Hopeful RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 10:25:22)
|
Добро што ја најдов темава, мислев да отворам нова за психичките аспекти на бременоста, но фала богу, не сум сама и единствена. На кратко кажано, се плашам дека забегувам. Ај што сум со променливо расположение, раздразлива и избувлива, како што и пишав во претходниот пост префрлен тука, но мислам и дека ми е намален капацитетот за рационално и здраворазумско согледување на нештата. Може ми тлее во позадина рационалното сознание, но додека да стигнам до него, треба да поминам куп несигурности, стравови, фурања, бес, иритации и што се не, а во меѓувреме сум се испокарала стопати со најблиските и нема назад. Знам дека baby brain значи заборавеност, дефокус и слаба концентрација, но се плашам дека кај мене е нешто повеќе. Имам и депресивни, и анксиозни моменти, не само дали и како ќе се снајдам со бебињата, туку и глупости - дали ќе ме сакаат, дали јас ќе ги сакам, дали ќе бидам нервозна и ќе се карам со сите, дали ќе бидам лоша... И плус, онакво општо чувство на несигурност и страв од промена и од моето (не)прилагодување на неа. Исто така, уште од сега ми е страв од постпородилна депресија и уште од сега се филмам за тоа како други ќе ми досадуваат со наводна помош, а демек јас нема да ја сакам и ќе се нервирам. Иако сите ми викаат дека ќе ми треба помош, и сигурно се во право, јас сум убедена дека таа помош мене ќе ме нервира и никако не можам да си ги изгонам тие мисли од глава. Имам многу стрес на работа, разгледуваме опции за селење и се се насобира, посебно што како човек, сум многу тешка на промени. Се надевам дека ќе успеам да се приберам и за мое добро, и за добро на мм, а најбитно за добро на бебињата. Мм ме трпи, ама и на него му пука филм, бидејќи знам да станам комплетно ирационална и конфликтна. Се осеќам како во стапица и не знам што да направам за да си помогнам - обично вежбам и се олабавувам од негативна енергија, но сега не смеам. Времево надвор е тапа, не можам ни да шетам којзнае колку, а и тоа физички ми станува се потешко. Еве сега немам енергија и ме фаќа паника на помислата дека треба да се јавам кај матичната и да закажам контролни брисеви. Е, до толку ми е... [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|