Еца -> Топломер (4.5.2009 8:27:14)
|
Стаклените топломери со жива се поретко се употребуваат и во голем број европски земји.Дури американската академија за педијатрија во 2001 год,се изјаснила против употреба на топломерите со жива.Дигиталните топломери,можеби се најдобра опција.Пред се,поради фактот што набргу по мерењето резултатот лесно се чита.Освен дигиталните кои ја мерат температурата под пазувите,во чмарот и во уста,постои и поскапа верзија на тимпанични топломери,кои се ставаат во уво,а постојат и уште едни кои се лепат на челото. Каков топломер користите и кој според вас е најдобар за употреба? Јас користам и дигитален и топломер со жива,покажуваат ист резултат,можебо со 0.1 разлика во степени,но сепак дигиталниот ми е многу попрактичен.
|
|
|
|