AnnaMolly RR -> RE: Предвреме родени деца (7.12.2012 13:01:14)
|
Стружанка, од прееска читам и не можам да најдам зборови кои барем малку ќе те утешат. Не можам ни да замислам како се чувствуваш, но се надевам дека ќе најдеш сила да го поминеш овој ужасен период. Убаво рече Беатрис, секое лошо за добро е. Ќе си дочекате и вие здраво и право бебенце кое ќе ви ја донесе најголемата радост во животот, само бидете силни ти и сите околу тебе. Плачи, тажи и справи си се со болката, тој период мора да помине. [sm=smiley19.gif] Само да знаеш дека ние сме секогаш и во секое време тука да си дадеме поддршка, пријателките не се само за добро, туку и за лошо. Ти ја испраќам цела моја сила и надеж, те молам ако ти треба некој да си ја искажеш болката и да си најдеш утеха, обрати ни се тука на нас.
|
|
|
|