mamicki -> RE: Киселини во бременоста (12.2.2011 21:38:19)
|
Минатата есен лекував тешко акутно воспаление на желудник, три гастроскопии направив за два месеца, мислеа, не дај Боже, дека е најлошото... а оваа есен останав бремена. Не знам што ми се случува, ама јас се убивам од јадење лук, во цел живот толку лук не сум изела како последниве седмици, и многу ми годи, речиси ништо друго не ми е така вкусно како макало од лук, и, за чудо, тоа ми го смирува желудникот, па ретко кога сум имала по малку киселини. Сепак, не смеам ниту да помислам да јадам било какво тесто, а кафето уште лани го заменив со цикорија. Искрено, мислам дека најголемиот проблем ми беше токму лошата навика да не јадам ништо до попладне и да се налевам со тони кафе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|