Maria -> RE: Полот на бебето (6.4.2013 17:43:18)
|
И јас те поддржувам идната_мама...[sm=bravo.gif] Јас кога бев бремена со првото,очајно посакував син,тоа и си добив.[sm=smiley1.gif]Е кога останав со второ сакав ќерка,ама желбата не ми се исполни...се погоди пак машко.Тотално се разочарав и до крај се надевав дека можеби грешка видел докторот.[sm=smiley36.gif] Но кога се роди бев најсреќната мама на светот,во раце го имав најпрекрасното бебенце,кое не би го заменила ни за 100000 женски.[sm=smiley31.gif]Верувале или не,повеќе се израдував на второто,отколку на првото, иако цела бременост бев разочарана поради полот.[sm=smiley1.gif] Мислам дека не постои мајка која би си го отфрлила своето дете затоа што полот не е според нејзината желба,а желбите секогаш ќе постојат. Здраво и живо пред се, ДА,но нема ништо лошо ако си посакуваме бебенце од одреден пол.[sm=smiley1.gif] Еве јас сум спремна и здравје Боже ќе одам и на трето за девојче.[sm=smiley36.gif]Ако се погоди добро,ако не ништо страшно...[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
|
|
|
|