ElleGreenaway -> RE: Сакаме две црти!!! - III дел (12.4.2013 6:35:45)
|
Девојки, го читам форумот наназад 1-2 години минимум - но досега немам ,,чепкано,, во бременост :) Јас не сум родител, сега за сега, но сакам да ви кажам едно ,,чудо на природата,,. На мајка ми и беше речено дека нема да може да има второ дете, и таа се помири со судбината на некој начин. Имаше здравствени проблеми и докторите и рекоа - дека не може. Сепак, на 36 години ја роди сестра ми :) Сакам да ве охрабрам, не се откажувајте, месец за месец, ќе си дојде и вашето бебче. Тие што се во 30тите, не се плашете - наша семејна пријателка роди на 42. Само храбро, и сите најскоро да си гушнете по еден плачко или плачка. Јас иако немам свои деца, навивам многу за сите кои сакаат да имаат!!!
|
|
|
|