Herco -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.5.2013 10:21:25)
|
Здраво мои Рингерајки, Јас одамна немам писано, односно после првото неуспешно ИВФ пред речиси една година. Сега сум во постапка за второ, веќе две недели ја примам потребната терапија, па здравје, мозеби веќе следната недела ќе се изврши пункцијата и трансферот, ако даде БОГ и се биде како што треба. Ми треба вашата поддршка, затоа што само Вие тука можете да ја разберете маката, болката после неуспешно ИВФ и целиот пат што го минуваме за ги видиме тие[sm=rozacrtici.gif] и се израдуваме. Малку ме плаши тоа што докторот ми вели дека поспоро се развивале фоликулите, ама исто вика дека важно е само да ги има. Ќе ви пишувам редовно, зошто сте ми навистина потребни!
|
|
|
|