Bethany -> RE: Сакаме две црти!!! - III дел (3.1.2014 11:35:03)
|
Честитки за новите трудници. Убава и лесна бременост ви посакувам. И уште повеќе посакувам за бројот на трудници да расте, оваа година да биде мноооогу плодна [sm=bravo.gif] ЛавблМи ме заинтересира со ова споделување на рецептот [sm=smiley36.gif] Не знам дали имам некаде пишано, ама јас нели бев на кломифен и со трета доза кломифен останав бремена. И тоа мислам дека ми помогна токму нешто што имав прочитано тука на форумот од една постара членка како останала бремена. Доктор и предложил да имаат темпирани односи насабајле, уште од креветот да не излезат додека телата им се се уште опуштена и топла. Ете третиот месец со кломифен така правев, па дали има влијание дали не, ама знам дека тоа беше различно нешто од претходните месеци обидување. Па исчекувалки пробајте, нема што да изгубите, а и патем најубаво е [sm=zz_wub.gif]
|
|
|
|