RE: Совети за секој од нас (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


zzaa -> RE: Совети за секој од нас (12.4.2013 12:43:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Како да исчистам чкртаница од стило на кожна фотеља?
Ми рекоа со лимон,ама не излегува.

Probaj so pivo,kozenite garnituri i fotelji najubavo se cistata so pivo.isturi malku pivo ili naprskaj pocekaj nekoja minutka i izbrisi so cista krpa ke sjaje kozata.(od iskustvo kazuvam)




Bububebe -> RE: Совети за секој од нас (12.4.2013 14:34:22)

Ај да пробам уште со пиво,да видам што ќе се случи.
Пробав и со алкохол,малку избледе ама пак се познава




file -> RE: Совети за секој од нас (14.4.2013 22:28:33)

Ajde kazete so sto da icistam staklena tava mi e pozoltena kako vleki se na nea




ivoni4ka -> RE: Совети за секој од нас (15.4.2013 1:10:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: file

Ajde kazete so sto da icistam staklena tava mi e pozoltena kako vleki se na nea

samo Aris de gras odmastuvac mu e majkata jas stari fleki od pred 0 god izvadiv i svetnav




file -> RE: Совети за секој од нас (15.4.2013 18:40:02)

ke probam i ke kazam rezultat blagodaram ivoni4ka[sm=smiley1.gif]




Палешка РР -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 9:12:18)

Вчера чистев ореви од зелената лушпа без ракавици и рацете ми се црни сега [sm=zmeden.gif]
Како да ги исчистам, знае некој? [sm=zmeden.gif]




deluxe -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 9:16:49)

Пробај со сок од лимон да ги истриеш рацете,или доколку немаш моментално можеш да употребиш лимонтуз.
па на крај краева испери некоја тура алишта рачно[sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]
има да блескаат рацете[sm=smiley1.gif]




Палешка РР -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 9:25:48)

Вчера исправ на рака ама само едно џемперче и ништо. Денес ги чистев со лимонтус и ништо.
Е можи со сок од лимон да пробам делукс [sm=smiley20.gif]




deluxe -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 9:48:44)

Кога сме веќе кај лимонот,да ви кажам дека со негова помош извадив страшна флека на тепихот од црна фарба за коса.Го исцедив сокот ,на местото го оставив 2-3 мин да стои,и убаво го изрибав местото со самиот сок,а потоа и малки сјај.Чудо се случи,нема ама баш никаква трага.истото го имам применето и на алишта само на флеката што беше од мрсно,освен сок од лимон дотурив и сол.Стварно е ефикасно средство за одстранување флеки.




Snowhite RR -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 12:24:54)

Делукс го преместив твојот пост и во темата за отстранување флеки




deluxe -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 12:34:31)

[sm=smiley20.gif] таман и за таму одговара ,како и да е корисна работа е[sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Совети за секој од нас (18.9.2013 12:47:42)

Да бе лимонот е стварно ефикасен. Мм кога фаќа црно грозје (за виното што го прават) рацете само со лимон ги чисти. Го сече лимонот на пола и со него ги трие.
Палешке или подржи ги во хлор на кратко рацете, ќе побелат.




Dambo80 -> RE: Совети за секој од нас (26.10.2013 9:38:10)

Kako da iscistam muvla od fiokata na masinata za alista?




Bethany -> RE: Совети за секој од нас (26.10.2013 9:44:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dambo80

Kako da iscistam muvla od fiokata na masinata za alista?

Дамбо80, мислиш на фиоката каде се става прашокот?
А проба ли да ја извадиш? Кај мене на машината се вади целосно, додуша малку потешко, ама се вади, па ја перам.




bucko mal -> RE: Совети за секој од нас (26.10.2013 11:32:34)

Mojava ne se vadi,so krpa ja zabrisuvam ama ne mi e cista [sm=smiley13.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dambo80

Kako da iscistam muvla od fiokata na masinata za alista?

Дамбо80, мислиш на фиоката каде се става прашокот?
А проба ли да ја извадиш? Кај мене на машината се вади целосно, додуша малку потешко, ама се вади, па ја перам.





Felly RR -> RE: Совети за секој од нас (26.10.2013 15:42:52)

ДО пред извесно време и јас не знав дека се вади фиоката. [sm=smiley9.gif] А немаше мувла, ама се имаше насобрано прашок, и во делот за омекнувач ми остануваше вода, па го побарав упатството (среќа што го чував[sm=smiley36.gif]) и во него видов дека како се вади, па ја исчистив. Инаку ако не се вади, може да пробаш, да ставиш 1/4 чаша сода бикарбона, па пушти ја да поработи така, празна. Би требало да се исчисти.




