Bethany -> RE: Вештачко оплодување IV дел (4.8.2013 13:57:28)
|
Капина [sm=smiley31.gif] Во ред е да плачеш, и исплачи се после се што биднало. Додуша не разбрав добро во твојот пост, можеби се уште плодот е таму, така ли? не те гледал докторот на ехо? Како и да е, ќе знаеш утре што и како, разговарај со докторот што и како понатаму, дури не мораш да журиш, дај си време. Има време за тага, има време и за радост, тоа е живот и ќе дојде оно што е твоето, во право време. Се разбира дека си скршена сега, и нормално е, не се опири на болката, нека излезе, солзите се лек за душата, така јас си викам. Времето ќе ти ја обнови надежта, тагата ќе те направи посилна и ќе се бориш и понатаму, ќе видиш. Уште посилна ќе бидеш. И Господ ќе ти ја исполни желбата!
|
|
|
|