклучително и потполно легната положба
  • Дополнителна мека подлога на седиштето
  • Предните тркала се двојни и ротирачки
  • Сите тркала се со амортизери
  • Мрежа против комарци за летната сезона
  • Голема кошница за багаж
  • Лесно се расклопува, има компактен размер
  • Ранец, прекривка за нозе и мушама за дожд вклучени во цената
  • Можност за монтирање на седиште за кола "Ултра" и кошница за спиење кои се продаваат посебно




_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 14:56:32   
Beatris
Убава е количката и не е скапа, читав на форумиве дека имало продавница во Ќерамидница каде што имало голем избор на Чиполино колички, и секако на Мегастор, планирам да тркнам и до таму да видам како стојат работите. Има ли некој искуство со количките на Чиполино, како сте задоволни?

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 16:01:41   
omorfo89
Beatris jas bev vo Keramidnica , se vika Deksiko toa e magacin tamu i me prepratija vo prodavnicata nivna vo Taftalidze sproti T.C Aluminka, prodavnicata se vika Kidolini. Tamu imase nekoi modeli od Chipolino , mi dadoa katalog a ako nekoj model go nema vo katalogot mozes da im kazes da go poracaat. Inaku vo blizina kaj Keramidnica ima uste edna kompanija Pir komerc se vika tamu imase izlozeno kolicki na Chipolino. Mozes da prosetas i natamu da vidis :) Jas ovaa kolicka ja vidov vo edna prodavnica vo Kisela Voda ama tamu bese okolu 10.800 i zatoa ja poracav od Megastor. Pozz

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Опрема за новороденче
13.1.2011 16:03:29   
Beatris
Е за таа Пир мислев, фала. Ќе ја побарам иако Ќерамидница ми е непознат поим, ама веројатно ќе се снајдеме некако...

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Опрема за новороденче
17.1.2011 11:23:20   
The Lady
Beatris mozam da zamislam kako ti e :)) nie so maz mi se utepavme od odenje za da na kraj izbereme kolicka za nasiot bebus koj go ocekuvame sega vo Mart. I jas bev zaletana za kolicka od Chicco ama se predosmisliv zasto stvarno se mnogu skapi. Nie zemavme kolicka na Cam Baby i jas sum zaljubena vo nea.Italijansko e proizvodstvoto i se slicni na Chikovite samo so se malku poeftini. Eve ti go i linkot za da mozes da vidis kakvi kolicki imaat  http://www.camspa.it/.


(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?