Еца -> RE: Совети за секој од нас (12.7.2009 0:21:24)
|
Еве интересни, но делотворни совети за секоја од нас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image] * Ако месото кое го приготвувате не омекнува, во сосот додадете малку сода бикарбона и веднаш ќе забележите голема разлика. *Ако не го сакате јакиот мирис на морската риба, тогаш кога ќе ја подготвувате, отстранете ја тенката кожичка од неа и рибата од внатрешната страна протријте ја со сол и оцет или сок од лимон. *Ако супата е премногу солена, ставете излупен жив компир и варете уште 15-тина минути. * Ако сте гризнале многу лута пиперка не пијте вода, затоа што на тој начин само ќе го засилите дејството на лутината. Подобро е на јазикот да ставите малку сол, која ќе ја ублажи лутината. * На сите јадења кои ги подготвувате од мелено месо додајте малку лимонов сок и ќе бидат многу повкусни. *Ако сирењето станало тврдо и суво не мора веднаш да го фрлите. Ставете го во млеко неколку часови и повторно ќе ја врати својата свежина. *Ако немате прашок за печиво, земете рум. 3-4 лажици рум на тестото ќе делуваат исто како прашокот. * Ако супата ви изгледа премасна, ставете едно парче стар леб кој ќе ја собере маснотијата. Истото можете да го изведете и со ладна супена лажица, која ако ја ставите во супата ќе ја собере околу себе маснотијата. * Ако сакате сувото грозје да не ви пропадне во долниот дел на колачот, туку да биде рамномерно распоредено, тогаш пред да го ставите извалкајте го во брашно. * Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи, а вам ви треба цврст шлаг, тогаш пред да го вклучите миксерот, ставете малку сок од лимон. ●
|
|
|
|