AneLav RR -> RE: Совети за секој од нас (26.10.2013 16:01:45)

За мувла најефикасно средство до сега е SAVO лошо мириса ама вади мувла и од силиконот во туш кабините. Јас го немам користено ама мајка ми е презадоволна. Го има во големите супермаркети сто посто ќе ви ја исчисти мувлата.




elenak -> RE: Совети за секој од нас (29.5.2014 23:55:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama11

Zdravo na site jas odamna nemam pisano a porano bev po aktivna.
Si kupiv ubavi cevli na stikla ama malku me stegaat.Ke ve zamolam za sover so sto da gi mackam za da im se poopusti kozata za da ne me stegaat
Ako nekoja on vas znae ve zamoluvam da pisi.PozdrV od mene





Defne90 RR -> RE: Совети за секој од нас (30.5.2014 0:05:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama11

Zdravo na site jas odamna nemam pisano a porano bev po aktivna.
Si kupiv ubavi cevli na stikla ama malku me stegaat.Ke ve zamolam za sover so sto da gi mackam za da im se poopusti kozata za da ne me stegaat
Ako nekoja on vas znae ve zamoluvam da pisi.PozdrV od mene



Ако се од вистинска кожа намачкај ги со помада,мислам дека таа ќе помогне затоа што ќе ја омекне кожата и ќе попушти.А исто така внатре во нив стави омекнувач малку така намачкај ги и верувај ќе омекнат и нема да те стегаат толку.И јас зимата си купив едни доста високи чевли и им ставив омекнувач и попуштија.Сега веќе не ме стегаат.А исто тка можам да кажам дека треба малку и да ги поразодиш и тие сами ќе си попуштат и нема толку да те стегаат.




Felly RR -> RE: Совети за секој од нас (30.5.2014 9:07:45)

Имаше нешто мислам и со ставање во замрзнувач, ама никогаш не ми било потребно па сум заборавила што/како беше. АКо некој знае нека пише, ќе имаме уште еден совет плус. [sm=smiley2.gif]




LoveableMe RR -> RE: Совети за секој од нас (30.5.2014 9:19:59)

Како да раширите мали и тесни чевли?[sm=smiley36.gif]

Еве како за 24 часа да ги направите тесните чевли удобни за носење:

Потребни ви се 2 пластични ќесички со затворач, вода и замрзнувач. Постапката е едноставна, но ефикасна!

1. Наполнете ги кесичките со вода, количината зависи од бројот на чевлите, но од прилика кесички 20x18cm би биле доволни.

2. Добро затворената кесичка ставете ја во чевлата во предниот дел.

3. Потоа ставете ги во замрзнувач на место каде ќе можат да стојат исправено, без да се превртат и оставете ги овде еден ден. Како што ќе се замрзнува водата, така и штиклите полека ќе се растегнуваат.

4. Кога ќе ги извадите од замрзнувачот, ставете ги некаде каде мразот може лесно да се стопи, извадете ги кесичките, пребришете ги чевлите и тадааам!

Мало предупредување: Внимавајте да оставите доволно место во кесите кога ставате вода, заради ширењето на мразот.




Dilina -> RE: Совети за секој од нас (30.5.2014 20:50:46)

Ако сакате бањата за 15 мин да ја гланцнете направете го ова - со крпа да се собере целата вода, и полирапид насекаде, после 15м само плакнење и готовооооо си имате гланц бања :D [sm=smiley2.gif]




Dilina -> RE: Совети за секој од нас (31.8.2014 9:31:51)

RRки јас како и да чистам позади мене СВК прави каканици, кажете некое средство за овој проблем хаха [sm=hudicek1.gif]

Леле најозбилно луѓе, сакам денес да почнам со чистење малце по малце ама знам дека ми е џабе за два саата ќе биде упропастен мојот труд.. [sm=smiley19.gif]




deluxe -> RE: Совети за секој од нас (6.9.2014 15:17:38)

За бањата и бигорот имав пробано буквално секакво средство[sm=smiley13.gif]
Сум се труела со доместос кога ќе чистев,после тоа не можев да дишам,се ми мирисаше на тоа Доместосот.Благодарение на оцетна киселина и сода бикарбона,се случи чудо во бањата.Бигорот за 20 мин го смена,се светна како ново[sm=bravo.gif]
Натурив со оцетна киселиана а потоа потурив и сода бикарбона,затријав и оставив да делува.По 20мин.повторно изрибав убааво,се исчисти.Барем не мириса грозно како Доместос[sm=bravo.gif]




caciana -> RE: Совети за секој од нас (2.12.2014 11:14:14)

Za pokrivanje na ckrtanici na zidot Od flomaster,Ne cistete so voda ,ke Se rasteci boja po zid.Tuku so bel korektor nezno pominete nad linijata,Taa magicno ke iscezne.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>