blue_blue -> RE: Предвреме родени деца (8.2.2012 8:57:26)
|
Leo#, детенце немам изгубено, па не ни можам да претпоставам како ти е да изгубиш две....Знам само дека колку повеќе се измачуваш со мислите зошто, како, што на мене, толку потечко ќе ти биде, а одговор нема да најдеш....На вакви прашања никогаш не успеваме да одговориме, само се измачуваме...А животот мора да продолжи понатаму и ти и маж ти сте живи, здрави, се имате еден со друг и ќе имате други деца. Во моја близина скоро имав случај на загуба на полд, мислам 6-ти месец беше жената и мажот ми рече - најважно ми е таа да е добра, неа не би можел да ја изгубам, а деца ќе имаме - млади сме...Секое е искуство е за нешто, или ко што вика Владо Јаневски - секое зло за добро е, што и да е ќе помине....Ако го прочиташ форумот за вешатчко оплодување ќе видиш дека таму пак сите го чекаат денот кога ќе видат позитивен тест и минуваат низ разни голготи - мислата кога не можеш да имаш деца ти е - само да видам позитивен тест, се друго ќе биде добро. Она што сакам да кажам е дека во живот ни се случува и лошо и добро , зошто вакви лоши работи - не знам, ама нема ни никогаш да дознаеме....Сврти се кон сопругот и кон други драги луѓе и не се имачувај што си можела да направиш - си направила се најдобро што си знаела и што си можела...А децата кои ви се вас судени ќе си дојадат. Те гушкам и ти праќам мноогуу позитивна енергија и ќе те чекаме да ни се придружиш во клубот на мамички.
|
|
|
|