rina13 -> RE: Кариера vs мајчинство (12.12.2013 9:02:46)
|
Зарем не е тоа идеал за секоја мајка? Сите напорни работи кои ги бара домот и детето да има која да ги обави а вие само да уживате во вашите заеднички моменти. Таа има право да го носи каде сака своето дете не битно дали на работа, состаноци, фризер, козметичари сето тоа светот и тимот околу неа ќе го возвишува и ќе му аплаудира, додека ако вие го однесете на овие места вашето дете или ќе добиете одказ или ќе ви превртуваат сите очи како ете место да седи дома да чува дете го мкне го малтретира. За жал капиталистичкиот начин на живот многу лошо ја третира мајката и просечната жена. Можам дури и да направам паралела да ја сврстам во категорија модерен роб. Ај што породилното газдите го сметаат како премија или како одмор кој тие ви го пружиле туку и секоја подоцна нужна обврска околу детето која ќе бара ваше одсуство од работнот моето ќе ви излезе низ нос. На модерната вработена мајка 10000000 пати и е нагласено дека мајчинството не може да и биде изговор. На крајот кога по медиумите ќе ве замајуваат со среќни мајки кои се мултипрактик, кои држат ''опасни'' високо одговорни позиции и функции , работат 24/7 и се успешни мајки кои целото свое слободно време(читај непостоечко) му го посветувале на детето и домот искрено ме вади од такт.[sm=smiley7.gif] Знаете медиумите се обидуваат да создадат замена за реалноста да манипулираат со примачот на информацијата, креираат слики за жени на кои сите ќе им се восхитуваме сите ќе сакаме да бидеме како нив. Да се идентификуваме и споредуваме со нив, да си викаме ете таа може можам и јас. Реалноста девојки е сурова, секој час плус кариера значи минус час од мајчинството нема друга опција. Седењето дома и комплетното посветување на децата не е секако нешто кое го посакуваат сите жени, секоја рационална единка сака да заработи да биде продуктивна, да му пружи лагодност на своето дете. Може да се каже дека успешноста лежи во пронаоѓање на балансот да се најдете себе си во онаа точка кога ќе бидете среќна со својата кариера, соодветно ќе бидете платени и ќе имате доволно време да се видите и да го одгледате вие своето дете, не дадилки, не баби. За жал многу ретко некоја жена во нашава околина била во можност да избира и да го дозира обврските, а при тоа во сите тие трчања да најде простор за себе, зашто апсолутно не значи дека моментот кога една жена ќе се вработи и ќе стане мајка треба да престане да живее за себе. Ако вие си дадете себе право да си угодите или некогаш да ги ставите своите интереси на прво место тоа не ве прави себична ве прави човек кој посакува да ужива во животот. На Балканов малограѓанштината е на прво место по трачарење за мајки кои се грижат за себе, па ги сврстуваат во расипикуќи кои не водат грижа за деца и куќа. Затоа и порди овој факт многу жени се форсираат се тераат себе да работат нешто што ниту сакаат да го прават ниту е нивен избор, осудата од околината кај нас е сеуште многу битна работа за луѓето. Така да ние до утре можеме да си коментираме да се посочуваме како примери ете јас правам и двете се постигнувам а вистината е дека се е под притисок никоја со чест на ретки исклучоци немала одврзани раце да одбере колку ќе работи а колку време ќе гледа дете.
|
|
|
|