Mihaela 2010 -> RE: Полот на бебето (18.2.2013 11:49:31)
|
ШТО НА ВАКВОТО ТЕМПИРАЊЕ НА ПОЛОТ НА ДЕТЕТО ВЕЛИ НАУКАТА? Британските лекари тврдат дека шансите за раѓање машко дете се поголеми ако жената долго не можела да забремени. До таков заклучок тие дошле анализирајќи ги податоците на 5.000 родилки кои покажале дека 58 отсто жени на кои им требале повеќе од 12 месеци да зачнат, добиле машки деца. Секоја следна година помината во обиди да се забремени ги зголемува шансите за уште четири отсто. Некои лекари сметаат дека колку повеќе идните родители практикуваат секс, толку им се поголеми шансите да добијат син. Доколку сексуалните односи се ретки, поголеми се изгледите жената да роди девојче. И ХРАНАТА Е БИТНА Утврдено е дека на полот на идното бебе влијае и исхраната на мајката воочи зачнувањето. Во зависност од тоа што жената јаде, внатрешноста на нејзината матка може да биде базна, поволна за пробивање на машките сперматозоиди, но и кисела, и во нејзе подобро да се снаоѓаат женските. Идните мајки кои сонуваат за машки деца мора да навалат на продукти богати со калиум и натриум, додека жените кои преферираат женски деца предност треба да и дадат на храната што содржи повеќе калциум и магнезиум. ТЕМПИРАЈТЕ ГО ВРЕМЕТО НА ОПЛОДУВАЊЕ Јајце – клетката може да биде оплодена во текот на 36 часа, па врз основа на тоа може да се одреди полот на бебето. Сметајќи дека овулацијата настапува 14-от ден од циклусот, што е карактеристично за повеќето жени. Ако сакате машко дете: Воздржувајте се од сексуален однос три до четири дена до моментот на зачнување и на тој начин ќе ја зголемите концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите. Зачнувањето мора да се случи за време на овулацијата, односно 14-от ден од циклусот, или максимум ден порано. Ако сакате девојче: Сексот се препорачува два до три дена пред овулацијата, а потоа треба да апстинирате. Издржливите и виталните женски сперматозоиди ќе го дочекаат својот момент и ќе ја оплодат јајце – клетката, додека послабите, машките сперматозоиди брзо ќе умрат во киселата средина. Екстра совет - За прецизно да го одредите времето на овулација и во зависност од тоа да го темпирате полот на детето, секое утро, во исто време, мерете ја базалната температура во анусот. Зголемувањето за 0,2 степени на средината на циклусот укажува на овулација. Ако сакате машко дете, тоа е идеално време за секс, а доколку сакате девојче, почекајте го наредниот месец и во сексуални односи стапете три дена пред очекуваната овулација. Eve nesto sto najdov od net
|
|
|
|