AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (4.2.2013 13:05:35)
|
Женски, еден мал апдејт на информациите. Овојпат донациите ќе бидат наменети само за дечињата со посебни потреби од Иднина. Јас исконтактирав со мојот контакт во Иднина и беа пресреќни. Ми рекоа дека имаат околу 150 дечиња на возраст од 7 до 18 години. Значи ќе треба малку да се преорганизираме околу тоа што да се носи. Јасно е дека нема да бидат потребни облеки за мали бебиња и дечиња, па доколку немате облека за оваа возраст може да донирате: - Училиштен прибор (тетратки, боички, моливи, пенкала и слично) - Средства за хигиена (шампончиња, сапуни, влажни марамчиња) - Книги или сликовници - Обувки и облека - Играчки (буквално секакви од колички до кукли, коцки, топки... листата е бесконечна) Не треба многу за да се покаже хуманоста, верувајте за само 200-300 денари може да купите мноооогу училишен прибор или средства за хигиена. Секако, ова е хуманитарна забава, па секој може да донира КОЛКУ ШТО МОЖЕ да одвои, а буквално секоја помош е добредојдена.
|
|
|
|