alex.1 -> RE: Сакаме две црти!!! - III дел (20.1.2014 14:10:31)
|
Здраво на сите. Ви посакувам Среќна Нова Година и сите желби годинава да Ви станат стварност. Јас не сум бремена,добив како што и очекував по симптомите што ги имав. Малку ми е стресен периодов ,имав смртен случај (блиска роднина),и се соочувам со други проблеми здравствени кои ги има мојата свекрва,што ми е искрено многу жал бидејќи ја сакам како мајка(има рак кој е во поодмината фаза). Можеби нема често да пишувам периодов,но ве следам и посакувам многу бебиња годинава. Јас ќе правам пауза периодов што следи,бидејќи мора така да биде,нема да одам на лекар,но потоа пак ќе се вратам на стариот пат ,се додека не ми се исполни желбата по втор пат да станам мајка,нормално ако можам,ако нема некоја виша сила ,која ќе ми го попречи патот да добијам уште едно ангелче . Поздрав на сите и не се откажувајте од вашата цел,само напред.....со многу слатки и здрави [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif]
|
|
|
|