ole2004 -> RE: Вештачко оплодување IV дел (23.6.2013 0:21:36)
|
За првото бев внимателна,не лежев цело време,но бидејки живеам во куќа не се симнував по скали,па ми носеа храна на послужавник[sm=smiley36.gif].Тест направив на денот кога требаше да добијам,бидејки имав мало крварење и беше со бледа[sm=rozacrtici.gif].Потоа земав патолошка и мислам дека беше непотребно.За второто воопшто не размислував,се качував по скали,ги вршев сите домашни работи,трчкав околу ќерка ми која имаше 18месеци,само не дигав ништо тешко и ми беше жал кога ќе ми кажеше мамо земи ме.Тестот го направив преку крв два дена порано,бидејќи на мм му беше роденден и сакав да имам двојна причина за прослава.Потоа продолжив со работа се до пораѓај.Само со позитивни мисли,верувај во позитивен тест и не размислувај за ништо друго.Поздрав и ти посакувам успех.
|
|
|
|