RE: Киселини во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


nataly86 -> RE: Киселини во бременоста (19.11.2014 15:18:37)

Девојки како што можете да прочитате погоре јас страдав цела бременост од киселини, пробав СЕ...од нешто имав ефект но краткотраен, јас имав дури и намален апетит од киселини а и повраќав...Знам дека не звучам добро и оптимистички но кај мене тоа беше реалност..научив тие 8 месеци да живеам со киселини...

Е сега како изчезнаа????? Кратко и јасно се породив [sm=smiley36.gif] значи пред порогај повратив и се качив на бокс тоа е беше [sm=smiley36.gif] по 3 часа од порогај ми се јадеше и можев да изедам се[sm=smiley36.gif]

Побувајте со рупурут, сода, бадеми непечени, ладно млеко, вода, јаболко, солени крекери....




Ki4iko -> RE: Киселини во бременоста (19.11.2014 19:20:49)

Јас и не знам да кажам како ми запираат киселините. еден ден имам,па се случува со денови никаква мака да немам, не знам да објаснам,ама си велам со тоа што бебето го носам многу ниско,па не ме потиска многу на желудник [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Киселини во бременоста (20.11.2014 15:24:39)

Јас после јадење кифли, банички, било што со бело брашно имам многу грозен вкус во устата. Не се толку јаки киселини, да ме гори, но грозно е чувството. И лекот си го знам, ама нема секогаш избор.




caciana -> RE: Киселини во бременоста (2.12.2014 11:02:38)

Trudnici izbegnuvajte slatki raboti I testenini.Tie najmnogu sozdavaat kiselini.Mnogu pomaga protiv kiselini I macnini jatkite,a moze da se napiete I mineralna voda(medium,slabo gazirana)




Ki4iko -> RE: Киселини во бременоста (2.12.2014 19:32:32)

Не знам навистина, вопрвата бременост ги имав многу киселини,а сега и не толку често.јас препишувам на малите оброци ,мислам дека заради тоа немам киселини [sm=smiley1.gif]




sonc90 -> RE: Киселини во бременоста (10.1.2015 16:43:05)

mene vo bremenosta mi pomagase koka kola i obavezno posle vecerata balans+ jogurt od pola litro...posto vecerata e neli posleden obrok zatoa i po nea piev jogurt...taka nemav mn kiselini a i koga ke se pojavea ko sto rekov ke se napiev koka kola i ke se iznazdrigav i gotovo [sm=smiley1.gif]




tasana -> RE: Киселини во бременоста (5.2.2015 15:03:46)

Здраво мамички, нова сум на форумот, во 6 недела од бременост сум, имам ужасни болки во желудникот.Бев на лекар ми даде Рупурут по 2 пати на ден, но не осеќам никакво подорбрување, што ли не испробав веќе плс за помош не се издржуваат киселините :(
(да напоменам дека и пред да останам бремена си имав проблеми со желудникот, ја имам бакетеријата хеликобактери )




lukajana RR -> RE: Киселини во бременоста (5.2.2015 17:35:51)

Не знам мила што можеш друго од лекови мислам дека ранитидин не смееш само да внесуваш помалку храна повеќе пати и да избегнуваш тешка храна зашто тебе киселините мислам дека не ти се од бременоста уште е рано за тие киселини ова е сепак поврзано со бактеријата,сигурно претходно си пиела нешто за желудник ,пробај со советите од темава или консултирај се со лекар мора да има некој начин да си ја олесниш состојбата.Јас малку лаички ама незнам се лечи ли некако оваа бактерија со лекови или со чаеви?позз




Hopeful RR -> RE: Киселини во бременоста (5.2.2015 21:57:25)

tasana, јас имав со години хеликобактер и што се не пиев - тројна терапија неколку пати, други лекови, џабе. Се смирува привремено, но пак се јавува. Го средив со храна, и еве сега, имам само обични киселини како heartburn, какви што се нормални за бременост.

Треба да почнеш да јадеш многу свежо овошје и зеленчук, да гледаш да ти биде тоа 70% од исхраната. Сабајле, цеден лимон со млака вода на гладно, и после тоа само свежо овошје и 2л вода до ручек, ништо друго. Ако пиеш кафе или чај, без шеќер и без млеко. За ручек, гледај да јадеш еден тип храна со свежа салата само од зеленчук - на пр. риба и салата, јајца и салата, компири и салата, боранија и салата... Кога готвиш, никако похувано или пржено, туку само варено или печено. Исклучи млечни производи и ако правиш месо или тестенини со сос, нека биде тоа само сос од зеленчук, без хопли, бешамели и слично. Во манџи никако запршка од брашно. За вечера нешто скроз лесно - печена тиква, свежа салата, супа од зеленчук (домашна, не купечка), печени костени, такво нешто. И многу битно - немој да пиеш готови сокови, купечки, и никако газирани пијалаци.

Ова мене многу ми помогна, и на многу други луѓе, така што сигурна сум дека ќе ти помогне и тебе. Делува тешко, но не е - после недела две, ќе се навикнеш и одма ќе осетиш разлика.

Се надевам ќе ти помогне ова и за што било друго, пиши ми [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]