Dominika -> RE: Бутици за детска облека (11.6.2012 12:14:46)
|
Убаво кажа кикичка, ако не си сигурна земи поголемки, секако ќе си ги износат. Или договори се со продавачката ако има потреба дали прават замена за поголемо бројче. Моево синче е покрупно и цело време носиме еден број плус за возраста и висината. Колку ми е жал што некои работи донесени на подарок не ни се фаќаат. Со тие што сум поблиска, се договарам да ги замениме за поголемко, ама дел ми останаа неискористени. Ја прочитав темата и јас сум за облека со реални цени, но со пристоен квалитет. Сепак, тоа е облека за нашите најмили. Ги користам нашите македонски производи од Стружанка, Вигор го посетувам, бутиците во Лептокарија, Мони-бони бутикот во Антико во Карпош 4 (гледам никој не го спомнал, а имаат квалитетна турска роба со пристојни цени). Од Венис имав неколку работи кога беше помал, сега не сум му купила скоро. Окаиди ми се прескапи, единствено обичните памучни маички им се со некои поприфатливи цени. Откритие ми е Бебеслинг продавницата кај Бравос ресторанот. Бевме да му купиме килибарно герданче на синчето зашто многу се мачи со забите и не знаев дека имаат и облека. Му земав прекрасни летни панталончиња од памук и од лен, рачна изработка, по 190 денари. Ептен се пријатни и меки и супер се перат во машина. И пролетно/есенска јакна како дуксер му земав, памучен, со две лица за 590 денари. И за девојчиња имаше убава облека. Ќе имаат и нови работи, па дефинитивно ќе го посетам пак, наскоро, ако не друго, да му доземам од панталончињата.
|
|
|
|