Annet
|
Почитувана докторке,јас од вас барам совет. Еве ќе ви кажам како го помиваме минатиот месец. Вака,почнавме во градинка има 21 месец ,керка ми,и се разболе по 4 дена одење,ни дадоа Аугментин,не го допи бидејќи многу повраќаше,потоа ни дадоа Макропен,ама не ни помогна. Повраќаше многу шлајмови,не спиеше,не јадеше,едноставно дехидрира.Испитавме крв,покажа вирус,ама ни предложија да се лекуваме природно без лекови,немаше ефект и така. Потоа отидовме на ОРЛ,ни дадоа Оперил и таму направени капки со антибиотик,ги примавме 1 недела,и плус сируп Аериус,бидејки сомненавме дека е алергија на млеко(и се јавуваа црвенила на лицето одкога ќе се напиеше кравјо млеко и веднаш го повраќаше).Веќе 2 недели го пие сирупот аериус,ама пак и се повторија симптомите,повраќа,а не и давам кравјо млеко,само јогурт,купив соја млеко,ама страв ми е да и давам. Направивме и брис од грло и носе,не покажа ништо. Значи поминаа 5 недели,мојата ќеркичка не е подобра. Ве молам итно ми треба совет,каде да се обратам,дали е најдобро алерго тест,бидејки нели на ова возраст нема ни 2 години,велат немало да покаже 100%, а јас гледам дека има реакција на кравјо млеко,а од вчера и на јајца. Додека се пие Аериус не се прави алерго тест,така знам. Е сега Кажете ми кое млеко да му го давам на детето,во замена на кравјо,дали хипоалергено или некое друго. Многу ќе ви бидам благодарна ако ми дадете совет и ме упатите каде да се обратам,бидејќи ние веќе 5 недели лутаме по амбулантите во нашиот град. Поздрав,мајка на Ива
< Поракaта ја уредил Annet -- 26.5.2013 16:54:52 >
|