Bethany -> RE: Полигамија (3.1.2013 13:11:50)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany Не ја почитувам нејзина одлука поради моите убедувања и верувања и на наоѓам тука место да почитувам нешто спротивно од моето лично убедување. Тоа ќе значи дека не си се почитувам себеси, ако ќе почитувам нешто што е против моите ставови. Ова значи дека не почитуваш никого кој мисли и постапува различно од тебе? Значи - за да ме почитуваш треба да мислам и делувам исто како ти? Мислам дека ова е многу, многу погрешен став. Ниту јас не би прифатила живот како Ummu_Ajna , ниту јас не би го делела мажот со друга жена, бидејќи се противам на таков начин на живот, но БЕСКРАЈНО ја почитувам и неа и сите жени на светот кои живеат како неа. И со задоволство би пиела кафе со неа во нејзината куќа, иако се противам на таков живот. Тоа би го направила од почит кон една друга култура и религија различна од мојата, од почит кон неа како кон жена. Боже Палешка, не знам како го заклучи тоа? Според мене едно е да ја почитувам особа како особа, живо битие, суштество исто како и јас, а друго дали ќе почитувам изборите што таа особа ги прави. Ако некој се дрогира, јас ќе го почитувам како личноста, тој се уште има личноста и е универзална единка, ама не почитувам неговиот избор. Јас ја почитувам неа како личноста, единка, жена ама Не нејзиниот избор- не е била принудена на ништо, ја наведе причините за мене неприфатливи и што е сега тебе проблем па дури и да не сакам кафе да пијам со неа? Немам ни јас ништо лично против неа, тука само кажуваме мислења, наглас размислуваме. Што е тебе запнало толку па сега сите исто и да кажуваме. И ја веќе не сфатам твојата поента. Почитувај колку сакаш, еве ти и медал од мене како најпочитувач. Веќе се смарам навистина, и овакви "барам влакно во јајце" коментари ме исцрпуваат. На крај краиштата, мисли што сакаш, ама јас нејќам да доаѓам во состојба да морам да одам да се жалам на тебе во жалби и поплаки дека не ми даваш да се искажам. Хаха, се шалам малку. Ако не се разбираме, не се разбираме, ти пак нешто ќе најдеш и во овој пост, оти си запнала да се до(ис)кажуваш.
|
|
|
|