RE: РР ДрндрнРАЈКИ (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Yummy Mammy -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 13:07:56)

Zdravo i od mene. Gledam ispozaspavte site od vremevo. Ili se izmorivte od klikanje minatata nedela, pa sega se fativte za rabota [sm=smiley36.gif]
Jas zavrsiv sto imav za denes, i sega ke pocnam da go lizam monitorov [sm=smiley36.gif]
[img]http://www4.slikomat.com/13/0618/w7v-coctai.jpg[/img]
Posluzete se!




vezilka RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 13:15:52)

mommy_angels овој сериозно си ја сфатил работата во истражување на проблемот, како до машко потомство [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. ЈАс не успеав да го проследам до крај, ме шашардиса, хи, хи..

Фала за коктелче, убаво се разладивме. [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 13:29:49)


Јами мама фала за коктелче, одлично е, да не дигне малку [sm=smiley36.gif]

Се токмам да вежбам, се одлагам, ама морам! Имам малку воспаление од вчера, ама добро е, ме болат мускули баш таму каде што треба [sm=jezicek.gif]




mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 13:52:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

mommy_angels овој сериозно си ја сфатил работата во истражување на проблемот, како до машко потомство [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. ЈАс не успеав да го проследам до крај, ме шашардиса, хи, хи..

Фала за коктелче, убаво се разладивме. [sm=smiley1.gif]

па не да ме шашардиса,си викам еве што било работата,јас мислев дете само така се прави со секс,па ете 7 години едвај го направивме,а оно да ми ти имало рецепт бре.......туууууууу мајката,неука јас




mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:04:37)

туку ајде ние да каснеме по нешто свежичко оти кај и да е ќе си одиме дома на овие 40 степени [img]http://lovelivegrow.com/wp-content/uploads/2012/01/ice_cream_with_berries.jpg[/img]




deluxe -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:18:17)

Ај да си се пофалам тука денес е роденден на мојата ќеркичка Ана полни 8 годинки[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Тортата сеуште не стигнала,секако ќе ве почестам[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:25:27)

Среќен нека и е роденденот на Ана! Голема да расти!!!
[img]http://www.cyberkisses.com/platinum/images/birthdayhearts4.jpg[/img]




Snowhite RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:27:02)

Хелоу, јас малку апстинирав од интернет после наградната игра, ај сега да ве освежам со по еден сладолед, по повод 5 месеци откако се роди Јана
[img]http://tortekolaci.com/wp-content/uploads/2011/08/sladoledi-recepti.jpg[/img]

ЕДИТ. мами ангелс веќе почестила сладоелд, мислам нема гајле од повеќе а, што велите?

Среќен роденден на ќерќичката делукс




deluxe -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:29:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Среќен нека и е роденденот на Ана! Голема да расти!!!
[img]http://www.cyberkisses.com/platinum/images/birthdayhearts4.jpg[/img]



Фала ,фала,ви борчам торта [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:31:28)

Среќен роденден Ана! Убаво да си поминете делукс.
Јас иначе си се свежам со ладна Цедевитка, повелеле има и за вас[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
[img]http://www.cedevita.hr/hr/vitamini/casa.png[/img]




Mihaela 2010 -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:35:28)

Srekjen rodenden na Ana golema da raste
Nego sto ste se rascastile bre u niedno vreme...od kaj tolku pari za castenki,ni sme prvi ni priblizno do prvi[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:41:33)

Среќна и весела да е Ана, голема и умна девојка да расте! [sm=darilo.gif]
Михаела, ова што се нашло по дома, не дека се луксузираме сеа [sm=smiley36.gif]
Јас после морам на ВИСТИНСКИ сладолед, пошандрцав на 100 степени, без клима, во поткров простор...




elenak -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:47:21)

Ауу сандриана, не знам зошто се жалиш. Кој ти дава користење сауна бесплатно и тоа во работно време [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




anaana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:51:57)

Јас после морам на ВИСТИНСКИ сладолед, пошандрцав на 100 степени, без клима, во поткров простор...


