RE: Емоции во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Hopeful RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 12:21:28)

Видиш, на јога не ми текна [sm=smiley1.gif] Ќе пробам, барем на нет има милион вежби, се надевам ќе помогне. Те [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 13:23:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Исто така, уште од сега ми е страв од постпородилна депресија и уште од сега се филмам за тоа како други ќе ми досадуваат со наводна помош, а демек јас нема да ја сакам и ќе се нервирам. Иако сите ми викаат дека ќе ми треба помош, и сигурно се во право, јас сум убедена дека таа помош мене ќе ме нервира и никако не можам да си ги изгонам тие мисли од глава.



Ова потполно ко јас да сум пишала ,но не додека бев бремена туку по породување.А ова од LoveableMe RR е тотална вистина за мене а и веројатно за тебе.Такви сме.

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Мислам дека тоа се стравови кај луѓе кои се многу одговорни и посветени во животот и мислат за се, сакаат да биде се како што треба, а оние кои не му ја мислат многу, мислат дека можат се и полесно поминуваат во животот и во мајчинството.



Ова да го знаев порано дека ако си бараш помош полесно ќе ти биде , ќе беше може супер ама не не и не неможам да зависам и други да ми висат на глава. Не да те плашам ,тешко е ,депресија ќе фаќа. Но мора од сега да се прибереш ,да расчистиш што сакаш потоа. Едно е сигурно ќе ти треба блиски свесни луѓе за муабет и прошетка.Не е клише да излегуваш и ги оставаш, зошто да после ќе ти биде потешко.
Се надевам добро намерно ќе ме разбереш и тука сум за збор два ако ти треба [sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 13:35:17)

Добронамерно и те сфатив, таман работа [sm=smiley1.gif]

Ма знам дека си во право, и ти, и сите што викаат прифати ја сета помош што ти се нуди, ама во моментот ме фаќа таков склет на таа помисла што ми се чини ако дозволам некој друг да прави нешто место мене, дека ќе пропуштам нешто битно или дека нема да се доволно мои бебињата. Скроз ирационално, ама ајде де.

Не сум баш посесивна и љубоморна по карактер, и ме чуди оваа за мене, нова емоција. Сакам се да правиме јас и мм, и кога ќе чујам муабети и совети од страна во контекст на фамозната "помош", побудалувам. А сите па од страна се онакви - аааа близнаци, и двете баби ќе ти доаѓаат, ќе ти помагаат, дрн дрн, и мене косата ми се крева на глава. Од друга страна пак, не сакам да станам онаква психо посесивна мајка, не сакам да ги врзам за мене или да ги оддалечам од баби дедовци, ниту пак да направам патолошки случаи од нив. Сега за сега, на секоја помош од страна реагираме и двајцата со доза на резерва - фала, бидете на стенд бај, ако треба ќе ве викнеме. Веројатно само ќе ми се каже што и како е најдобро да се прави, и за нив, и за нас...




blue_blue -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 14:19:50)

Hopeful, се низ што поминуваш е нормално и валидно е се што зборуваш. Мое мислење е дека не си за на психолог а богами ни за јога. Колку што сфаќам пред бременоста си била многу физички активна а луѓе кои се пронаоѓаат себе во динамични физички активности најчесто полудуваат на јога зошто не им одговара на темпераментот и не сфаќаат што е бенефитот од лесни, бавни вежби и некој си таму медитации и визуелизации...Една од нив сум и јас, сум пробала, ама брате не е тоа за мене...секако ако сакаш пробај ама ми се чини дека ефектот нема да го постигнеш. Она што според мене ти треба е алатка за управување со промените кои ти се случуваат особено што не си тип што сака и прифаќа лесно промени, односно ако добро сум те уснимила од ова кратко време што виртуелно те познавам - сакаш осмислена, промаена со колку што е можно појани чекори и предвидени опции...Бременоста и раѓањето не се таков тип на промена, но има и тука работи кои можеш моѓне успешно да ги испланираш и предвидиш. Некако сум убедена дека можам да ти бидам од голема помош од две прични сум минала низ сево ова а многу си ми слична по карактер и размислување, и ова го работам секој ден - професија ми е да им помагам на луѓето да учат и доаѓаат до нови сознанија и вештини а не сум нит психолог нит психијатар. Иако не сум тип што верува во виртуелни пријателстви и во нивно материјализирање - остварување ако сакаш пиши м и приватна порака со ттвојот емаил па ќе ти пратам некои ствари и ќе ти дадам некои алатки и насоки кои верувам ќе ти бидат од помош. По мене, во моментов најважно е сега и тука да се средиш и да не бидеш „штетна“ по себе и околината...




