Ummu_Ajna -> RE: Полигамија (3.1.2013 12:04:48)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany Сакам да ви прераскажам една случка од СТариот Завет (кој читал сигурно ја знае), ќе се обидам да ја пренесам најверно. Имено зборуваа за Аврам и неговата жена Сара. Тие не можеле да имаат деца. Веќе беа стари кога Сара му предложи на Аврам да ја земе нејзината слугинка Агара(Египетка) и преку неа таа да добие деца. Аврам ја послуша и слугинката Агара забремени. Кога забремени Агара се возгордеа и почна со презир да ја гледа својата господарка Сара. Тогаш Сара се изнервира и му кажа на Аврам дека тој бил крив за оваа неправда, и и било криво дека сакала добро да направи, а таа ја сега гледа со презир. Затоа Аврам и кажаа на Сара да прави со Агара што сака. Сара ја избрка Агара. Лутајќи по пустина, на Агара во пресрет и дојде Господовиот Ангел и ја праша: 8 и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.” 9 А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце! 10 Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.” 11 Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака. 12 Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.” Аврам имаше 86 години кога Агара му го роди Исмаил. Меѓутоа уште пред ово да се случи Бог му има ветено на Аврам дека ќе му даде наследник. Сара беше нетрпелива и немаше вера па го потикна маж и да спие со Агара. Ама Бог го исполни своето ветување, и Сара забремени кога беше стара и кога не веруваше дека тоа може да се случи. На Аврам му се роди син Исак кога Аврам имаше 120 години. После тоа, Сара виде како син на Агара, Исмаил, се поигруваше со нивниот Исак и му кажаа на Аврам да нејќе син на робинката да наследи она што треба да припадне само на нивниот син Исак. Тоа не му беше мило на Аврам, бидејќи и самиот Исмаил му беше син. Но Бог му кажа да ја послуша Сара, бидејќи Исаково семе ќе го овековечи неговото име, а и од Исмаил Бог ќе подигне голем народ. Затоа Аврам ја испрати Агара со Исмаил далеку од нив. Се смета дека Аврам ни е "татко", дека муслиманите се потомци од Исмаил, а Евреите (и сега Христијаните) од Исак. Umu Ajnna, јас знам дека и вие во Куран имате Аврам, мислам дека приказните се различни малку, ама ете оваа од Библијата ме подсети на тебе. Уште во тоа време луѓето се соочуваа со проблеми со забременување, па и со други чувства прикључни кон тоа. Се надевам дека ти ќе забремениш, бидејќи дете навистина може да промени состојба и во главата, а да не зборувам за во срцето. Ако ти е само да му најдаш жена за да му роди дете, биди спремна дека ако се тоа случи дека ќе имаш тежок период, ти првин сама со себе. Немав некоја посебна причина со овој пост, освен да истакнам уште една "лоша страна" на бигамија (полигамија) и всушност како настанала, се е поврзано со размислувања на луѓето, од нивните стравови, лични борби и сл. da ova go ima vo kuranot kako kuransko podglavje sura ibrahim-avraham zena mu isto se spomnuva kako sara, a taa drugata ne kako agara, tuku kako hadzer. sinot na sluginkata se vikal ismail a kaj vas ishmail. i taka
|
|
|
|