mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 10:50:04)
|
aj dobar vi den od mene,zemam od ova zamrznatoto i eve na sto se smeam jas celo utro "87-годишниот Блажо ја објавил „тајната“ за добивање на машко дете, бидејќи не сака таа да оди заедно со него во гроб. Неговиот рецепт досега се пренесувал од колено на колено, но конечно Бајо се смилувал и одлучил да ја сподели со светот. „Да добиете машко дете мора да се придржувате кон 3 режими. Тоа е разликата во годините помеѓу брачните партнери, овулацијата и режимот на исхрана. Секои 7 години половите органи се „обновуваат“, т.е. на 14, 21, 28, 35, 42 и 49 година од животот. Кога еден од партнерите во бракот ќе ги наполни овие години, се раѓа дете од неговиот пол. Ако еден брачен партнер има 21 година, е во предност да добие дете од својот пол се додека другиот партнер не наполни 21 година“- изјавил Шушкавчевиќ. Предност да добијат син, исто така, имаат жените чии маж е постар 5, 6, или 12, 13 години од својата сопруга. Исто така, според овој приоритет предност за машко дете имаат и оние парови каде жената е постара од една до две години од нејзиниот партнер. “Докажано е дека во семејствата кои имаат две деца, ако едното е постаро од другото седум или 14 години, мора да бидат ист пол, освен ако жената останала бремена третиот ден пред овулацијата, или третиот ден по овулацијата. Овој период е исклучок, бидејќи ако остане бремена три дена пред овулацијата и роди машко дете, за жал тоа ќе мора да биде ретардирано. Ова треба да го знае секоја двојка, затоа што љубовните занеси во текот на три дена пред овулацијата можат да бидат опасни “, заклучува овој „експерт “за машки деца. Бајо вели дека за добивање на машко дете важно е да се јадат солени јадења и сите салати освен спанаќ и зелка, а во меѓувреме задолжително да се контролира таквиот режим на исхрана со докторот. „Жената не треба да биде уморна, депресивна и настината два дена пред овулацијата, односно ако добие овулација 14 дена по менструалниот циклус, треба да се утврди вистинската температура, затоа што на тој ден се зголемува температурата за неколку степени, и тоа е вистинско време, или следните 12 часа, за добивање дете од машки род”, открива Шушкавчевиќ. “ Сигурен знак дека жената носи машко дете, како што кажува овој познавач на „тајната на машкото потомство“, е тоа што во првите месеци од бременоста кај неа треба да има промени, а во последните ќе може слободно да го игра Пајдушкото оро." [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за екпертов,навалете жени на правење деца [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
|
|
|
|