Hopeful RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 14:41:00)

blue_blue, ќе се расплачев додека те читав. Од досегашната РР комуниникација, и јас мислам имаме сличен начин на размислување и баш добро ме опиша. Сум пробала јога, ме фаќа склет, еве во моментов слушам некои медитации на работа и не е тоа тоа. Не сум некој голем планер и организатор, не сум контрол фрик, но да, многу тешко се соочувам со промени, дури и кога јас ги правам. Бременоста, како нешто што трае долго време, сега за сега не ми е најблагопријатен период, колку и да имам грижа на совест што тоа го викам. Секако - посакувано, планирано, едвај дочекано, се во ред, бебињата ги сакам уште од сега, но не можам да се залажувам дека уживам, посебно ментално. Ти благодарам за разбирањето [sm=smiley31.gif]




gina -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 18:59:14)

Hopeful ne se nerviraj se e toa do hormonite do bremenosta
i jas samo se karam i samo placam i mene mm mi vika namerno pravis vaka sakas samo da se raspravas uzivas vo toa ili neznam sto tie kako da poluduvas i od toj zbor uste poveke se vadam od takt si vikam deka za kuso vreme ce se sredam mozebi me ubiva i monotonijata samo doma ne izleguvam se vardam od virusi i poveketo lezam pa naravno deka ce poludis ce pomine i ova neka dojde prolet pa poubavo ce se custvuvame




Malecka23 -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 19:38:26)

JAs mislam vo bremenost nekako se ni doaga oddednas posebno ako sme luge sto ne prifakame lesno promeni.Monotonijata ubiva ako mora da se lezi hormonite do plafon sekogas postoi stravot sto i kako ke bide solzite se najdobar prijatel,reakciite na lugeto od strana so solenje pamet.Koga ke se sobere se normalno e da imas promena vo raspolozenie ednostavno ko vo tvoeto telo da ima nekoj drug a ne ti.Veruvaj ot koga ke se porodis prvite 40dena ke ti bidat bas teski dodeka da fatis rutina za se a posle poleka poleka ke se olabavuvas i ke vidis deka se pominuva i se zaborava.JAs bi rekla podoro vikaj karaj se isplaci s enego da cuvas vo sebe taka polesno ke ti bide.I na kraj kraeva site razlicno reagirame vo bremenost.JAS od koga gi prekinav utrogestanot se vrativ na staro dodeka gi primav placev i za toa zasto mm ne sakase da mi ja svrti garniturata se rasplakav na gak zs ne ja najdov doktorkata se rasplakav vo sred super market.Zatoa olesni se kako tebe ti e arno[sm=smiley31.gif]




tea 88 -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 20:51:24)

Jas sum obicno mn custvitelna i ako me nervira nesto ne kutam si kazuvam sekako do granica za nekoi raboti od pocit prekutuvam ama i toa ednas dva pati posle zboruvam toa sto go mislam i sto mislam deka sum vo pravo. A sega veruvajte sum sosema normalna duri i izbegavam da se raspravam , ne se nerviram mnogu iako po cel den sum vo krevet samo wc i tolku. I pak se cudam kolku sum pribrana. Ne deka ne me nervira nesto samo vo momentot ke si recam poubavo da si bidam smirena zasto mene ke me boli glavata ako se nerviram pa ke mi bide posle krivo znam. Jas sega tolku sum preomupirana so strav za ponatam. tek na bremenosta sto drugo i ne me interesira samo da bide se vo red.




Hopeful RR -> RE: Емоции во бременоста (23.1.2015 21:14:21)

Теа88, секоја чест, стварно алал ти вера што вака трезвено размислуваш. Јас и да избегавам расправии, пак се нервирам во себе, тоа ми е проблемот. Инаку не сакам да потиснувам, пробувам да најдам начин конструктивно да си кажам што ми лежи на душа, ама понекогаш тоа изгледа многи полошо отколку што е.

Malecka23, фала ти за убавите зборови, се надевам дека ќе трае само 40 дена [sm=smiley36.gif] Инаку не лежам, одам на работа секој ден и пак не сум најнај, тек да лежев по дома ќе се мрднев уште толку. Пробувам да се дружам со луѓе колку можам повеќе, тоа помага, но сепак, понекогаш паниката е преголема.

Инаку, gina, истите зборови како на мм, не ми се верува! Стварно мисли дека уживам да се расправам и дека намерно го правам тоа, или па дека сум лоша. Неверојатно, никогаш не мислев дека хормониве вака ќе ме полудат...

Важно не сум сама во ова, добро е [sm=smiley31.gif]




gina -> RE: Емоции во бременоста (4.2.2015 18:28:21)

jas nekako nemozam da se sozemam od vcera neznam sto mi samo si placam eve i sega tesko na bebe samo mi e strav da ne mu se sluci nesto oti za gluposti si placam i se karam so mm [sm=smiley19.gif] moze li da si pijam bedoksin ne go prasav ginekologot barem malku da se smiruvam sto ce pravam vaka za se samo se nerviram i odma placam




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]