ako ti e za uteha, na rabota sekoj den po 8h bez klima i so prozori koi skoro i da ne se otvaraat :(
navodno toa sto e nalik klima vo kancelariive - a ne e klima tuku nesto kako radijator (zimata bese rasipano ne duvase toplo, sega e rasipano ne duva ladno), ete toa nema da go popravele vo skoro vreme. a taman si idaat tropski gorestini....

ama pa toa sto vika elenak, koj ti dava sauna bez pari... :)))))))

so toa se tesham i jas :)))


P.S. Deluxe sreken rodenden na Ana, mnogu sreka i uspesi... i ljubov od mama i tato :)), a i od bato :))

shala na strana se pobrkav... mi se losi od voda pienje veke :)))))




sandriana RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 14:57:16)

Не се жалам бе, си праам муабет со Вас [sm=smiley36.gif]
Така не мислам на жешкото, полесно ми е [sm=smiley36.gif]
Сауна гратис - која сака, нека повели кај мене во офисот на каВе [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 15:02:55)

Ќе идржите вие, МАЈКИ сте [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ама после кога ќе стопите сало, ќе се фалите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 17:27:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010


Nego sto ste se rascastile bre u niedno vreme...od kaj tolku pari za castenki,ni sme prvi ni priblizno do prvi[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]


Е Mihaela 2010, стварно ме збуни со ова првиов. Дури сега ми текна на што мислеше - па не земаме плата сите на први. Некој зема на 18-20, некој па еднаш на три месеци. Е тогаш е стварно за честење.[sm=jezicek.gif]




Bethany -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (18.6.2013 18:43:53)

Ме изнасмеавте со сауната... Ај ќе ви дојдам на кафе да се и јас истопам [sm=smiley36.gif]
Тука кај нас во станов е милина, излезеш на балкон, топлотен бран те удри, ама внатре е свежо, не знам клима дали двапати пуштавме лани... Инаку, се извежбав, се испотив, мм ми вика дека сум луда на ово време и скокам, ама луда - нелуда ќе скокам додека не ми здосади. [sm=smiley36.gif] Или додека не одам на море барем [sm=jezicek.gif]

Ме настрвивте со сладоледот, морав да одам да си купам еден... и уште една порција ќе си ставам сега ... место вечера де [sm=smiley36.gif]
Еве и од мене сладоледче, нема сигурно да е вишок [sm=smiley36.gif]
[img]http://3.bp.blogspot.com/-i1kLMk-iFhw/UE2lyh3R3bI/AAAAAAAAARk/UbAKQQQYAN8/s1600/ice_cream.jpg[/img]




mama_06 -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 9:05:45)

Добро утро, убав ден невести! Во догледно време ке научам да редам и слики овде па ке частам сладолед.




AneLav RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 9:12:37)

Леле јас како сум за вежбање имам две бебиња и нон стоп сум во движење а ни грам не сум ослабена откако се породив....[sm=smiley13.gif]




mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 10:29:10)

Добро утро женчиња,едно вакво кафенце добро ќе ми дојде [img]http://img4-1.myrecipes.timeinc.net/i/recipes/sl/06/02/mocha-frappe-sl-1152934-l.jpg[/img] , четири пати се препотив од сабајле,потрошив пола моја плата на пешкири и кошули за мајстори [sm=smiley1.gif] и ајде нека ни е на здравје и за убаво,со мерак купив се,туку што ќе се прави до плата [sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 10:40:29)

И јас сакам такво кафе [sm=smiley36.gif]
А до плата - ќе се преживее некако, само убави работи нека се случуваат, Mommy_angels [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 10:59:43)

Еј мамички,здраво како сте ?
Јас еве се ладам под клима ( нездраво ама неопходно )
Како се справувате со жештиниве?
АЈ частете по некој сладолед,да оплакнеме очи [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 13:12:18)

Ајде за сите по едно топче сладоледче,гледам дека ви е жешко [sm=smiley36.gif]
[img]http://www4.slikomat.com/13/0619/q3h-105710.gif[/img]




deluxe -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (19.6.2013 13:23:36)

Алал да ти е Мианке за сладоледот,како убаво ќе ме освежиш после синоќешната забава[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] .
Си поминавме супер за роденденот ,утрово го поминав во суредување на куќата,е сега ќе си се освежам со сладоледче[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  51 52 [53] 54 55   Следна страница >   >>